Мицотакис: Мицкоски на самитот на ЕПП го користеше името Северна Македонија


Почитувањето на Договорот од Преспа е неопходен предуслов за во некој момент да се отвори европски пат на соседната земја, рече грчкиот премиер Киријакос Мицотакис на прес конференцијата по завршувањето на Самитот на ЕУ во Брисел и уште еднаш ја истакна потребата да се почитуваат меѓународните договори, јави дописничката на МИА од Атина. На новинарско …

Мицотакис: Мицкоски на самитот на ЕПП го користеше името Северна Македонија Read More »

Резултати од пописот во Косово: Двојно повеќе Срби од пред 13 години


Населението на Косово се намалило во последните 13 години од 1,74 милиони на 1,6 милиони, покажуваат резултатите од вчера објавениот попис на населението. Претходно оваа година беше спроведен вториот попис на населението откако Косово прогласи независност. Агенцијата за статистика објави дека Србите го бојкотирале пописот на населението „во значителна мера“ по повиците на српските политички …

Резултати од пописот во Косово: Двојно повеќе Срби од пред 13 години Read More »

Американски дипломати отпатуваа во Сирија


Американски дипломати пристигнаа во Сирија за директно да разговараат со новите исламистички владетели, надевајќи се дека ќе поттикнат умерена и инклузивна земја и ќе најдат индиции за исчезнатите Американци, соопшти Стејт департментот. Тоа е првата официјална американска дипломатска мисија во Дамаск од раните денови на бруталната граѓанска војна што избувна во 2011 година и кулминираше …

Американски дипломати отпатуваа во Сирија Read More »

ИЈЗ со препораки за скопјани во периодот кога нема да има вода


Во контекст на најавениот недостиг на вода во наредниот период во Скопје, Институтот за јавно здравје на Македонија излезе со препораки за да се подготвите и да го минимизирате влијанието: П͟р͟е͟п͟о͟р͟а͟к͟и͟ ͟з͟а͟ ͟г͟р͟а͟ѓ͟а͟н͟и͟:͟ 1.Складирање вода – Складирајте доволно вода во чисти садови за пиење, готвење и хигиена. Потребни се најмалку 4 литри вода по лице …

ИЈЗ со препораки за скопјани во периодот кога нема да има вода Read More »

Битолчани со „Куќа имам на Пелистер“ ќе воведуваат новини во работата на Националниот парк


Јавната установа Национален парк „Пелистер“ внесува новини во работењето со јасен план за развој на инкаминг туризам (in coming tourism), најави новиот директор на установата, Иванчо Тошевски. На прес конференција во Битола, Тошевски потврди дека Инфо центарот на Пелистер ќе биде отворено катче за сите планинари, гости и посетители со што повторно по една година …

Битолчани со „Куќа имам на Пелистер“ ќе воведуваат новини во работата на Националниот парк Read More »

Речиси една четвртина од вкупната потрошувачка на енергија во ЕУ потекнува од обновливи извори


Учеството на обновливите извори на енергија во вкупната потрошувачка на Европската унија лани изнесувало 24,5 отсто, што е за 1,4 отсто повеќе во однос на 2022 година, објави денеска Евростат. Како што се наведува, овој удел е за 18 отсто помал од посакуваниот удел од 42,5 отсто, што е целта што Европската унија сака да …

Речиси една четвртина од вкупната потрошувачка на енергија во ЕУ потекнува од обновливи извори Read More »

Во Кочани почнува проект за селектирање на отпадот од пакување


Со потпишувањето на договорот за соработка меѓу компанијата „Еко Проект Ко“ и комуналното јавно претпријатие „Водовод“, во Кочани почнува реализација на заедничкиот проект „Со граѓаните за граѓаните“ за селектирање и собирање на отпадот од пакување, односно на отпадна амбалажа од пластика и хартија.  На почетокот од проектот ќе има тримесечен пилот период во кој на …

Во Кочани почнува проект за селектирање на отпадот од пакување Read More »

ЈСП не им ги продолжува картите за бесплатен превоз на студентите


 Билетарниците на Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ не им ги продолжуваат годишните карти за наредната година на студентите за бесплатен јавен превоз во главниот град.  Претседателот на Универзитетското студентско собрание на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Александар Николоски, изјави дека веќе пратиле апел до Владата, Министерството за образование и наука, Советот на Град Скопје, градоначалничката Данела …

ЈСП не им ги продолжува картите за бесплатен превоз на студентите Read More »

Скопјани ги испразнија рафтовите со вода по најавата за прекин на водоснабдувањето


Се зголемува побарувачката на вода низ маркетите во главниот град по најавата на ЈП „Водовод и Канализација“, дека поголемиот дел од Скопје утре по 22 часот ќе остане без вода поради санација на главниот цевковод. Во дел од маркетите што ги посети МИА, рафтовите со вода, особено тубите над 5 литри, се празнеа. -Како што …

Скопјани ги испразнија рафтовите со вода по најавата за прекин на водоснабдувањето Read More »

Детската клиника ќе одговара зошто не издала писмено образложение за тоа што не го примиле седуммесечното бебе


Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ), кој изврши вонреден инспекциски надзор на Детската клиника откако почина седуммесечно бебе, предлага Министерството за здравство да покрене постапка за стручен надзор над лекувањето на бебето.  Од извршениот вонреден инспекциски надзор констатирано е дека на Детската клиника сѐ уште не е решен проблемот со задолжителното присуство на специјалист во …

