Демири ги поучи новинарите со кои теми треба да се занимаваат во здравството


Фото: Б. Грданоски

Здравствениот систем е поставен на криви нозе, смета актуелниот министер за здравство Илир Демири, а ги поучи новинарите да не се занимаваат со цевки од парно, туку со незавршените објекти, да не се занимаваат со 18 луѓе кои останале без леб, затоа што не им се продолжени договорите, туку со тоа кој ги оставил без леб.

Министерот Демири, на прес-конференција свикана да објасни што се случува во Хируршката клиника, каде не работат хируршките сали, поради необјаснив мирис во нив, со што се оптоварени другите хируршки центри низ Скопје, а откажани се бројни операции.

– Вие сте се фатиле околу Бесије организациониот директор на Токсикологија, која не ги вработила тие 18 луѓе. Тие работеле 12 месеци, каде бевте вие да прашате за одговорност…
Бесије кога ќе го прекрши Законот, или Шукароски или Александра, како и да се вика, јас ќе го разрешам. А каде е ДСЗИ да реагира дека не земале плата пет месеци, а каде е ДСЗИ да провери што се случува во хируршките сали, и место прво информациите да стигнат до медиумските куќи, место до мене. Кај бевте да прашате зошто се вложува во непродуктивни работи, место во санација на компресорскиот систем во Клинички, стерилизацијата и друго – рече Демири.

Новинарите не ги сензибилизираат прашањата.

Демири постави новинарски прашања, со кои смета дека новинарите не се занимаваат, па наброја изградба на клинички блок во „Мајка Тереза“ почнато во 2019 со рок 45 месеци, потоа клиничката болница Штип, болницата во Кичево, „Свети Еразмо“, „Св. Наум Охридски“, од 2016 година, не е почнато, не е изведено. До каде се овие постапки? Изведба во Струмица, со донација од ХОП проектот, па не можеле да инсталираат, и ги преместиле во Болница. Модуларните болници требало да се изградат десет, изградени се три, а останатите седум ги нема.

Иако новинарите реагираа дека се правеле прилози и текстови, работите тешко се менуваат.