Си пукале од викендица во Смојмирово


Во петокот, полициски службеници ги лишиле од слобода Т.П.(31) од с.Смојмирово, беровско, М.Д.(25) и А.З.(25), и двајцата од Берово, по претходна пријава дека од викенд куќа на место викано „Тоскова ливада“, пукале со огнено оружје.

Извршен бил увид на местото на настанот при што биле пронајдени и одземени сигнален пиштол „екол специјал 99“ калибар 9мм и пиштол „зораки 917-T“ калибар 9мм, а пронајдени и подигнати биле и испукани чаури.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.