Почина режисерот Мика Алексиќ, обвинет за злоставување ученички во неговата школа за глума


Српскиот режисер Мирослав Мика Алексиќ почина вчера, 18 јануари, во Белград, на 73-годишна возраст. Против Алексиќ во изминатите години се водеше кривична постапка поради сомнение за силување и сексуално злоставување на неколку ученички во неговата школа за глума, случај кој предизвика силни реакции во јавноста и отвори поширока дебата за злоупотребите во културниот и образовниот …

Почина режисерот Мика Алексиќ, обвинет за злоставување ученички во неговата школа за глума Read More »

Внук осомничен за обид за убиство на сопствената баба


Основното јавно обвинителство Битола донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 28-годишник за кого постои основано сомнение дека се обидел да стори кривично дело – Убиство од член 123 став 2 точка 2 во врска со член 19 од Кривичниот законик. При вршење семејно насилство во домот во кој заеднички живееле на улицата „Лавчанска корија”, …

Внук осомничен за обид за убиство на сопствената баба Read More »

Почнува Светскиот економски форум во Давос


Од денеска до 23 јануари во швајцарскиот град Давос ќе се одржи 56-от годишен состанок на Светскиот економски форум под слоганот „Духот на дијалогот“, на кој ќе учествуваат светските лидери од политиката, бизнисот, граѓанското општество и академската заедница, со цел преку дијалог да се одговори на клучните глобални предизвици и да се утврдат приоритетите за …

Почнува Светскиот економски форум во Давос Read More »

Грчките земјоделци денеска ќе се сретнат со Мицотакис


Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис денеска ќе се сретне со претставници на земјоделците од 62 блока од цела Грција, кои веќе 50 дена протестираат, а во пресрет на состанокот, како во изминатите денови, така и во текот на денешниот ден, патиштата и граничните премини ќе останат отворени, што воедно беше и главен предуслов на Владата за …

Грчките земјоделци денеска ќе се сретнат со Мицотакис Read More »

Трамп: Данска не ја елиминира руската закана по Гренланд, време е да се направи тоа


 Претседателот на САД, Доналд Трамп изјави дека Данска не успеала да ја отстрани „руската закана“ по Гренланд и оти сега е време за тоа. – Сега е време и тоа ќе биде направено!!! НАТО веќе 20 години и кажува на Данска дека мора да ја отстрани руската закана по Гренланд. За жал, Данска ништо не …

Трамп: Данска не ја елиминира руската закана по Гренланд, време е да се направи тоа Read More »

Лазаров: Да не беа повредите сигурен сум дека ќе ги победевме Португалците


По голема борба македонските ракометари стигнаа до нерешен резултат (29:29) против селекцијата на Португалија, која на последниот светски шампионат во 2025 година беше полуфиналист. Противникот во вториот дел имаше и предност од пет разлика, но одлично водени од клупата македонските ракометари стигнаа до голем резултат против квалитетен противник. – Не е лесно да играш против …

Лазаров: Да не беа повредите сигурен сум дека ќе ги победевме Португалците Read More »

ЕХФ ЕУРО 2026: Ова се математиките за пласман на македонските ракометари во второто коло


Македонските ракометри попладнево одиграа нерешено 29:29 против Португалија и со тоа го освоија првиот бод во групата. За пласман во следната фаза ќе ни биде потребна математика за да стигнеме на второто место во групата.  Македонските ракометари во првиот дуел загубија од Данска со 24:36 и имаме негатива од 12 гола, додека Португалија по првиот …

ЕХФ ЕУРО 2026: Ова се математиките за пласман на македонските ракометари во второто коло Read More »

Павле Атанасијевиќ: Освоениот бод многу ни значи


Македонскиот ракометен тим успеа да освои голем бод во дуелот со Португалија играјќи нерешено 29:29. Левото крило Павле Атанасијевиќ дуелот го заврши со четири постигнати голови. –  Имавме осцилации во текот на натпреварот но се вративме од минус пет. Верувавме дека можевме да го добиеме натпреварот, но на крај немавме среќа да победиме. Како и …

Павле Атанасијевиќ: Освоениот бод многу ни значи Read More »

Сензација на Европското првенство: Српските ракометари ја победија фаворизираната Германија


Српските ракометари ја победија Германија во Хернинг во второто коло од Европското првенство со резултат 30:27, со што се вратија во игра за пласман во следната фаза од натпреварувањето. Гол по гол на почетокот, фаворизираните Германци воспоставија контрола и постојано го зголемуваа своето водство. Најголемото го имаа на крајот од првото полувреме кога водеа со …

Сензација на Европското првенство: Српските ракометари ја победија фаворизираната Германија Read More »

Пет жртви во две лавини во Австрија, тројца тешко повредени


Пет лица загинаа, а тројца се тешко повредени во две одделни лавини во австриските Алпи, соопштија спасувачките служби. Несреќите се случиле во саботата, 17 јануари, во покраината Салцбург – една во високогорскиот дел над долината Гросарл, а друга во поширокиот реон на Бад Хофгастајн. Според првичните информации, попладнето лавина затрупала седум лица на врвот Финстеркопф, …

Пет жртви во две лавини во Австрија, тројца тешко повредени Read More »

