Разрешен е директорот на Кардиохирургија: Пациенти прегледувани без да ги има во системот

Министерот за здравство, Илир Демири, вели дека во клиниката биле целосно нарушени меѓучовечките односи


Фото: Б. Грданоски

 

Разрешен е медицинскиот директор од Клиниката за кардиохирургија, Марјан Шокаровски. Министерот за здравство, Илир Демири, кажа дека преку ред биле пуштани лица во Клиниката, а не биле внесувани во системите. Според него, во клиниката и натаму има нарушени меѓучовечки односи.

„170 лица не биле внесени во ‘Мој термин’. Денеска одлучив да го суспендирам медицинскиот директор Шукаровски. Крајно нарушените меѓучовечки односи е втората причина за ваквата одлука. Бидејќи сум министер во заминување сакав ова да го одложам, за наредниот министер. Таму директор треба да биде експерт од надвор“, рече Демири.
 
Шокаровски е супспецијалист по кардиохирургија, завршен во Универзитетскиот клинички болнички центар во Загребсо повеќегодишно хируршко и академско искуство во оваа област, раководител е на оперативниот блок, ангажиран е и како асистент на Медицинскиот факултет воСкопје. Тој е дел од тимот на досега извршените трансплантации на срце во нашата држава, вклучен и во иновативните хируршки интервенции на срце со минимален инвазивен пристап. Исто така се едуцирал во повеќе земји, како Германија, Австрија, Англија, Франција, Бугарија, Србија и присустувал на голем број меѓународни конгреси, се наведува во соопштението од Министерството за здравство.
 
Доктор Шокаровски дојде на местото на кардиохирургот Јовев.