Избрана новата Влада чиј претседател е Христијан Мицкоски


Собранието вечерва со 77 гласа „за“ и 22 гласа „против“ ја избра новата Влада чиј претседател е Христијан Мицкоски. Владината коалиција ја сочинуваат ВМРО-ДПМНЕ, партиите од коалицијата Вреди и ЗНАМ. Против Владата гласаа пратениците од СДСМ и Левица, а Европскит фронт ја напушти седницата кратко пред нејзиното завршување. По гласањето премиерот Мицкоски и новите министри …

Избрана новата Влада чиј претседател е Христијан Мицкоски Read More »

Европски фронт нема да гласа за новата Влада, пратениците ја напуштија седницата


 Европскиот фронт вечерва ја напушти собраниската седница на која се дебатира за изборот на нова влада. Блерим Беџети, координаторот на пратеничката група рече дека нема да гласаат за новата влада бидејќи таа „нема легитимност од етничките заедници“.  -Ние не сме дел од овој циркус. Ве информираме дека нема да учествуваме на гласање бидејќи немаме право …

Европски фронт нема да гласа за новата Влада, пратениците ја напуштија седницата Read More »

Се извлекува семејство заглавено во поплавена куќа во Сиричино


По големото невреме проследено со дожд и град, тетовци почнаа да ги санираат последиците. Центарот за управување со кризи информира дека во поплавена куќа во општина Јегуновце во с. Сиричино има заглавено семејство. Тетовската ТППЕ работи на нивно извлекување. И овој пат, како и досега најмногу штета претрпеа, куќите кај тетовската касарна и текстилното училиште, …

Се извлекува семејство заглавено во поплавена куќа во Сиричино Read More »

Поради обилни врнежи и блокирани патишта, сообраќајот од Велес и од Куманово кон Скопје се пренасочува од Хиподром кон обиколницата


 Сообраќајот од правец од Велес кон Скопје и од правец од Куманово кон Скопје се пренасочува од Хиподром кон обиколницата поради обилни врнежи и блокирани сообраќајници, информираат од АМСМ. Оттаму додаваат дека регионалниот пат од село Желино кон село Сиричино е блокиран во двата правци поради надојдена вода од невремето.

Паднати лимови и дрвја кај хотел „Русија“


Од невремето во Скопје, има паднат лимени огради на коловозот на потегот кај хотел „Русија“ до хотел „Хилтон“, во Аеродром. Паднати дрвја, покриви и огради на повеќе места го оневозможуваат сообраќајот во главниот град.  Некои улици се поплавени, па возилата едвај се движат.  Се повикува на внимателност при возењето, а ако нема потреба да не …

Паднати лимови и дрвја кај хотел „Русија“ Read More »

Одрони и помали свлечишта од наплатна станица Глумово до Карпалак и Групчин


Поради обилни врнежи од дожд проследени со град што ги зафатија скопскиот, тетовскиот и гостиварскиот регион на патниот правец Скопје – Тетово – Гостивар наместа има одрони и помали свлечишта и тоа посебно од наплатна станица Глумово до Карпалак и Групчин, соопшти ЈП Македонијапат. Кај наплатна станица Желино поради големи колчини на вода на самата …

Одрони и помали свлечишта од наплатна станица Глумово до Карпалак и Групчин Read More »

Титовиот мост за Крк е ремек-дело за изградба на мостови – Кинезите доаѓале да учат


Крк, најнаселениот хрватски остров и Јадранската ривиера за Загреб и северозападна Хрватска, е поврзан со копното речиси половина век со својот познат мост, еден од најдолгите заоблени армирано-бетонски мостови во светот. Од отворањето на мостот во 1980 година, бројот на жителите на Крк е зголемен, како и бројот на викендици од континентална Хрватска, првенствено Загреб …

Титовиот мост за Крк е ремек-дело за изградба на мостови – Кинезите доаѓале да учат Read More »

Дел од ограда и рекламно пано паднале врз возила во движење во Автокоманда (видео)


Дел од оградата заедно со рекламно пано од железничкиот мост во Автокоманда паднале врз две возила во движење, информираат од Центарот за упревување со кризи. Нема имформации за повредени лица, соопшти ЦУК. По невремето кое вечерва го зафати Скопје, има бројни пријави за паднати дрвја, поклопени автомобили, одвеани покриви… – Од невремето кое вечерва го …

Дел од ограда и рекламно пано паднале врз возила во движење во Автокоманда (видео) Read More »

ЦУК: На 112 има повеќе од 200 пријави на штети од невремето во Тетово


Повеќе од 200 пријави за штети има по невремето што попладнево го зафати Тетово, а на автопатот Тетово-Скопје има пријави за шкршени шофершајбни. Како што информира Центарот за управување со кризи  пријавени се штети на возила вклучително и на скршени ветеобрански стакла на возила во движење на автопатот Скопје – Тетово особено во делот на …

ЦУК: На 112 има повеќе од 200 пријави на штети од невремето во Тетово Read More »

Тетово погодено од невреме – се бара да се исклучи струјата во градот (видео)


