АД ЕСМ: Ќе ги преземеме сите чекори пред управните и судските органи против „Марковски компани“


АД ЕСМ, согласно своите обврски и надлежности ќе ги преземе сите чекори пред управните и судските органи кои ги има на располагање и на кои е обврзано со закон откако актуелното раководство на РЕК Битола еднострано го раскина договорот за ископ на јаглен и меѓуслојна јаловина со „Марковски компани“, имајќи ги предвид сите последици кои …

АД ЕСМ: Ќе ги преземеме сите чекори пред управните и судските органи против „Марковски компани“ Read More »

Гаши: Интерпелацијата е демократско право, да не се игра со безбедноста во државата


 Интерпелацијата е демократско право пропишано, дозволено и предвидено со Устав, Закон и Деловник. Секој пратеник, пратеничка група може да покрене постапка за интерпелација, истакна претседателот на Собранието Африм Гаши денеска во Охрид одговарајќи на новинарско прашање за интерпелацијата поднесена од ДУИ за министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, неговиот заменик Астрит Исени и вицепремиерите Изет …

Гаши: Интерпелацијата е демократско право, да не се игра со безбедноста во државата Read More »

Понеделник е неработен ден за сите во државава


 Министерството за економија и труд денеска соопштува дека, согласно Законот за празниците на Република Македонија – „Службен весник на Република Македонија“, број 21/98 и 18/07, по повод празникот „Свети Климент Охридски“, 8 декември – недела, односно 9 декември – понеделник е неработен ден за сите граѓани на Република Северна Македонија. Министерството за економија и труд …

Понеделник е неработен ден за сите во државава Read More »

Во затвор на 20 години осуден убиецот на својот брат и снаата во Стајковци


Основниот кривичен суд Скопје денеска изрече првостепена пресуда со која Љ.К. од Стајковци го огласи за виновен и го осуди на 20 години затвор за две кривични дела – убиство. Како што соопштија од Јавното обвинителство, обвинетиот, според обвинението поднесено од Основното јавно обвинителство Скопје во јули годинава, на 14 мај 2024 година, на свиреп …

Во затвор на 20 години осуден убиецот на својот брат и снаата во Стајковци Read More »

Хрватска, од полноќ, останува без Уставен суд


Хрватска, членка на ЕУ, од полноќ останува без Уставен суд. Хрватскиот сабор денеска не успеа да избере десет (од вкупно 13) уставни судии на кои на полноќ им истекува продолжениот шестмесечен мандат. Утре, 7 декември, ќе се обидат да ги изберат, пренесе Index.hr. „Продолжение на седницата ќе свикам во сабота, во 10 часот, верувам дека …

Хрватска, од полноќ, останува без Уставен суд Read More »

За колку ќе им се зголеми платата на здравствените работници – од 2.450 до 3.850 денари


Официјализирана е постапката за зголемување на платите на здравствените работници, откако денеска беше  потпишан анекс на Колективниот договор за здравствена дејност со репрезентативниот Самостоен синдикат за здравство, фармација и социјална заштита. Министерот за здравство Арбен Таравари на прес-конференција информираше дека извршени се корекции на коефициентите во Анексот согласно зголемувањето на минималната бруто плата во март …

За колку ќе им се зголеми платата на здравствените работници – од 2.450 до 3.850 денари Read More »

Возило од обезбедувањето на претседателот на Собранието Гаши излета кај Ново Село, тројца повредени


Сообраќајна несреќа се случи утрово на автопатот во изградба Охрид – Кичево кај Ново Село, Дебрца. Неофицијално, д засега непознати приличи возило од обезбедувањето на претседателот на Собранието Африм Гаши, излетало од коловозот. Сообраќајната несреќа ни ја потврди портпаролот на СВР Охрид Стефан Димовски. Во незгодата повредени се три лица кои се пренесени во Специјализираната …

Возило од обезбедувањето на претседателот на Собранието Гаши излета кај Ново Село, тројца повредени Read More »

Во Штип марш против насилството врз девојките и жените, се бара насилниците да се гонат по службена должност


Се зголемува свесноста кај девојчињата и жените за пријавување на насилство, но податоците покажуваат дека и се зголемува насилството врз нив од страна на партнерите, посочува Бети Пеева од Здружението „ЕХО“. Членовите на ова здружение, како и на „Гласен Текстилец“  денеска заедно со вработените во  Општина Штип беа дел од маршот низ штипските улици против …

Во Штип марш против насилството врз девојките и жените, се бара насилниците да се гонат по службена должност Read More »

Меџити: Законот за употреба на јазиците е тема поради половични и нецелосни решенија на политиките на ДУИ


Јавноста дискутира за законот за употреба на јазиците поради нецелосните решенија и досегашните политики кои ги водела Демократската унија за интеграција (ДУИ), оцени денес владиниот потпретседател и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити. Ова е негов став даден по барање на новинарите на настан во Тетово, а по денешното соопштение на ДУИ …

Меџити: Законот за употреба на јазиците е тема поради половични и нецелосни решенија на политиките на ДУИ Read More »

Јаневска бара јавноста да им даде време за да го решат случајот со проблематичниот третоодделенец


Откако и денеска училниците на ООУ „Лазо Ангеловски“ останаа празни, учениците не се појавија на настава откако Советот на родители на училиштето го продолжи бојкотот, затоа што интердисциплинарната комисија на МОН препорача детето да се врати на настава со сратено време на престој, министерката за образование Весна Јаневска денеска побара да им се даде време …

Јаневска бара јавноста да им даде време за да го решат случајот со проблематичниот третоодделенец Read More »

(Во живо) Изјава на Јаневска


Министерката за образование и наука Весна Јаневска и американската амбасадорка Анџела Агелер ќе се обрати на церемонијата на полагање свечена заклетва на 27-мата група волонтери на Мировниот корпус.

