Со МО до изборот на нов министер ќе раководи заменик министерот Јајага


 Министерството за одбрана денеска информира дека со верификација на пратеничкиот мандат на 28 јуни, на  министерката за одбрана Славјанка Петровска и заврши функцијата. До изборот на нов министер, наведуваат во соопштението, со Министерството за одбрана во полн капацитет ќе раководи заменик министерот Тирон Јајага. 

ДИЦ денеска ќе одлучува во врска со споделувањето на тестот од државната матура


Државниот испитен центар (ДИЦ) денеска на стручен колегиум ќе одлучува за начинот на постапување на оценувачите во врска со преписот што се случи во саботата, на полагањето на испитот по мајчин јазик – првиот од двата екстерни испита на државата матура, изјави за МИА директорката на ДИЦ,  Билјана Михајловска. Одлуката би била позната во текот …

ДИЦ денеска ќе одлучува во врска со споделувањето на тестот од државната матура Read More »

Поради уличен дефект без вода дел од Скопје Север и Кисела Вода


Поради уличен дефект ф 80мм, без вода од 09:30 часот се корисниците на улица „Босна Херцеговина“ во Скопје Север и на улица „Антон Попов“ во Кисела Вода соопшти ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје. Водоснабдувањето ќе биде прекинато до санакција на дефектите.

Во село со 46 жители во Италија се одржуваат локални избори со 30 кандидати на листата


Селото Ингрија кај Торино чека локални избори за да се избере нова власт, но се случи неверојатна ситуација кога речиси две третини од селото на некој начин се кандидираа за функцијата. Ингрија има 46 жители, а уште 26 ќе гласаат од дијаспората. Се очекуваше лесна победа за градоначалникот Игор Де Сантис, како и во претходните …

Во село со 46 жители во Италија се одржуваат локални избори со 30 кандидати на листата Read More »

Катастрофална храна во хрватските продавници: „Европски контејнер за третокласна стока“


Во петокот и саботата, тајни купувачи посетија 22 продавници и месарници во Загреб и неговата околина, каде што купуваа разни стоки, како што се овошје и зеленчук, како и месни производи. Во неделата објавија дека резултатите од квалитетот се „катастрофални“ и дека Хрватска станува „европски контејнер за стоки од трета класа“. Активистите на Граѓанската иницијатива …

Катастрофална храна во хрватските продавници: „Европски контејнер за третокласна стока“ Read More »

Возот од Велес утрово не тргна за Скопје


Утрово голем број патници кои од Велес со воз патуваат до Скопје останаа без превоз. Возот што тргнува од Скопје за Гевгелија и обратно, а по возен ред од Железничката станица во Скопје поаѓа  во 16,55 часот синоќа по тргнувањето се расипал. Поради тоа утрово истиот воз во 4.40 часот не тргна од станицата во Гевгелија, …

Возот од Велес утрово не тргна за Скопје Read More »

Капацитетите на енергијата од ветар и сонце во ЕУ се зголемија за две третини од 2019 година


Според анализата на енергетскиот тинк-тенк Ember, капацитетот на ветерната и сончевата енергија во Европската унија порасна за 65 отсто од 2019 до 2023 година, а најголем придонес има Германија. Во извештајот објавен во понеделникот се вели дека Германија учествувала со 22 отсто од зголемувањето, а по неа е Шпанија со 13 отсто. Повеќе од половина …

Капацитетите на енергијата од ветар и сонце во ЕУ се зголемија за две третини од 2019 година Read More »

Си пукале од викендица во Смојмирово


Во петокот, полициски службеници ги лишиле од слобода Т.П.(31) од с.Смојмирово, беровско, М.Д.(25) и А.З.(25), и двајцата од Берово, по претходна пријава дека од викенд куќа на место викано „Тоскова ливада“, пукале со огнено оружје. Извршен бил увид на местото на настанот при што биле пронајдени и одземени сигнален пиштол „екол специјал 99“ калибар 9мм …

Си пукале од викендица во Смојмирово Read More »

Од 1 јуни Германија го олесни влезот за работници и од Македонија


Во Германија денеска стапија во сила новите правила во врска со визите за квалификувани работници од земји надвор од Европската унија, кои овозможуваат влез во земјата и барање работа до една година, под услов да се исполнат одредени критериуми. Друг елемент од правилата што ќе стапат во сила од денеска во Германија е проширувањето на …

Од 1 јуни Германија го олесни влезот за работници и од Македонија Read More »

Италија не и’ дозволува на Украина да го користи нивното оружје на руска територија


Италијанскиот министер за надворешни работи Антонио Тајани изјави дека Украина нема дозвола од Италија да користи оружје доставено од таа земја за цели на територијата на Руската Федерација, туку може да го користи само „за да го одбие рускиот напредок и да ја гарантира слободата на земјата“. Тајани рече дека Италија отфрла војна и дека …

Италија не и’ дозволува на Украина да го користи нивното оружје на руска територија Read More »

