Црногорската војска го спаси легендарниот скијач Ивица Костелиќ од морето кај Улцињ


Црногорската војска синоќа од морето кај вливот на реката Бојана, кај Улцињ, извлекла двајца странски државјани, од кои едниот е хрватскиот скијач Ивица Костелиќ, потврдија за медиумите од црногорската влада. Потврдено е дека Костелиќ и уште еден странски државјанин биле спасени „во сложени околности“ со употреба на патролни чамци за брза интервенција на Морнарицата на …

Црногорската војска го спаси легендарниот скијач Ивица Костелиќ од морето кај Улцињ Read More »

Блумберг: Виткоф планира посета на Москва за да се сретне со Путин


Специјалниот пратеник на американскиот претседател Доналд Трамп за Блискиот Исток, Стив Виткоф, планира посета на Москва за да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин, пишува Блумберг, повикувајќи се на извор запознаен со плановите. Неименуван извор изјавил дека Виткоф ќе замине во Москва на разговори со Путин, но не соопшти повеќе детали. Виткоф, кој официјално …

Блумберг: Виткоф планира посета на Москва за да се сретне со Путин Read More »

Постигнат договор: Сириските Курди ќе се интегрираат во новите државни институции


 Сириските демократски сили (СДФ), предводени од Курдите и поддржани од САД, денеска постигнаа договор со новото раководство во Сирија за целосна интеграција во државните институции. Според соопштението на сириското претседателство, историскиот договор бил потпишан од претседателот на преодната влада Ахмед ал-Шара и командантот на СДФ Маслум Абди. Со договорот се предвидува „интеграција на сите цивилни …

Постигнат договор: Сириските Курди ќе се интегрираат во новите државни институции Read More »

Кавадаречките пожарникари изминатиов викенд имале над 20 интервенции


Кавадаречките пожарникари изминатиов викенд имале над 20 интервенции, информираа вечерва од Територијалната противпожарна единица Кавадарци.   -За жал сезоната на т.н полски пожари започна многу порано оваа година. ТППЕ Кавадарци само за овој викенд имаше пријави за преку 20 интервенции. Беа запалени стрништа, сува трава, жбун, но делумно настрадаа и долгогодишни овоштарски насади, за кои, …

Кавадаречките пожарникари изминатиов викенд имале над 20 интервенции Read More »

Вучиќ: За пет дена ќе има обид за револуција во Србија, ќе бараат преодна влада


  Српскиот претседател Александар Вучиќ во Главниот одбор на Српската напредна партија изјави дека остануваат уште пет дена до „нивниот обид за револуција“ и уривањето на уставниот поредок, што е едно од најтешките злосторства во Србија. „Главното барање по преземањето на институциите ќе биде формирање некаква преодна влада. Тие не можат да го соборат претседателот, …

Вучиќ: За пет дена ќе има обид за револуција во Србија, ќе бараат преодна влада Read More »

САД претставија нова апликација за „самодепортација“ на мигранти


 Администрацијата на актуелниот претседател на САД, Доналд Трамп, денеска претстави нова апликација што ќе им овозможи на мигрантите во САД да се „самодепортираат“, наместо да се соочат со можен притвор и депортација. Оваа иницијатива е дел од заложбите на Трамп за депортација на илегалните имигранти. Апликацијата на Американската царинска и гранична заштита, наречена CBP Home, …

САД претставија нова апликација за „самодепортација“ на мигранти Read More »

Утврден идентитетот на жртвите во сообраќајката кај Битола


На магистралниот пат Битола-Прилеп, денеска во 11.55 часот се случи сообраќајна несреќа меѓу патничко возило „дачиа” со скопски регистарски ознаки, управувано од Е.И. (37) од Битола, и товарно возило „ивеко” со битолски регистарски ознаки, управувано од Б.К.(29) од селото Обршани, Општина Кривогаштани. Од СВР-Битола соопштија дека во несреќата, на местото на настанот починале возачот на …

Утврден идентитетот на жртвите во сообраќајката кај Битола Read More »

Уапсени Ратко Капушевски и сопственикот на „Пуцко петрол“


Попладнево полицијата ги обезбеди бизнисменот и поранешен директор на Спортскиот центар „Борис Трајковски“, Ратко Капушевски и сопственикот на „Пуцко петрол“, Асмир Јахоски. Ова следува по денешната координирана акција против компании и поединци кои набавувале мазут, а кој што го загрозува здравјето на граѓаните и животната средина. ОЈО-ГОКК потврди дека моментално се вршат претреси на неколку …

Уапсени Ратко Капушевски и сопственикот на „Пуцко петрол“ Read More »

Руте: Нема да дозволиме безбедносен вакуум во БиХ како во 1992 година


НАТО целосно ги поддржува суверенитетот и територијалниот интегритет на Босна и Херцеговина и порачува дека мора да се почитува Дејтонскиот мировен договор, како камен темелник на мирот во земјата, истакна денеска во Сараево генералниот секретар на Алијансата, Марк Руте.  – Секоја активност што ги поткопува Дејтонскиот договор, уставниот поредок или националните институции, е неприфатлива. Поттикнувачката …

Руте: Нема да дозволиме безбедносен вакуум во БиХ како во 1992 година Read More »

