Една загината и двајца повредени во тешката сообраќајка на патот Тетово-Гостивар


Денес во 15.50 часот во СВР Тетово било пријавено дека на магистралниот пат Тетово- Гостивар близу Неготинска петла, се случила сообраќајна незгода помеѓу возило „пежо” управувано од Г.В.(47) од Охрид и возило „мерцедес“ управувано од А.А.(19) од Гостивар. Во незгодата на лице место на повредите им подлегнала сопатничката од патничкото „пежото“ Д.М.(81) од Охрид, додека …

Една загината и двајца повредени во тешката сообраќајка на патот Тетово-Гостивар Read More »

ЈП „Паркови и зеленило“: Дрвото не беше обележано за сечење


Откако градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски повика ЈП „Паркови и зеленило“ да си ја врши работата, затоа што врз дете паднало дрво што се скршило и тоа во близина на просториите на ова претпријатие, од таму велат дека дрвото не било обележано за сечење. „Во врска со денешниот немил настан во општина Карпош кога …

ЈП „Паркови и зеленило“: Дрвото не беше обележано за сечење Read More »

Шпанска компанија прави даска за сурфање од стари сечила на ветерниците


Ветерните турбини придонесуваат за цели за чиста енергија, но управувањето со нив на крајот од нивниот животен век бара одржливи решенија. Шпанска компанија се справува со проблемот со старите лопатки на турбините на ветер преку иновативни стратегии за рециклирање и повторна употреба. Сечилата на турбините на ветер се направени од издржливи композитни материјали и претставуваат …

Шпанска компанија прави даска за сурфање од стари сечила на ветерниците Read More »

Две повозрасни жени измамени за повеќе од 5.000 евра – да платат за ќерките да избегнат затвор


Две жени, на возраст од 74 и 83 години од Скопје дале по повеќе од 5.000 евра за нивните ќерки да не одат затвор, откако наводно прегазиле деца мигранти. Во понеделникот, во 13 часот во СВР Скопје, 74-годишна жена од Скопје пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 307.500 денари. Според пријавеното, …

Две повозрасни жени измамени за повеќе од 5.000 евра – да платат за ќерките да избегнат затвор Read More »

Подгответе се за три дена метеж во сообраќајот во Скопје


СВР Скопје ги известува граѓаните на Скопје дека од 05.03.2025 до 07.03.2025 (среда, четврток и петок) поради официјална посета на претседателот на Собранието на Република Хрватска Гордан Јандроковиќ, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на град Скопје. СВР …

Подгответе се за три дена метеж во сообраќајот во Скопје Read More »

Дрво паднало врз малолетник во близина на „Паркови и зеленило“ – Карпош повикува да не се игра со безбедноста на децата


За жал, неодговорноста зема данок. И тоа данок кој директно го загрозува човечкото здравје. Во конкретниот случај е повреден еден малолетник кој случајно поминувал во паркот измеѓу улицата Никола Русински и Карпошево Востание и врз него паднало дрво. За жал малолетникот има повреди на телото. Пренесен е во Ургентен центар. Иронијата да биде поголема, инцидентот …

Дрво паднало врз малолетник во близина на „Паркови и зеленило“ – Карпош повикува да не се игра со безбедноста на децата Read More »

Од земјите кандидатки за ЕУ само Србија не се усогласи со една ЕУ одлука


Србија повторно е единствената земја-кандидат за членство во ЕУ од Западен Балкан која не ја почитувала новата надворешнополитичка одлука за рестриктивни мерки поради кршење на човековите права, но ја почитувала одлуката за рестриктивни мерки против Исламската држава и Ал Каеда. Како што соопшти денеска ЕУ, Србија не ја почитува одлуката усвоена од Советот на ЕУ …

Од земјите кандидатки за ЕУ само Србија не се усогласи со една ЕУ одлука Read More »

Трамп: Ќе го прекинеме финансирањето на училиштата и колеџите кои дозволуваат нелегални протести


Американскиот претседател Доналд Трамп се закани дека ќе го прекине финансирањето на образовните институции кои дозволуваат „нелегални протести“. „Ќе биде стопирано целото федерално финансирање за колеџите, училиштата или универзитетите кои дозволуваат нелегални протести. Агитаторите ќе бидат затворени или трајно вратени во земјата од која дошле. Американските студенти ќе бидат трајно протерани или, во зависност од …

Трамп: Ќе го прекинеме финансирањето на училиштата и колеџите кои дозволуваат нелегални протести Read More »

Намалена цената на свинско месо жива мера


Во рок од два месеца одгледувачите на свињи трипати ја намалија цената на свинското месо жива мера. Потпретседателот на Асоцијација на земјоделци, Гоце Сарафимов вели дека во моментов цената на свинското месо жива мера изнесува 110 денари и со ДДВ е и до 118 денари. Тој посочува дека поголемите производители на свинско месо се договориле …

Намалена цената на свинско месо жива мера Read More »

Салвини со критики за планот на Фон Дер Лајен: Дали вооружувањето ќе придонесе за мир ?