Детската клиника ќе одговара зошто не издала писмено образложение за тоа што не го примиле седуммесечното бебе Read More »

Српските ученици една недела порано на распуст – се чека одлука од Владата


Постои можност распустот за сите ученици да започне во понеделник на 23 декември, седум дена порано од предвиденото во училишниот календар, дознава „Блиц“. Како што пренесува српскиот портал, предлогот е веќе формулиран и се чека одлуката на Владата на Србија. Според тој предлог, второто полугодие ќе започне според планираното, на 20 јануари 2025 година. Со …

Српските ученици една недела порано на распуст – се чека одлука од Владата Read More »

Од понеделник започнува исплатата на субвенции за жителите на Кисела Вода


Општина Кисела Вода предновогодишно започнува со исплата на субвенции за граѓаните кои аплицираа и ги исполнија критериумите од јавните повици кои беа објавени во изминатиот период. Исплатата, која започнува од понеделник, опфаќа средства за поддршка на граѓаните кои поднеле барања за субвенции за пелети, печки на пелети и огревно дрво. Целта е да се помогне …

Од понеделник започнува исплатата на субвенции за жителите на Кисела Вода Read More »

Во тек е исплата на образовниот додаток за првиот мерен период за учебната 2024/2025 година


 Министерството за социјална политика, демографија и млади соопшти дека во тек е исплата на образовниот додаток за првиот мерен период за учебната 2024/2025 година. -Исплатата на додатокот за образование се врши во четири мерни периоди и тоа за првиот мерен период во текот на месец декември во тековната календарска година, а за вториот мерен период …

Во тек е исплата на образовниот додаток за првиот мерен период за учебната 2024/2025 година Read More »

Земјотрес од 2,8 степени во близина на Гевгелија


Попладнево нов земјотрес е регистриран во Македонија со јачина од 2,8 степени според Рихтеровата скала. Земјотресот е регистриран во 13.09 часот. Земјотресот бил на длабочина од 10 километри, епицентарот е на 12 километри од Гевгелија, во близина на Миравци. Засега нема информации за предизвикана материјална штета или повредени лица.

Пленковиќ: Никому не е во интерес Србија да остане без нафта


Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ изјави во Брисел дека треба да се најде одржливо решение за испорака на нафта за Србија преку Јадранскиот гасовод (Јанаф) и дека не е во ничиј интерес земјата да остане без нафта. „Мораме да најдеме одржливо решение што е добро и за Јанаф и за економијата на Србија“, рече Пленковиќ, кој …

Пленковиќ: Никому не е во интерес Србија да остане без нафта Read More »

Реконструиран влезот во Кавадарци од правец на Неготино


Влезот во Кавадарци од правец на Неготино, кој е доста фрекфентна сообраќајница е реконструиран. Увид на местото денеска извршија кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев и директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Коце Трајановски.  – Всушност, реконструиран е дел од регионален пат со проширување и ставање во функција на три наместо две ленти за сообраќај, простор …

Реконструиран влезот во Кавадарци од правец на Неготино Read More »

Над 500 компании и 4000 ученици вклучени во дуалното образование оваа година


Над 500 компании во оваа учебна година организираа практична настава за речиси 4000 ученици од дуалните паралелки во 62 средни стручни училишта, информира министерката за образование и наука Весна Јаневска при денешната посета на швајцарската компанија „Ронтис“ во Велес. Според Јаневска, ова се добри бројки до кои е дојдено со многу труд на Министерството за …

Над 500 компании и 4000 ученици вклучени во дуалното образование оваа година Read More »

Магла на патните правци Скопје – Катланово и Македонски Брод – Кичево


Намалена видливост поради појава на магла од 100 до 150 метри има на патните правци Скопје – Катланово и Катланово – Скопје и до 100 метри на патниот правец Македонски Брод – Кичево, информираат АМСМ и ЈП Македонијапат. Сите патни правци во државата се проодни, без забрани и ограничувања .Сообраќајот на државните патишта се одвива …

Магла на патните правци Скопје – Катланово и Македонски Брод – Кичево Read More »

(Во живо) Изјава на Форумот за образовни промени за јавниот сообраќај на студентите


Форумот за образовни промени ќе го презентира предлогот за олеснување на плаќањето за јавен превоз за студентите на кој свои обраќања ќе имаат заменик министерот за образование, Лулзим Алиу, пратеничките од клубот на млади пратеници Моника Зајкова и Драгана Бојковска, и претседателот на Студентското собрание на УКИМ, Александар Николовски.

Арсовска предлага ТВ-дуел со Ѓорѓиевски за (не)реализираните проекти од неговата програма


Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска вчера преку соопштение се обрати кон градоначалникот Орце Ѓорѓиевски и побара од него ТВ дуел за да ги соочат фактите. Градоначалничката порача дека „навистина е тажно да се читаат соопштенијата на градоначалникот на Кисела Вода кои изобилуваат со небулози и докази на функционална неписменост“. Според Арсовска, Ѓорѓиевски би требало да …

Арсовска предлага ТВ-дуел со Ѓорѓиевски за (не)реализираните проекти од неговата програма Read More »