Судскиот совет избра нови 49 судии низ државава


Нови 49 судии низ државава беа избрани на денешната седница на Судскиот совет на Република Северна Македонија. За судии на Основен суд – Битола избрани беа Марија Филиповска – Поповска, Стефан Гајдаровски, Гордана Николовска и Александра Средовска – Лазановски. За судии на Основен суд – Гевгелија беа избрани Ива Цоневска – Вангелова и Марта Спасовска. …

Судскиот совет избра нови 49 судии низ државава Read More »

Модуларните болници ќе бидат пренаменети во амбуланти


Модуларните болници во земјава, кои се користеа во време на пандемијата, веќе се пренаменуваат, но не во болници туку во амбуланти и други објекти што се потребни за другите министерства, изјави министерот за здравство Арбен Таравари по денешната посета на Велешката општа болница.   -По тоа што се случи во Тетово со пожарот во Модуларната …

Модуларните болници ќе бидат пренаменети во амбуланти Read More »

Тендерот за катни гаражи на Клинички центар пред да се потпише треба да помине на Влада, вели Таравари


Тендерот за изградба на катни гаражи на Клинички центар ги помина сите процедури, но се уште не е потпишан договорот со изведувачот, оти треба прво да помине на Влада, изјави министерот за здравство Арбен Таравари. -Тендерот ги помина сите постапки како што треба. Значи нема нешто што е нерегуларно. Јас не знам зошто толку паника. …

Тендерот за катни гаражи на Клинички центар пред да се потпише треба да помине на Влада, вели Таравари Read More »

Општина Аеродром казни угостителски објект со 6.000 евра за бучава


Општина Аеродром изрече и наплати парична казна во висина од 6 илјади евра на правно лице за надминување на максимално дозволеното ниво на бучава, информираат од Општината. При мерење на бучава од страна на инспекторите за еден од угостителските објекти на териоторијата на Општина Аеродром е констатирано дека правното лице го нарушило мирот на граѓаните …

Општина Аеродром казни угостителски објект со 6.000 евра за бучава Read More »

Две жртви и едно тешко повредено лице во сообраќајка на влезот во Битола


Две лица загинаа, а едно лице е тешко повредено во сообраќајка што денеска напладне се случи на магистралниот патен правец А3 што го поврзува градовите Битола и Прилеп. Во сообраќајката на влезот во Битола, учествувале камион и патничко моторно возило и притоа во директниот судир на лице место животот го загубиле едно лице жител на …

Две жртви и едно тешко повредено лице во сообраќајка на влезот во Битола Read More »

ССМ: Портпарол сум само на работниците, бараме минимална плата од 550 евра


ССМ не отстапува од барањето минималната плата да се зголеми за 100 евра, за колку што пресметале дека се зголемени трошоците за живот во последнава година. „Не сум портпарол ниту на СДСМ ниту на Левица. Јас сум портпарол само на работниците“, рече Слободан Трендафилов, претседател на ССМ, по одржувањето на состанокот на Претседателството, како порака …

ССМ: Портпарол сум само на работниците, бараме минимална плата од 550 евра Read More »

Укинат притворот за Валмир Етеми со гаранција од над 600 илјади евра


Апелациониот суд Скопје денеска соопшти дека е укината мерката притвор за обвинетиот Валмир Етеми, кој е организатор на групата за трговија со дрога и оружје во охридско-струшкиот регион со прифаќање гаранција во вкупен износ од над 600 илјади евра. На обвинетиот му се определени мерки на претпазливост. -Апелациониот суд Скопје во интерес на јавноста и медиумите …

Укинат притворот за Валмир Етеми со гаранција од над 600 илјади евра Read More »

Општина Центар дава пари и за спорт


Градоначалникот Горан Герасимовски информира дека Општина Центар распиша Јавен повик за финансиска поддршка на проекти и програмски активности од областа на спортот со цел унапредување, промоција и афирмација на спортот во општината. Герасимовски, истакнува дека право на учество имаат спортисти-поединци, спортски клубови, спортски здруженија и спортски институции.  „Средствата од овој повик ќе бидат насочени кон …

Општина Центар дава пари и за спорт Read More »

Хаос во Северното Море: Се судрија товарен брод и танкер


Товарен брод и танкер се судрија во Северното Море кај брегот на Јоркшир, јави Би-би-си. На местото на настанот се упатиле чамци за спасување и противпожарни екипи, а во тек е спасувачка операција на крајбрежната стража. #BREAKING: Large rescue response underway after U.S. oil tanker and cargo vessel collide in the North Sea off the …

Хаос во Северното Море: Се судрија товарен брод и танкер Read More »

Поради несреќа на патот Битола – Прилеп, сообраќајот е пренасочен


 Поради случена сообраќајна незгода на магистралниот пат А3 Битола – Прилеп сообраќајот се пренасочува по регионалниот пат. Како што информираат од Автомот сојузот на Македонија, сообраќајот се пренасочува на регионалниот пат од 12.10 часот. Две жртви и едно тешко повредено лице во сообраќајка на влезот во Битола Две лица загинаа, а едно лице е тешко …

Поради несреќа на патот Битола – Прилеп, сообраќајот е пренасочен Read More »