Италијанскиот вицепремиер и лидер на партијата Лига Матео Салвини денеска ја критикуваше најавата на претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен за планот за „вооружување на Европа“ и праша дали тоа е вистинскиот начин да се одржи мирот на континентот. – Европските држави можат да се задолжуваат само за да се вооружат за Урсула …

Салвини со критики за планот на Фон Дер Лајен: Дали вооружувањето ќе придонесе за мир ? Read More »

(Видео) Тепачка во српскиот парламент, фрлени димни бомби – пратеничка доживеа мозочен удар


  Хаос денеска на седница на српскиот парламент кога се степаа пратениците на власта и опозицијата, пишуваат српските медиуми. Пратениците фрлаат димни бомби. Салата е полна со чад. Претседателката на парламентот, Ана Брнабиќ, рече дека седницата мора да се прекине. Пратениците меѓусебно се туркаа, удираа, фрлаа вода, а подигнат беше и транспарент на кој пишува …

(Видео) Тепачка во српскиот парламент, фрлени димни бомби – пратеничка доживеа мозочен удар Read More »

Поради дефект на водоводна цевка, без вода населбата 11 Октомври


Поради уличен дефект на водоводна цевка од ф 200мм на ул.„Борис Трајковски“ бб , кај маркет ТИНЕКС, денеска без вода се корисниците од населбата „11 Октомври“. ЈП Водовод и канализација – Скопје соопшти дека прекинот со водоснабдувањето е од 13:55 до завршување со работните активности.

Операции за намалување на тежината на 40 пациенти ќе се направат на државен трошок


Место во странство, 40 пациенти со прекумерна дебелина ќе може да направат операција за намалување на тежината кај нас, а трошокот ќе го покрие Фондот за здравствено осигурување. Клиниката за дигестивна хирургија е подготвена до крајот на месецот или на почетокот на следниот да почне со операции. За операција ќе бидат издвоени пациенти што веќе …

Операции за намалување на тежината на 40 пациенти ќе се направат на државен трошок Read More »

Германија се соочува и со недостиг на јајца, кои се сè побарани и скапи


САД се погодени од недостиг на јајца, а истото може да се случи и со Германија. Причината за тоа е птичјиот грип, кој предизвикува масовно угинување на живината што се користи за производство на јајца. Имено, Германското здружение на производители на јајца предупреди дека потрошувачите би можеле да се соочат со драстични ограничувања. Побарувачката за …

Германија се соочува и со недостиг на јајца, кои се сè побарани и скапи Read More »

По инцидентите, граѓаните и студентите се собираат пред српскиот Парламент


По инцидентот во српскиот Парламент, полиција е распоредена во холот, а пред Собранието се собираат студенти и граѓани. Претседателката на Парламентот, Ана Брнабиќ изјави дека три пратенички се повредени. Таа истакна дека седницата ќе трае до 18 часот, во согласност со деловникот. Додека се обраќаат пратениците од владејачката СНС и СПС се слушаат вувузели и …

По инцидентите, граѓаните и студентите се собираат пред српскиот Парламент Read More »

Изречени 106 санкции за неправилно престигнување во текот на вчерашниот ден


 Во текот на вчерашниот ден во рамки на сообраќајните контроли што ги спроведуваат полициски службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ државата, биле издадени 841 платен налог по основ на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и Законот за возила. Од МВР денеска соопштија дека согласно статистичките показатели и натаму најголемиот …

Изречени 106 санкции за неправилно престигнување во текот на вчерашниот ден Read More »

Во Хрватска приведени околу 60 луѓе поради затајување на данок и корупција


Хрватската Служба за борба против корупцијата и организираниот криминал (УСКОК) приведе околу 60 луѓе поради затајување на данок и корупција. Најголем број луѓе се приведени во Загреб, а потоа во Сплит. Припадниците на УСКОК извршуваат претреси во домовите и канцелариите на осомничените. Според неофицијални информации акцијата е преземена поради „основно сомневање“ за т.н. кружна измама, …

Во Хрватска приведени околу 60 луѓе поради затајување на данок и корупција Read More »

Камбанаријата Св. Марко во Венеција повторно се отвора за јавноста (Фото)


Еден од симболите на Венеција, камбанаријата на базиликата Свети Марко е реновирана и повторно се отвора за јавноста. По серијата реновирања, камбанаријата на базиликата Свети Марко во Венеција повторно е отворена за јавноста, дозволувајќи им на многу посетители да му се восхитуваат на градот и лагуната одозгора, потврди обвинителот на базиликата. Извршени се работи на …

Камбанаријата Св. Марко во Венеција повторно се отвора за јавноста (Фото) Read More »

Граѓаните кои сметаат дека сметката за струја е неточна да поднесат приговор до ЕВН во рок од осум дена


 Сите граѓани кои сметаат дека нивната сметка за потрошена електрична енергија е неточна имаат законско право да поднесат приговор до универзалниот снабдувач ЕВН Хоум во рок од 8 дена. Пријавата мора да содржи број на сметка, опис на проблемот и копија од фактурата и се доставува на адресата [email protected]. Доколку граѓанинот не е задоволен од …

Граѓаните кои сметаат дека сметката за струја е неточна да поднесат приговор до ЕВН во рок од осум дена Read More »

Обвинителството во Србија поднесе обвинение за падот на настрешницата


Вишото јавно обвинителство во Белград поднесе обвинителен акт за пропустите кои доведоа до уривае на настрешницата во Нови Сад. Обвинителниот акт е против тројца обвинети за надзор на техничките работи извршени на железничката станица во Нови Сад, кога по падот на настрешницата загинаа 15 лица. Истрагата за двајца членови на Комисијата за технички надрзор на …

Обвинителството во Србија поднесе обвинение за падот на настрешницата Read More »