Елмас се враќа во Италија како позајмен играч на Торино


Македонскиот фудбалски репрезентативец Елиф Елмас, оди на позајмица во Торино. Клубот на Елмас, Лајпциг се согласил Македонецот во продолжение на сезоната да биде дел од Торино, јавија италијанските медиуми. Елмас имаше и понуда од Валенсија, но тој одбил да оди на „Местаља“ и да му биде соиграч на репрезентативниот македонски голман Столе Димитриевски. Дваесет и …

Елмас се враќа во Италија како позајмен играч на Торино Read More »

Реакција на Здружението на социолози на новата Нацрт-концепција за гимназиско образование


 Здружението на социолози на Република Македонија реагира на предложениот текст на новата Нацрт концепција за реформа на гимназиското образование, изработена од Бирото за развој на образованието, укажувајќи дека слични активности и „реформи”  се одвиваат подолг период, а со кои, како што велат „директно се засегнати социолозите и нивниот статус во македонското образование на сите нивоа“. …

Реакција на Здружението на социолози на новата Нацрт-концепција за гимназиско образование Read More »

Мицкоски: Промена на имиња на улици во Тетово не може да се случи еднострано


  Премиерот Христијан Мицкоски за најавата на тетовскиот градоначалник и претседател на Движењето Беса, Билал Касами, за промена на имињата на улиците во Тетово и без консензус, нагласи дека тоа не може да се случи и доколку се случи, како што рече, како претседател на Владата нема да разгледува таква точка. „Прво, не може да …

Мицкоски: Промена на имиња на улици во Тетово не може да се случи еднострано Read More »

Безживотно женско тело извлечено од Вардар кај Аеродром


Попладнево е извлечено тело од реката Вардар во скопски Аеродром. Засега не е позната причината за трагедијата. Од СВР Скопје со детали за несреќата:   – Денеска (28.01.2025) околу 12.30 часот во СВР Скопје е пријавено дека е забележано женско тело во реката Вардар. Околу 13 часот во близина на мостот Близнак, телото е извадено од …

Безживотно женско тело извлечено од Вардар кај Аеродром Read More »

Недостигаат лекови за 40 до 60 пациенти на Онкологија


Директорот на Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија, Игор Стојковски, рече дека повеќето од пациентите што се третираат ја примаат потребаната терапија. „Повеќето ја примаат терапијата и се третирани со хемотерапија, радиотерапија, билолошка терапија. Во моментот недостигаат лекови како дел од третманот за 40 до 60 пациенти. Верувам дека ќе ја обезбедиме во најбрз временски …

Недостигаат лекови за 40 до 60 пациенти на Онкологија Read More »

Касами: Некои имиња на улици ќе останат, но што има Тетово со Кавказ?


Градоначалникот на Тетово Биљал Касами од денешниот брифинг заедно со директорите на претпријатијата и раководителите на сектори одговори на писмото на Сојузот на борци кои му порачаа да не се менуваат имиња од антифашистичкото минато на македонскиот народ и народностите. Касами рече дека тоа е минато време и систем, а имињата на улиците ќе рефлектираат …

Касами: Некои имиња на улици ќе останат, но што има Тетово со Кавказ? Read More »

Судењето за злоупотреба на спортските ваучери почна одново


По промена на судечкиот совет, Во Основниот кривичен суд Скопје денеска повторно започна судењето за злоупотреба на спортските ваучери за кое се обвинети 12 лица меѓу кои поранешните директори на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски и Наумче Мојсовски. Сите 12 обвинети, на денешното рочиште изјавија дека не се чувствуваат виновни. Воедно, дел од …

Судењето за злоупотреба на спортските ваучери почна одново Read More »

Повик за бојкот на маркетите и во Македонија – „Попусто попусти!“


Преку социјалните мрежи во последните два дена се шири повик за бојкот на маркетите низ земјава во петок, поради високите цени на храната. На социјалните мрежи се проширија и две илустрации со кои се повикува на бојкот на 31 јануари (петок). Поддршката за идејата за бојкот на маркетите што се рашири низ социјалните мрежи расте …

Повик за бојкот на маркетите и во Македонија – „Попусто попусти!“ Read More »

Штипскиот хотел „Гарни“ оди на продажба за само 500.000 евра


Хотелот „Гарни“ кој е сопственост на Општина Штип ќе оди на повторна продажба. Секретарот на Општина Штип, Вишна Шорова-Ангелова истакна дека направена е нова проценка на вредноста на хотелот „Гарни“. -Согласно методологијата изнесува над 31 милион денари и тоа би било почетната цена за продажба на хотелот „Гарни“. Советот на Општина Штип донесува одлука и …

Штипскиот хотел „Гарни“ оди на продажба за само 500.000 евра Read More »

Во Белград автобус влета во луѓе на станица, 18 повредени, меѓу кои и една трудница


Тешка сообраќајна несреќа се случи во Нов Белград, во која се повредени 18 лица, меѓу кои едно дете и една трудница. Автобус на релација 601, кој се движел со голема брзина, удрил во луѓе кои чекале на автобуска постојка, а потоа удрил во друг автобус кој земал патници. На местото на несреќата има многу полицајци, …

Во Белград автобус влета во луѓе на станица, 18 повредени, меѓу кои и една трудница Read More »

Заштита на личните податоци-клуч за правата на поединците и развој на правосудниот систем


