Пожар во стан од зграда во центарот на Скопје, интервенирале две противпожани возила


Пожар избувнал денеска во стан во зграда на петти кат, во самиот центар на градот Скопје. Во гаснењето интервенирала единица на Противпожарната бригада. Повредени нема, вели командирот на противпожарната бригада на Град Скопје Ѕвонко Томевски. – Станува збор за пожар во станбена зграда на петти кат, на бул. „Кочо Рацин“, веднаш до Домот на синдикатите. …

Пожар во стан од зграда во центарот на Скопје, интервенирале две противпожани возила Read More »

Скопје, Битола и Куманово со најголем број на заболени од грип


Според податоците на Институтот за јавно здравје, во деветата недела од 2025 година се пријавени 2.569 нови случаи на грип, што е намалување од 15,4 отсто во споредба со претходната недела. Сепак, бројот на заболени е четирикратно зголемен во споредба со истиот период минатата година и за 38,4 проценти во споредба со последните 14 сезони. …

Скопје, Битола и Куманово со најголем број на заболени од грип Read More »

Директор на училиште во Делчево усно договорил превоз на ученици


Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против Г.В.(48) од Делчево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ по член 353 став 3 и став 1, а во врска со член 45 од Кривичниот законик. Пријавениот Г.В., како директор на општинско основно училиште во Делчево, …

Директор на училиште во Делчево усно договорил превоз на ученици Read More »

Пратеничката група на ЗНАМ ќе достави иницијатива за прогласување на планината Беласица за заштитно подрачје


 Пратеникот на Движење ЗНАМ, Миле Цеков на денешната прес-конференција информира дека нивната пратеничка група ќе достави иницијатива до Министерството за животна средина и до Владата каде бараат планината Беласица да се прогласи за заштитно подрачје категорија 5, односно заштитен предел согласно Законот за заштита на природата. -Имено, оваа наша иницијатива ја засноваме на неколку факти. …

Пратеничката група на ЗНАМ ќе достави иницијатива за прогласување на планината Беласица за заштитно подрачје Read More »

Отворена првата спортска сала во Пинтија


Денеска, во скопската населба Пинтија пуштена е во употреба нова спортска сала, која ќе овозможи квалитетна настава по физичко образование и подобри услови за спорт и рекреација. Со површина од 350 м², салата ќе им служи на учениците од ПОУ „Рајко Жинзифов“ и на сите млади спортски таленти од оваа населба. Го носи името на …

Отворена првата спортска сала во Пинтија Read More »

Анкара: Турција внимателно ќе ја разгледа можноста за евентуално испраќање мировни трупи во Украина


Турција ќе процени дали да испрати војници во мировна мисија во Украина, ако тоа се покаже како неопходно за гарантирање на мирот, изјавија претставници на Министерството за одбранана на денешната прес-конференција, пренесуваат турските медиуми. – Остануваме на ставот дека праведен и траен мир може да се постигне со рамноправно и правично претставување на двете страни. …

Анкара: Турција внимателно ќе ја разгледа можноста за евентуално испраќање мировни трупи во Украина Read More »

Со средства од унгарскиот заем ќе се реставрира и реконструира Акрополот на тврдината „Исар“ во Штип


Општина Штип денеска  ќе го достави проектот до mинистерствата за култура и туризам и за локална самоуправа за реконструкција на Акрополот на тврдината „Исар“. Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов денеска информираше дека проектот ќе се финансира преку вториот јавен повик за искористување на средства од унгарскиот заем. -Децениски сон на штипјани, коишто досега се …

Со средства од унгарскиот заем ќе се реставрира и реконструира Акрополот на тврдината „Исар“ во Штип Read More »

Пожар зафати десетици куќи, блокиран центарот на градот Арнем во Холандија


Голем пожар избувна денеска во центарот на холандскиот град Арнем, кој брзо се прошири на десетина згради, а се уште не е под контрола, изјави портпаролот на противпожарната бригада. Пожарот најпрво избувнал во една продавница, а потоа се проширил и на другите, а целиот историски дел од центарот на градот бил блокиран, пренесува „НЛ Тајмс“. …

Пожар зафати десетици куќи, блокиран центарот на градот Арнем во Холандија Read More »

Кошта: ЕИБ ќе игра клучна улога за безбедноста и одбраната на Европа


На актуелните геополитички промени треба да гледаме како на одлична можност за изградба на Европа на одбраната, со нови ресурси, алатки и инвестиции, порача денеска претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта во видео обраќањето на годишниот Форум на Европската инвестициска банка (ЕИБ) што се одржува во Луксембург.  – ЕИБ ќе има важна улога во тоа. …