Телескопот „Џејмс Веб’ ја откри најоддалечената галаксија, таа е посветла од очекуваното


Телескопот „Џејмс Веб“ успеа да ја фотографира најдалечната позната галаксија. Галаксијата наречена JADES-GS-z14-0 е откриена само 290 милиони години по големата експлозија, во зората на универзумот. Претходниот рекорд на телескопот беше галаксија видена 325 милиони години по големата експлозија, која се случи пред речиси 14 милијарди години. „Ново набљудуваната“ галаксија, и моментално најоддалечената, е многу …

Телескопот „Џејмс Веб’ ја откри најоддалечената галаксија, таа е посветла од очекуваното Read More »

Жена го нападнала малолетниот син на една скопјанка


Скопјанка пријавила во полицијата дека во Ѓорче Петров, нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од 54-годишната Х.Р. од Скопје, по претходно недоразбирање. МВР соопшти дека по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.  

Продолжи рочиштето против кумановскиот градоначалник Димитриевски


Во основниот суд Куманово, денеска продолжи рочиштето во кое е обвинет кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски за злоупотреба на службена положба и овластувања, по кривична пријава поднесена од кумановските градежни фирми за случај со недобивање дозволи за градење згради во Куманово. Прифатени беа одлуките на Управниот суд, постапката која се водела во системот за е-градежни дозволи …

Продолжи рочиштето против кумановскиот градоначалник Димитриевски Read More »

МОН: Средните училишта подготвени за спроведување на државната матура


Сите средни училишта во државата се подготвени за спроведување на државната матура, која почнува утре со полагање на тестот по мајчин јазик, соопшти Министерството за образование и наука. Учениците годинава ќе полагаат во поголеми простори односно во холовите и спортските сали во состав училиштата каде го завршуваат средното образование или, пак, во најблиското училиште каде …

МОН: Средните училишта подготвени за спроведување на државната матура Read More »

Хрватска: Mал авион ја промаши пистата и удри во луѓе


Во несреќата што се случи на Хвар, Хрватска, кога помал авион ја промаши пистата, три лица се полесно повредени, јави ХРТ. Несреќата се случила во Староградско поле, кога авионот ја промашил пистата при слетување и удрил во двајца велосипедисти. Повредените со хеликоптер се пренесени во сплитската клиничка болница.

Француските власти ја повратија контролата над главниот град на Нова Каледонија


Француските власти во Нова Каледонија ја повратија целосната контрола врз главниот град на француската територија на Пацификот, изјави денеска францускиот министер за внатрешни работи и прекуокеански работи Жералд Дарманен. Во Нова Каледонија две недели траеја немирите, во кои загинаа седум лица, а беа предизвикани многу штети во тој дел од архипелагот, каде со децении владее …

Француските власти ја повратија контролата над главниот град на Нова Каледонија Read More »

Антикорупциска ги повикува избраните функционери да ги почитуваат уставните и законските обврски


Државната комисија за спречување на корупција ги повикува избраните функционери, да ги почитуваат начелата, обврските и забраните утврдени во Уставот на Република Северна Македонија, Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси, Законот за пратеници, Законот за собранието и Изборниот Законик. Преку соопштение по завршување на изборите за пратеници во Собранието на Северна Македонија, …

Антикорупциска ги повикува избраните функционери да ги почитуваат уставните и законските обврски Read More »

Општина Кисела Вода: Нов спортски центар во Дупки во Драчево


На место кое до неодамна беше огромна депонија, на местото викано Дупки во Драчево, никнува нова локација за љубителите на спортот. Општина Кисела Вода интензивно работи на изградба на нов модерен спортски центар кој ќе нуди две фудбалски, кошаркарско и одбојкарско игралиште, крос патека и фитнес зона, спортски содржини кои ги бараа младите од овој …

Општина Кисела Вода: Нов спортски центар во Дупки во Драчево Read More »

Рекорден број учесници на „Охрид трчаТ“ – 2.200 натпреварувачи од 31 држава


На 8. издание на Атлетскиот викенд „Охрид трчаТ“, што ќе се одржи од денес до недела, учество ќе земат рекордни 2.200 натпреваривачи од 31 држава. Гостин на спортската манифестација ќе биде претседателката на Македонија, Гордана Силјановска Давкова. Ова беше истакнато на прес конференција на која беа соопштени деталите за годинешното издание на „Охрид трчаТ“. – …

Рекорден број учесници на „Охрид трчаТ“ – 2.200 натпреварувачи од 31 држава Read More »

Лозари реагираат, нема вода во каналите за наводнување


Нема вода во каналите за наводнување К 1 и  К 2, реагираше денеска на прес конференција, претседателот на Здружението на Тиквешки лозароовоштари, Дане Јошев.  – Лозјата ни се наводнуваат со вода од овие канали. Вода треба да има од први мај. Утре е први јуни, вода нема. А прашање е дали и ќе има. Стравуваме …

Лозари реагираат, нема вода во каналите за наводнување Read More »