Правото на приватност и заштита на личните податоци се фундаментални права на секој поединец, кои мора да бидат заштитени и почитувани во сите сфери на животот, вклучувајќи го и правосудниот систем. Одбележувајќи го Европскиот ден за заштита на лични податоци,  министерот за правда Игор Филков во своето обраќање  на настанот „Правна рамка на ЕУ за …

Заштита на личните податоци-клуч за правата на поединците и развој на правосудниот систем Read More »

Покриен г.. никој не го плука – Не ги п(р)остирајте вашите лични податоци


Покриен г.. никој не го плука – Не ги п(р)остирајте вашите лични податоци. Вакви пораки осамнаа денеска на улица „Македонија“ во центрот на Скопје, пред куќата на Мајка Тереза. Оваа уметничка акција е посветена на борбата за заштита на личните податоци, бидејќи секојдневно сѐ повеќе наши граѓани се жртви на злоупотреба на нивните лични податоци. …

Покриен г.. никој не го плука – Не ги п(р)остирајте вашите лични податоци Read More »

Полицијата 10 месеци тапка во место – не знае кој го уби лекарот Ацо Трповски


  Убиството на докторот по општа медицина од Скопје, Ацо Трповски, десет месеци е заплеткано во истрагата на полицијата, а резултат засега нема. Ниту се знае дале наскоро ќе има. Истрагата тапка во место. Полицијата, и покрај сите напори, не може да го пронајде убиецот на докторот Трповски, кој на 21 март беше пронајден во …

Полицијата 10 месеци тапка во место – не знае кој го уби лекарот Ацо Трповски Read More »

МВР продолжува со засилени контроли на возила за намалување на аерозагадувањето


Институциите задолжени со Акцискиот план за грејната сезона 2024-2025, продолжуваат со реализација на мерките што треба да дадат резултат во намалување на загадувањето на воздухот. И во изминатава, недела Секторите за внатрешни работи и Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата (МЕБСП) на Министерство за внатрешни работи на МВР продолжија со засилени контроли на …

МВР продолжува со засилени контроли на возила за намалување на аерозагадувањето Read More »

Невреме и поплави во Италија


Невреме повторно ги зафати италијанските провинции Тоскана и Лигурија, а делови од Фиренца се поплавени, јавија денеска италијанските медиуми. Според локалната полиција, најпогодени се областите Олтрарно и Галуцо. Невремето предизвика штети и во Лигурија, особено во Џенова, каде што се урна ѕид од зграда, поради што пожарникарите ја пребараа областа за да проверат дали има …

Невреме и поплави во Италија Read More »

Ракометниот натпревар за жени меѓу Македонија и Полска ќе се игра во Битола


Реванш натпреварот од баражот за Светското ракометно првенство меѓу женските репрезентации на Македонија и Полска ќе се одигра во Битола. Одлуката Битола да биде домаќин на претстојниот важен меѓународен наторевар и за пласман на светското првенство што ќе се одржи во Холандија и Германија е донесена на иницијатива и апликација до Ракометната федерација на Македонија, …

Ракометниот натпревар за жени меѓу Македонија и Полска ќе се игра во Битола Read More »

Герасимовски: Побаравме да ги преземеме ингеренциите од градот Скопје, хигиената е најважна


 Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски, во однос на состојбата со хигиената во градот информира дека сите 10 скопски општини имаат побарано да ги преземат ингеренциите од градот Скопје, да земат дел од опремата, односно машинеријата за да работат.  – Даваме сѐ од себе да ја подигнеме хигиената на повисоко ниво. Баравме да ги преземеме …

Герасимовски: Побаравме да ги преземеме ингеренциите од градот Скопје, хигиената е најважна Read More »

Австралија Опен го собори минатогодишниот рекорд на посетеност


Отвореното тениско првенство на Австралија постави нов рекорд на посетеност. Оваа година, во текот на три недели (вклучувајќи ги квалификациските и ревијалните натпревари), турнирот го посетија 1.218.831 гледачи – 108 илјади повеќе од 2024 година.  Во исто време, на натпреварите од главниот турнир присуствуваа 1.102.303 гледачи. На Грен слемот во Мелбурн во женска конкуренција победи …

Австралија Опен го собори минатогодишниот рекорд на посетеност Read More »

ЕСМ дистрибуција на топлина до РКЕ поднесе барање за зголемување на трошокот за гориво за 2024 година за 12,92 отсто


 Друштвото за дистрибуција на топлинска енергија ЕСМ дистрибуција на топлина ДООЕЛ Скопје до Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) поднесе барање за промена на максимален регулиран приход и цена за 2024 година за регулираната дејност дистрибуција на топлинска енергија. Со поднесеното барање лани во декември, како што …

ЕСМ дистрибуција на топлина до РКЕ поднесе барање за зголемување на трошокот за гориво за 2024 година за 12,92 отсто Read More »

Израелски медиуми: Албанците преговараат со Трамп за прифат на 100.000 Палестинци од Газа, Рама демантира


 Албанскиот премиер Еди Рама го демантираше извештајот на израелската телевизија Канал 12 во кој се тврди дека неговата влада преговара со администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп за да прими околу 100.000 Палестинци од Газа. – Одамна не сум слушнал нешто толку лажно, а во последно време има многу лажни вести! Апсолутно не е точно, …

Израелски медиуми: Албанците преговараат со Трамп за прифат на 100.000 Палестинци од Газа, Рама демантира Read More »