Албанија ќе купува американско оружје и ќе и го испрати на украинската армија


Албанија ќе се приклучи на Приоритетна листа на барања за Украина, позната и како (PURL). „Нашата земја ќе се придружи на списокот на земји кои ќе купуваат американско оружје, а потоа ќе го испраќаат во Украина, објави министерката за надворешни работи Елиса Спиропали, која деновиве беше во посета на Украина. Ова таа им го кажала …

Албанија ќе купува американско оружје и ќе и го испрати на украинската армија Read More »

Реакции на Данска и на Франција по заканите од Трамп за царини поради прашањето за Гренланд


Заканата на американскиот претседател Доналд Трамп да воведе царини за европски земји што не му дозволуваат да го добие Гренланд „доаѓа како изненадување“, изјави данскиот министер за надворешни работи. „Во постојан контакт сме со Европската комисија и нашите други партнери за тоа прашање“, Ларс Локе Расмунсен, зборувајќи само неколку дена по учеството на разговорите во …

Реакции на Данска и на Франција по заканите од Трамп за царини поради прашањето за Гренланд Read More »

Стармер: Заканите на Трамп за царини поради Гренланд се „сосема погрешни“


Британскиот премиер Кир Стармер ја осуди заканата на американскиот претседател Доналд Трамп да воведе тарифи врз европски сојузници кои се спротивставуваат на неговите напори за стекнување на Гренланд како „целосно погрешна“. „Воведување царини за сојузници за остварување на колективната безбедност на сојузниците од НАТО е сосема погрешно. Секако, ќе го продолжиме ова директно со американската …

Стармер: Заканите на Трамп за царини поради Гренланд се „сосема погрешни“ Read More »

Виетнам ја гради првата фабрика за чипови, до 2030 година сакаат да обучат 50.000 инженери


Државната телекомуникациска компанија „Виетел“ во петокот започна со изградба на првиот објект за производство на чипови во Виетнам, како дел од поширокиот план на Ханој за воспоставување сопствен систем за производство на полупроводници. Објектот од 27 хектари го гради „Виетел“ во технолошкиот парк Хоа Лак Хи на периферијата на главниот град. Работата и трансферот на …

Виетнам ја гради првата фабрика за чипови, до 2030 година сакаат да обучат 50.000 инженери Read More »

Антонио Кошта: ЕУ разгледува одговор на царините на Трамп за Гренланд


Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта,  изјави дека ЕУ е „многу цврста во одбраната на меѓународното право“ кога беше прашан за новите закани со царини од американскиот претседател Доналд Трамп, додавајќи дека се координира одговорот на ЕУ за тоа прашање. „Она што можеме да го кажеме е дека Европската унија секогаш ќе биде цврста во …

Антонио Кошта: ЕУ разгледува одговор на царините на Трамп за Гренланд Read More »

Хрватска се мачеше против Грузија, но со победа го почна Европското првенство


Хрватските ракометари победија во Малме во првото коло од Европското првенство против селекцијата на Грузија со резултат 32:29 и со тоа триумфално го отворија прегледот на најдобрите репрезентации на Стариот континент. Грузија влезе во играта многу подобро и го искористи очајното отворање на фаворизираните Хрвати. Предноста постојано растеше, а во еден момент имаше и шест …

Хрватска се мачеше против Грузија, но со победа го почна Европското првенство Read More »

Магла на аеродромот во Сараево: Повеќето летови се откажани или пренасочени


Промената на времето во БиХ во главниот град на Босна и Херцеговина повторно ја врати маглата во преден план, што предизвика бројни проблеми на Меѓународниот аеродром во Сараево. Поради намалена видливост, повеќето летови од аеродромот во Сараево денес беа откажани или пренасочени на други локации. Што се однесува до полетувањата, авионите денес полетаа за Виена, …

Магла на аеродромот во Сараево: Повеќето летови се откажани или пренасочени Read More »

Судијка го ограничува ICE во Минеаполис. Бела куќа: Апсурдно е


Федерална судијка на САД издаде наредба со која се ограничуваат тактиките за контрола на толпата што агентите на Службата за имиграција и царина (ICE) можат да ги користат против „мирни и недисруптивни“ демонстранти во Минеаполис. Одлуката доаѓа пред протестите планирани за овој викенд поради имиграциските акции во градот и откако агент на ICE ја застрела …

Судијка го ограничува ICE во Минеаполис. Бела куќа: Апсурдно е Read More »

Нигерија поуспешна од Египет по изведувањето пенали во дуелот за третото место


Репрезентацијата на Нигерија го освои бронзениот медал на АФКОН откако во „малото финале“ по изведување на пенали го совлада Египет со 4:2 на пенали откако во регуларниот дел дуелот заврши 0:0. Нигерија беше поблиску до победата и во регуларниот дел откако во првото полувреме им беше поништен гол поради фаул и по прегледување на ВАР …

Нигерија поуспешна од Египет по изведувањето пенали во дуелот за третото место Read More »

Во Нови Сад почна протест под мотото „Што значи победа?“ на кој повикаа студентите во блокада


Неколку илјади граѓани се собраа попладнево во центарот на Нови Сад на протестот „Што значи победа?“, на кој повикаа студентите. Тој протест е продолжение на акцијата за собирање потписи за предвремени избори во државата што беше спроведена кон крајот на минатата година Обезбедување е распоредено околу Градското собрание и низ целиот Плоштад на слободата. Меѓу …

Во Нови Сад почна протест под мотото „Што значи победа?“ на кој повикаа студентите во блокада Read More »