Кривична пријава за полициски службеник од ГП „Блаце“ во врска со излезот на Груби од земјава


МВР поднесе кривична пријава против полицискиот службеник Б.Ј. од граничниот премин „Долно Блаце“ во врска со преминувањето на Артан Груби на државната граница. Тој, според МВР, не извршил адекватни проверки на патничкото возило „мерцедес“ со конзуларни регистарски ознаки со кое се превезувал Груби и не го евидентирал за остварување излез од државата. Патниците од предметното …

Кривична пријава за полициски службеник од ГП „Блаце“ во врска со излезот на Груби од земјава Read More »

Дури во јуни в година може да почне изградбата на современа депонија Русино


Првиот заменик-претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити, во придружба на градоначаникот на Гостивар Валбон Лимани денеска го посети претпријатието ‘Русино-Полог’ во Гостивар, каде се сретна со директорот на претпријатието, Сазан Хорвати  а по средбата, тие заедно ја посетија депонијата Русино, која опслужува девет општини од Полошкиот регион, со …

Дури во јуни в година може да почне изградбата на современа депонија Русино Read More »

Туфегџиќ: Обвинителството потврди дека немало комуникација помеѓу таткото Александар и Љупчо Палевски


Адвокатот на Александар Ѓорчевски, денеска, по завршувањето на судското рочиште во Основниот кривичен суд за двојното убиство на малолетната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски, на кое се изведуваа материјални докази, рече дека се потврдило неговото тврдење дека немало никаква комуникација помеѓу таткото на Вања и првоосомничениот Љупчо Палевски. – Самиот јавен обвинител го потврди …

Туфегџиќ: Обвинителството потврди дека немало комуникација помеѓу таткото Александар и Љупчо Палевски Read More »

Таравари: За неколку директори правиме евалуација, за тоа како водат, колку стручно и компетентно


Министерот за здравство Арбен Таравари попладнево изјави дека за неколку директори се прави евалуација околу тоа како ја водат здравствената установа, колку стручно и компетентно. -Ги евалуираме повеќето директори, ни требаат повеќе индикатори. Не сакаме емоционално да постапиме. Ни требаат сигурни докази таму каде што гледаме дека директорите не раководат баш како што треба, треба …

Таравари: За неколку директори правиме евалуација, за тоа како водат, колку стручно и компетентно Read More »

Ќе се „забранат“ телефоните на учениците во основните и средните училишта


Министерството за дигитална трансформација ќе им прати на основните и средните училишта препораки во врска со апликации на мобилните уреди кои имаат штетни влијанија врз учениците.  Министерот Стефан Андоновски изјави дека ги подготвуваат препораките, но нагласи дека за овој проблем најодговорни се родителите, особено на децата во основно образование, затоа што треба да ги вклучат …

Ќе се „забранат“ телефоните на учениците во основните и средните училишта Read More »

Мајката на напаѓачот: Го молев докторот да не го пушти да излезе. Тој е нестабилен, има две дијагнози


Мајката на напаѓачот, 19-годишникот од Загреб, кој уби едно првоодделенче, рани седум како и нивната наставничка, во интервју за „24 часа“ изјавила дека го молела докторот да не го пушта од психијатриската болница во Јанкомир. „Има емотивно нестабилна личност, покрај тоа има и две дополнителни дијагнози и се сече“, вели мајката. „Ми рекоа дека напаѓачот …

Мајката на напаѓачот: Го молев докторот да не го пушти да излезе. Тој е нестабилен, има две дијагнози Read More »

Нема концерти на адвентот во Загреб – утре Ден на жалост


Туристичкиот одбор на Град Загреб информираше дека сите локации на Адвентот денеска ќе работат во намалена форма без концерти и придружни програми, поради трагедијата во ОУ „Пречко“, а во сабота, поради Денот на жалост, сите локации ќе го прилагодат режимот. „Поради денешниот трагичен настан во Загреб, сакаме да ве информираме дека сите локации на Адвент …

Нема концерти на адвентот во Загреб – утре Ден на жалост Read More »

Порталот uslugi.gov.mk редизајниран и со нови 100 електронски услуги за граѓаните


Министерството за дигитална трансформација денеска го претстави редизајнираниот национален портал uslugi.gov.mk кој на граѓаните им нуди сто нови електронски услуги.   Министерот Стефан Андоновски на презентација ги соопшти најважните нови функционалности на порталот. Рече дека со неговиот тим во изминатите пет месеци интензивно работеле да ги подобрат перформансите на е-порталот и искуството на оние што …

Порталот uslugi.gov.mk редизајниран и со нови 100 електронски услуги за граѓаните Read More »

Нема кривично дело во дејствијата за кои се обвинува, смета одбраната на Артан Груби


Бранителот на Артан Груби, адвокатот Владимир Доневски, во соопштение до медиумите информира дека, по утврдување на она со кое досега судот располага и анализа на аргументите на јавното обвинителство, според нив нема основи на сомневање на сторено кривично дело предвидено со закон. – Одбраната и сите аргументи ќе бидат изложени во рамки на законски предвидената …

Нема кривично дело во дејствијата за кои се обвинува, смета одбраната на Артан Груби Read More »

Вања е убиена во ладнокрвна егзекуција додека клечела и со еден куршум


  Во Кривичниот суд започна изведувањето на материјални докази за убиствата на 14-годишната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот Панче Жежовски со кои се објаснуваат последните моменти пред тие да бидат ликвидирани, а и начинот на кои се убиени. Обвинителката Жаклина Крстевска-Јосифовска рече дека еден куршум од 9 милиметри бил пронајден во главата на Вања Ѓорчевска при …