(Во живо) Јаневска го пречека Мировниот корпус на волонтери – изјава на директорот Дејвид Ризајд


Министерката за образование и наука Весна Јаневска и американската амбасадорка Анџела Агелер ќе се обрати на церемонијата на полагање свечена заклетва на 27-мата група волонтери на Мировниот корпус.  

 Годинава доделени 140 субвенции за велосипеди во Општина Центар


Во рамките на проектот „Цел Центар на точак,“ Општина Центар додели вкупно 140 субвенции за оваа година: 110 за нови велосипеди и 30 за електрични велосипеди и тротинети. Аплицирањето за субвенции за купување велосипеди, е- велосипеди и тротинети е завршено, но повикот за субвенционирање дополнителна опрема останува отворен до исцрпување на средствата или до 31.12.2024 …

 Годинава доделени 140 субвенции за велосипеди во Општина Центар Read More »

Советот на ЕУ предлага зајакнување на европската Агенција за кибер безбедност


Европскиот совет денеска повика на дополнителни подобрувања и активности на Агенцијата на ЕУ за кибер безбедност (ЕНИСА), особено во делот на создавање на европски документи за сертификација на кибер безбедноста и воспоставување на единствена платформа за известување.  Во денеска усвоените заклучоци на иницијатива на унгарското претседателство на Советот на ЕУ, се нагласува дека во последните …

Советот на ЕУ предлага зајакнување на европската Агенција за кибер безбедност Read More »

Ова е човекот кој стои зад неверојатните настани во Сирија. Сега даде интервју и ја објави својата цел


Сириската бунтовничка коалиција постигна неверојатен успех за помалку од 10 дена. За краток период тие го освоија најголемиот сириски град Алепо, додека вчера Хама, четвртиот по големина град во земјата и клучен на патот кон Дамаск, главниот град на земјата и седиштето на сирискиот диктатор Башар ал- Асад, падна во нивни раце. Како што рече …

Ова е човекот кој стои зад неверојатните настани во Сирија. Сега даде интервју и ја објави својата цел Read More »

Десет фирми за пет години добиле тендери од милијарда евра


Во последните пет години во земјава се склучени договори за јавни набавки во вкупна вредност од 5,8 милијарди евра, а 36 % од нив, односно 2,1 милијарда евра им припаднала само на 50 фирми. Само првите 10 фирми на врвот од оваа листа добиле тендери во вредност од 1 милијарда евра. Во листата на најголеми …

Десет фирми за пет години добиле тендери од милијарда евра Read More »

Изречени 23 парични казни на продавници за храна


Сто деведесет и два вонредни надзора во малопродажни објекти – мини маркети и продавници за храна, спроведоа минатата недела инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство ( АХВ). Притоа, за утврдени недостатоци се издадени вкупно 30 решенија со наредени мерки за нивно отстранување, а изречени се и 23 парични казни.  Според АХВ, уништени се …

Изречени 23 парични казни на продавници за храна Read More »

Министерството за одбрана на Јужна Кореја суспендираше тројца команданти вклучени во операцијата за воена состојба


 Јужнокорејското Министерство за одбрана денеска соопшти дека суспендирало тројца високи команданти вклучени во операцијата за воена состојба. „Министерството за одбрана суспендира од должности три лица на клучни позиции… поврзани со актуелната ситуација од 6 декември“, се вели во соопштението на Министерството. Десетици илјади луѓе во Јужна Кореја се очекува да присуствуваат на протести в сабота …

Министерството за одбрана на Јужна Кореја суспендираше тројца команданти вклучени во операцијата за воена состојба Read More »

Меџити најави „кар шеринг“ за намалување на загадувањето


Гасификација, субвенционирање на граѓаните за враќање кон централното греење, набавка на електрични автобуси, проект за намалување на број на возила по улици „кар шеринг“, се мерките за намалување на аерозагадувањето кои планира да ги реализира Владата за справување со проблемот со аерозагадувањето. Овие мерки денеска ги најави првиот потпретседател на Владата и министер за животна …

Меџити најави „кар шеринг“ за намалување на загадувањето Read More »

Граѓаните од Албанија и Косово и натаму најбројни баратели на азил од земјите во регионот


Граѓаните од Албанија и Косово продолжуваат да водат, со јасна разлика од другите земји од балканскиот регион, во однос на барањата за азил во земјите од Европската унија. Според последните податоци на Европската агенција за азил (EUAA), во текот на месец септември годинава, од Албанија се поднесени 586 нови барања за азил, а од Косово …

Граѓаните од Албанија и Косово и натаму најбројни баратели на азил од земјите во регионот Read More »