Попладнево, Тетово беше погодено од невреме со силен дожд и град. Поплавени се повеќе подрумски простории каде интервенираат пожарникарите. Се очекува во следниот период граѓаните да пријават штети. – Командирот на ТППЕ Тетово бара да биде исклучена струјата во цело Тетово бидејки според него ризикот од струен удар по граѓаните и пожарникарите е многу висок …

Тетово погодено од невреме – се бара да се исклучи струјата во градот (видео) Read More »

УЕФА го суспендира Даку два натпревара


 Албанскиот репрезентативец Мирлинд Даку е дисквалификуван два натпревари на Евро 2024, објави сајтот на Албанската фудбалска федерација. По натпреварот против хрватската репрезентација (2:2) во второто коло на групниот турнир на Евро 2024, Даку започна со навредливо скандирање (псовки) насочено кон Србите и Македонците.  Дваесет и шестгодишниот напаѓач нема да игра против Шпанија во третото коло …

УЕФА го суспендира Даку два натпревара Read More »

МНР: Сите наши државјани да го напуштат Либан, постои можност за натамошно влошување на ситуацијата


 Министерството за надворешни работи ги повикува сите наши државјани кои се наоѓаат во Либан, во првата можна прилика да ја напуштат оваа држава поради влошенета безбедносна ситуација. МНР воедно апелира, да се одложат сите патувања кон Либан кои не се неопходни. -Постои можност за натамошно влошување на ситуацијата, а со тоа и намалени можности за …

МНР: Сите наши државјани да го напуштат Либан, постои можност за натамошно влошување на ситуацијата Read More »

Почина поранешниот пратеник Миле Андонов, паднал од покрив на викендица


Поранешениот пратеник од редовите на СДСМ, Миле Андонов, починал по пад од покрив на неговата викендица на Осоговските Планини. – Во 18 часот од итната медицинска помош било пријавено дека на планината Осогово М.А. роден 1962 година од кочани додека работел на кровот од викендицата, паднал и починал на лице место. Од страна на итната …

Почина поранешниот пратеник Миле Андонов, паднал од покрив на викендица Read More »

Жештината стана неподнослива, како ефикасно да се користи клима уредот во возилото?


Топлотниот бран кој ги погоди нашите краишта нè принуди поинтензивно да ја користиме климата во возилата. Ефикасното користење на климатизацијата во автомобилот помага да се одржи удобно ладена кабина, помала потрошувачка на гориво и на крајот обезбедува подолг работен век на самиот систем. Кога ќе влезете во прегреан автомобил, пред да го притиснете копчето за …

Жештината стана неподнослива, како ефикасно да се користи клима уредот во возилото? Read More »

Утре истекува рокот за регистрација за изборите за претседател на СДСМ


Утре истекува рокот за активна регистрација на членовите на СДСМ за гласање на вонредните внатрепартиски избори за партиски лидер, што ќе се одржат на 30 јуни. За нов лидер на СДСМ се кандидираа Славјанка Петровска, Јован Деспотовски, Венко Филипче и Александар Бајдевски. Изборите ќе ги спроведе Централна изборна комисија заедно со 80 општински изборни комисии …

Утре истекува рокот за регистрација за изборите за претседател на СДСМ Read More »

Македонските кадетки петти на Балканијадата во одбојка


Македонската женска одбојкарска репрезентацина го освои петтото место на Балканско првенство за играчи до 18 години. Македонките денес во мечот за петтата позиција ја совлада соодветната селекција на Црна Гораo 3:2. „Црвено-жолтите“ Балканијадата ја завршуваат со две победи (Црна Гора и Албанија) и два пораз (Романија и Бугарија).

Министерството за одбрана на Словачка поднесе кривична пријава против поранешниот премиер и министер за донацијата на авионите во Украина


Словачкото Министерство за одбрана поднесе кривична пријава против поранешниот премиер Едуард Хегер и неговиот министер за одбрана Јарослав Над поради донирање борбени авиони за Украина, изјави во петокот Игор Мелихер, државен секретар во словачкото Министерство за одбрана (СМО). Во пролетта 2023 година, Словачка ја донираше целата своја флота борбени авиони МиГ-29 од советската ера и …

Министерството за одбрана на Словачка поднесе кривична пријава против поранешниот премиер и министер за донацијата на авионите во Украина Read More »

Со комичен автогол почна поразот на Турција – Португалците заслужено први


Репрезентацијата на Португалија ја совлада Турција со 0:3 во натпреварот од второто коло од групата Ф на Европското првенство. За Португалија погодија Бруно Фернандеш и Бернардо Силва, а автогол си постигна Самет Акајдин. Со овие три бода Португалија го обезбеди првото место во групата пред крајот на колото. Во последното коло ќе играат против Грузија. …

Со комичен автогол почна поразот на Турција – Португалците заслужено први Read More »

Градоначалникот Ѓорѓиевски разговараше телефонски со 50 жители на Кисела Вода


Градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски денот го поминал во својот кабинет каде телефонски разговарал со повеќе од 50 граѓани за нивните проблеми, потреби и идеи Информираше дека барањата се евидентирани и веднаш ќе се пристапи кон решавање, а сите останати граѓани кои се соочуваат со некаов проблем, можат да се јават на 02/2785400 и …

Градоначалникот Ѓорѓиевски разговараше телефонски со 50 жители на Кисела Вода Read More »