Вања е убиена во ладнокрвна егзекуција додека клечела и со еден куршум Read More »

Кожувчанка донира 8,5 тони вода на Клиничкиот центар во Скопје


Во знак на солидарност и поддршка за пациентите и здравствените работници во Клиничкиот центар „Мајка Тереза” во Скопје, Компанијата Кожувчанка денеска донираше 8,5 тони природна Изворска вода, со цел да помогне во справувањето со моменталниот недостиг на вода во главниот град. Како Компанија која секогаш посветено се грижи за доброто на своите граѓани, Кожувчанка ја …

Кожувчанка донира 8,5 тони вода на Клиничкиот центар во Скопје Read More »

АД ЕСМ: Два термоблока во РЕК Битола исклучени од мрежа, во тек се операции за вклучување на ТЕ Битола 1


Термоелектраната „Битола 2“ е исклучена од функција изутрината во 8:22 часот поради активирана заштита. Шест минути подоцна, од електроенергетската мрежа е исклучен и термоблокот „Битола 1“ поради активирање на заштитата на трансформаторот за сопствени потреби, соопшти АД ЕСМ. – Благодарение на навременото активирање на заштитата, не е предизвикана штета врз ТЕ Битола 1. Согласно досега …

АД ЕСМ: Два термоблока во РЕК Битола исклучени од мрежа, во тек се операции за вклучување на ТЕ Битола 1 Read More »

Според пописот, во Косово живеат 9.140 припадници на македонската горанска заедница


  Според резултатите од пописот, спроведен годинава, во Косово живеат 9.140 припадници на македонската горанска заедница, со Уставот признати како етничка заедница Горани. Според табелата на конечни резултати, во однос на етничката припадност, објавена од Агенцијата за статистика, од вкупниот број најголем процент или 7.828 се во општина Драгаш, каде територијално припаѓа областа Гора. Значителен …

Според пописот, во Косово живеат 9.140 припадници на македонската горанска заедница Read More »

Ученик во основно училиште во Загреб со нож ранил наставничка и неколку деца


Ученик од основно училиште во Загреб утрово со нож повредил наставничка и неколку деца, јавија хрватските медиуми. Инцидентот се случил во ОУ „Пречко“ во Загреб. „Денеска, 20 декември, околу 9:50 часот, млад човек со остар предмет повреди наставник и неколку ученици во образовна институција во Загреб. Напаѓачот е под полициски надзор, а на повредените им …

Ученик во основно училиште во Загреб со нож ранил наставничка и неколку деца Read More »

Руски ракетен напад врз Киев


Најмалку две лица се повредени и згради се оштетени во руски ракетен напад утринава врз Киев, главниот град на Украина, соопштија локалните власти. Нападот предизвика пожари во делови од градот, изјави шефот на воената управа на Киев, Сергеј Попко. Градоначалникот Виталиј Кличко изјави дека најмалку две лица се повредени во нападот. Украинските системи за противвоздушна …

Руски ракетен напад врз Киев Read More »

Скопје десетти најзагаден град во светот, прв во Европа


 Скопје утрово е најзагаден град во Европа, покажуваат податоците на специјализираната страница за мерење на квалитетот на воздухот „IQAir“. Индексот на загаденост во Скопје достигна 163, што е висока вредност. Прв на листата на најзагадени градови во светот е Делхи во Индија, а по него се Лахор во Пакистан, Акра во Гана, Багдад во Ирак, Кабул во …

Скопје десетти најзагаден град во светот, прв во Европа Read More »

Протест на вработени во ЈП „Улици и патишта“, бараат исплата на плата и К-15


Вработени во Јавното претпријатие Улици и патишта, утрово протестираат поради неисплатени плата и К-15. Протестот се одржува пред канцелариите на администрацијата на Град Скопје, организиран е од Независниот синдикат во јавното претпријатие, при Конфедерација на синдикални организации на Македонија,  КСОМ.  

Српската Влада го скратува првото полугодие – учениците ќе останат без оценки


Српската Влада денеска се очекува да усвои заклучок со кој побара од Министерствоито за образование  во согласност со своите законски надлежности, да обезбеди зимскиот училишен распуст да се организира подеднакво за основните и средните училишта низ Србија, така што првото полугодие ќе заврши в понеделник, на 23 декември. Министерството за образование вчера соопшти дека „земајќи …

Српската Влада го скратува првото полугодие – учениците ќе останат без оценки Read More »

Шведска го прекинува финансирањето на УНРВА


 Шведска повеќе нема да ја финансира Агенцијата на Обединетите нации за помош и работа за палестинските бегалци (УНРВА), туку ќе обезбедува хуманитарна помош за Газа преку други канали, изјави шведскиот министер за помош Бенјамин Дуса. Одлуката на Шведска да го прекине финансирањето на УНРВА дојде како одговор на забраната за работата на агенцијата во Израел, …

Шведска го прекинува финансирањето на УНРВА Read More »

Фон дер Лајен ја пофали улогата на Унгарија во процесот на пристапување на Црна Гора, Албанија и Србија


Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен истакна дека за време на унгарското претседавање со Советот на ЕУ, кое завршува на крајот на годината, била постигната пресвртница во пристапниот процес на Црна Гора, Албанија и Србија. -За време на вашето претседателство, Европа беше проширена и надворешно; оваа недела постигнавте пресвртници на пристапниот пат на …

Фон дер Лајен ја пофали улогата на Унгарија во процесот на пристапување на Црна Гора, Албанија и Србија Read More »