Нема кој да одговара за хаваријата со хируршките сали – ни еден директор не понудил оставка


Министерот за здравство, Илир Демири, информираше дека досега никој не поднел оставка за крахот што се случи во здравствениот систем по проблемот со компресорските станици поради кој хируршките сали на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје не работат повеќе од една недела. Во одговор на новинарски прашања по денешната прес-конференција, Демири изјави дека компресорските станици …

Нема кој да одговара за хаваријата со хируршките сали – ни еден директор не понудил оставка Read More »

Клинички ќе користи надворешни компресори додека не се отстрани миризбата од хируршките сали


  Министерот за здравство, Илир Демири, денеска на прес-конференција изјави дека хируршките сали на Клинички центар се стари околу 30 години и дека ќе користат надворешни компресори додека не добијат валиден документ за исправност. „Салите во Клинички се градени пред 30 години и инсталацијата за снабдување со кислород е  стара 30 години. Пред еден месец …

Клинички ќе користи надворешни компресори додека не се отстрани миризбата од хируршките сали Read More »

Поевтинуваат бензините, дизелот поскапува


Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,16 % во однос на одлуката од 20.5.2024 година. Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната …

Поевтинуваат бензините, дизелот поскапува Read More »

Со хеликоптер транспортирано болно дете од Охрид до Истанбул


Центарот за управување со кризи (ЦУК) соопшти дека утрово е реализиран хеликоптерски транспорт на осумгодишно дете до болницата „Медицински парк“ во Истанбул, Турција, заради хируршки зафат (операција) на ‘рбетниот столб. Транспортот е спроведен со хеликоптер на МВР кој поседува преносна медицинска опрема, а детето е веќе сместено во Медицинскиот центар во Истанбул и за кратко …

Со хеликоптер транспортирано болно дете од Охрид до Истанбул Read More »

Разрешен е директорот на Кардиохирургија: Пациенти прегледувани без да ги има во системот


  Разрешен е медицинскиот директор од Клиниката за кардиохирургија, Марјан Шокаровски. Министерот за здравство, Илир Демири, кажа дека преку ред биле пуштани лица во Клиниката, а не биле внесувани во системите. Според него, во клиниката и натаму има нарушени меѓучовечки односи. „170 лица не биле внесени во ‘Мој термин’. Денеска одлучив да го суспендирам медицинскиот …

Разрешен е директорот на Кардиохирургија: Пациенти прегледувани без да ги има во системот Read More »

Демири ги поучи новинарите со кои теми треба да се занимаваат во здравството


Здравствениот систем е поставен на криви нозе, смета актуелниот министер за здравство Илир Демири, а ги поучи новинарите да не се занимаваат со цевки од парно, туку со незавршените објекти, да не се занимаваат со 18 луѓе кои останале без леб, затоа што не им се продолжени договорите, туку со тоа кој ги оставил без …

Демири ги поучи новинарите со кои теми треба да се занимаваат во здравството Read More »

Исчистена депонија од паркингот на гробиштата „Бутел“


Екипите на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје денеска реализираа активности за отстранување обемна дива депонија лоцирана на паркингот на градските гробишта „Бутел“, во непосредна близина на последната постројка на автобусот „59“. Во рамките на активностите се подигнати и транспортирани приближно 80 кубни метри претежно кабаст и мешан комунален отпад. Воедно, спроведено е рачно и машинско метење, како …

Исчистена депонија од паркингот на гробиштата „Бутел“ Read More »

Паркинг услугите на ЈП ПОЦ достапни и за корисниците на операторот МТЕЛ


Општина Центар ги известува корисниците на мобилниот оператор МТЕЛ дека паркинг услугите на општинското претпријатие ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ за брзо време ќе бидат достапни и за нив. Директорот на ЈП ПОЦ Душко Коцевски минатата недела потпиша договор со Марко Лопичиќ, директор на телекомуникациската компанија МТЕЛ преку кој ќе се овозможи наплата на паркинг услугите со СМС пораки …

Паркинг услугите на ЈП ПОЦ достапни и за корисниците на операторот МТЕЛ Read More »

Во Белград до смрт претепан братот на потпретседателот на Владата на БиХ


По тепачка во детски парк во Вождовац, почина маж Ѓ.М.(40), за кој српските медиуми јавуваат дека е брат на потпретседателот на Владата на федерацијата Босна и Херцеговина, Војин Мијатовиќ. Како што пренесуваат медиумите, синот на Ѓ.М. вчера се пожалил дека неколкумина млади го малтретирале во паркот. Несреќниот татко отишол кај нив, но бидејќи долго време …

Во Белград до смрт претепан братот на потпретседателот на Владата на БиХ Read More »

Министрите за надворешни работи на ЕУ усвоија нов режим на санкции против Русија


Министрите за надворешни работи на ЕУ денеска усвоија нов режим на санкции за казнување на сериозните прекршувања на човековите права во Русија, потврдија повеќе дипломати за ДПА. Новиот систем на санкции беше воспоставен по смртта на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални и цели кон поединци и организации одговорни за репресијата на опозицијата. Режимот на санкции …