Кошта: ЕИБ ќе игра клучна улога за безбедноста и одбраната на Европа Read More »

Полска работи на укинување на практиката на зимско и летно сметање на времето


Полското претседателство со Советот на ЕУ се залага за укинување на практиката за промена на времето на зимско и летно сметање и за воспоставување на единствена временска зона во текот на целата година, изјави полскиот министер за развој Кжиштоф Пашик.  Тој најави дека Полска презема конкретни чекори за укинување на ваквата практиката во текот на …

Полска работи на укинување на практиката на зимско и летно сметање на времето Read More »

Засилени сообраќајни контроли: 68 возеле без возачка дозвола


Со бројката од вкупно 682 издадени платни налози за сторени прекршоци по основ на одредбите од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и Законот за возила беа заокружени вчерашните (05.03.) интензивни и плански активности на полициските службеници при МВР во делот на сообраќајните контроли на патиштата низ земјава. Притоа, во рамки на посочената бројка, …

Засилени сообраќајни контроли: 68 возеле без возачка дозвола Read More »

Општина Центар финансира поддршка за жртви на насилство, млади во ризик и деца со попреченост


Општина Центар распиша јавен повик за поддршка на проекти кои обезбедуваат социјални услуги за ранливи групи граѓани.   Повикот е насочен кон подобрување на пристапот до социјални услуги, со акцент на три клучни области: психосоцијална поддршка за жртви на насилство, услуги за млади во ризик од зависности и индивидуализирана поддршка за деца со попречености.   …

Општина Центар финансира поддршка за жртви на насилство, млади во ризик и деца со попреченост Read More »

Англичанка го преименува „американо“ во „украино“ како протест против САД


Сопственичка на кафуле во Велика Британија го преименуваше популарното кафе „американо“ во – „украино“ како протест поради, како што самата рече, „злоупотребата кон претседателот Володимир Зеленски“ во САД, за време на неговата посета на Овалната соба во Белата куќа. Кафето „американо“ го добило своето име во Втората светска војна, кога американските војници го разредувале своето …

Англичанка го преименува „американо“ во „украино“ како протест против САД Read More »

Сообраќајка на патот Крива Паланка – Куманово: Сообраќајот пренасочен


Денеска, во 10.10 часот, на патниот правец Крива Паланка – Куманово, на излез од Крива Паланка, се случила сообраќајна незгода, велат од АМСМ. Поради оваа незгода, сообраќајот е во прекин и истиот се пренасочува по стариот пат. Засега нема информации за повредени лица или жртви, повеќе информации се очекуваат во текот на денот.

(Видео): Министер на Трамп се појави на телевизија со крст на челото


Американскиот државен секретар Марко Рубио се појави на Фокс њуз вчера, на денот на пепелната среда, што го означува почетокот на постот за христијаните, со крст на челото. U.S. Secretary of State Marco Rubio draws a cross on his forehead during a press conference to discuss Trump's positions. pic.twitter.com/YWdBTJKfzi — Hanzo (@HanzoNasan) March 6, 2025 …

(Видео): Министер на Трамп се појави на телевизија со крст на челото Read More »

 Во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштита


Министерството за социјална политика, демографија и млади информира дека во текот на вчерашниот ден (05.03.2025 година),  започна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за месец Февруари 2025 година. Корисниците на парични права коишто поседуваат дебитна картичка можат да ја подигнат готовината од  банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната …

 Во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштита Read More »

Иранскиот пејач Мехди Јарахи казнет со 74 удари со камшик, поради поддршка за женските права


Иранскиот пејач Мехди Јарахи, кој зборуваше против строгиот кодекс на облекување на жените во земјата, е осуден и веќе казнет со 74 удари со камшик, како дел од спогодбата за прекин на кривичната постапка против него. Јарахи беше осуден во јануари минатата година, за противзаконското објавување песна, во знак на протест, наречена „Твојата шамија“, и тоа …

Иранскиот пејач Мехди Јарахи казнет со 74 удари со камшик, поради поддршка за женските права Read More »

Ракометарите на Еурофарм Пелистер ќе го пречекаат ПСЖ во полна сала


Македонскиот ракометен шампион Еурофарм Пелистер последниот дуел од европската Лига на шампионите против Париз Сен Жермен ќе го одигра вечер пред полни трибини. Влезниците се распродадени уште пред два дена. Од клубот најавуваат спортска разделба од Лигата на шампионите и очекуваат спектакуларен натпревар меѓу репрезентативците и интернационалците во двете екипи. Ракометарите на Еурофарм Пелистер, голманот …

Ракометарите на Еурофарм Пелистер ќе го пречекаат ПСЖ во полна сала Read More »