Министрите за надворешни работи на ЕУ усвоија нов режим на санкции против Русија Read More »

Во Кривичен продолжи судењето за Жан Митрев


Со испитување на сведок на предлог на Јавното обвинителство во Основен Кривичен суд Скопје денеска продолжи судењето за Жан Митрев. Предметот се однесува на измама, односно, како што соопшти своевремено ЈО, прикривање на клучни факти во однос на хемофилтрацијата, метод за кој пациентите не биле јасно информирани за сите негови позитивни и негативни ефекти, со …

Во Кривичен продолжи судењето за Жан Митрев Read More »

Повредени две лица во сообраќајка на експресниот пат Штип-Кочани


Тешко повреден е 42-годишниот работник И.К од Штип, кој ја косел тревата покрај коловозот на експресниот пат Штип-Кочани. Тој утрово бил удрен од возило марка „сеат леон“ управувано од 43-годишен возач С.М. од Пробиштип, по што со возилото се превртел. Двете лица се пренесени во Клиничка болница-Штип. Несреќата се случила на неколку километри на клучката …

Повредени две лица во сообраќајка на експресниот пат Штип-Кочани Read More »

Ангеловска-Бежоска: И покрај шоковите, стабилноста на домашната валута зачувана


 На покана на Централната банка на Исланд и престижниот американски универзитет „Нортвестерн“, гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска учествуваше на конференцијата „Макроекономската стабилност на малите и отворени економии – предизвици и лекции“, којашто се одржа во Рејкјавик, Исланд. Како што информира Народната банка, Ангеловска-Бежоска беше поканета да го сподели искуството за успешното задржување на стабилноста на девизниот курс …

Ангеловска-Бежоска: И покрај шоковите, стабилноста на домашната валута зачувана Read More »

Во Ереван приведени над 130 демонстранти


Ерменската полиција вчера приведе 137 демонстранти во Ереван, кои ги блокираа улиците на главниот град, барајќи оставка од премиерот Никол Пашинјан. Во Ереван од април секоја недела се одржуваат протести со барање за оставка на Пашинјан. Протестите се предводени од надбискупот Баграт Галстанјан, а почнаа поради тоа што Пашинјан отстапи четири населени села на Азербејџан. 

Уапсен турски државјанин за подметнати пожари во Атина


За пожари на брдо во атинска населба, уапсен бил турски државјанин, кој го признал делото, а денеска ќе биде изведен пред јавен обвинител, јави дописничката на МИА од Атина. Министерот за климатски кризи и цивилна заштита на Грција Василис Кикиљас преку платформата Икс соопшти дека на конкретното брдо во текот на месецов имало три пожари, …

Уапсен турски државјанин за подметнати пожари во Атина Read More »

Извршен увид по пукањето на булеварот „Никола Карев“


Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје, заедно со увидни екипи од МВР, во текот на ноќта извршиле увид на булеварот „Никола Карев“ каде со пукање од огнено оружје беше убиено едно лице, а две беа повредени. Како што информира денеска Јавното обвинителство, издадени се наредби за вештачење на трагите прибирани од местото, а …

Извршен увид по пукањето на булеварот „Никола Карев“ Read More »

Истражување: Нелегалните дроги и проституцијата генерираа 4,5 милијарди евра за холандската економија во 2021 година


Шверцот со дрога, илегалната проституција и шверцот со тутун генерирале околу 17 милијарди евра во Холандија во 2021 година, но најголемиот дел од приходите течеле во странство, според новото истражување на холандскиот Национален завод за статистика. Вкупно, незаконските активности генерираат 4,5 милијарди евра за холандската економија во 2021 година, соопшти канцеларијата. Најголеми приходи донесе кокаинот, …

Истражување: Нелегалните дроги и проституцијата генерираа 4,5 милијарди евра за холандската економија во 2021 година Read More »

Во Шведска има многу малку смртни случаи на патиштата. Револуцијата започна со страшна несреќа во 1995 година


Пред речиси 30 години, револуционерна идеја го смени погледот на Европа на сообраќајните несреќи. Веројатно спаси безброј животи, но политичарите допрва треба целосно да го прифатат. Во 1995 година се случи тешка несреќа на автопатот Е4 во близина на Стокхолм, Шведска. Пет млади луѓе се движеле со автомобил кога возилото се превртело во близина на …

Во Шведска има многу малку смртни случаи на патиштата. Револуцијата започна со страшна несреќа во 1995 година Read More »

Наскоро ќе гледаме ретко порамнување на шест планети. Што значи тоа?


Вљубениците во ѕвезденото небо ги чека вистинско уживање за околу една недела – порамнување на дури шест планети. Порамнувањето или спојувањето на небесните тела ја опишува нивната очигледна близина кога тие изгледаат, ако се гледаат од Земјата, дека се блиску едно до друго. Имено, на 3 и 4 јуни на небото во права линија ќе …

Наскоро ќе гледаме ретко порамнување на шест планети. Што значи тоа? Read More »