Студентите на УКИМ неделава организираат собири за жртвите во пожарот, од Ректоратот имаат дозвола за прекин на наставата


Студентите и професорите на Скопскиот универзитет денеска и во текот на целата недела ќе присуствуваат на организирани собири – Заеднички час, што точно напладне ќе се одржуваат на различни кампуси на УКИМ, за да изразат почит на жртвите во пожарот на концертот во Кочани и поддршка на нивните семејства. Првиот заеднички час е денеска од …

Студентите на УКИМ неделава организираат собири за жртвите во пожарот, од Ректоратот имаат дозвола за прекин на наставата Read More »

На пешачки премин пред „Дајмонд мол“ прегазена девојка


Утрово, во пикот на сообраќајниот метеж, во центарот на Скопје на пешачки премин пред шопинг центарот „Дајмонд Мол“ прегазена е девојка, информира „Слободен печат“ . Засега нема информации за состојбата на прегазената девојка.

Обвинители од Кочани, Штип и Скопје, работат на истрагата за дискотеката „Пулс“ – се вештачи и компјутер од Министерството за економија


Обвинителскиот тим кој работи на истрагата за утврдување на причините за катастрофата во Кочани од утрово е проширен и во моментов го сочинуваат двајца јавни обвинители од ОЈО Кочани, двајца јавни обвинители од ОЈО Штип и пет јавни обвинители од ОЈО Скопје. Како што информираат од Јавното Обвинителство, синоќа се издадени повеќе дополнителни наредби, вклучително …

Обвинители од Кочани, Штип и Скопје, работат на истрагата за дискотеката „Пулс“ – се вештачи и компјутер од Министерството за економија Read More »

Почина возач на Итната помош од Кочани кој вчера неуморно цел ден пренесуваше тешко повредени


Утрово Кочани и јавноста ја разбуди нова трагична вест за загуба на млад живот. Имено колегите и вработените во Општата болница Кочани кои се уште не можат да се соземат од шокот, утрово се простуваат од Иле Гоцевски. Долгогодишен возач на возила во Итната помош Кочани кој ноќеска починал откако по напорниот и долг ден …

Почина возач на Итната помош од Кочани кој вчера неуморно цел ден пренесуваше тешко повредени Read More »

Вучиќ: Ако до 18 април не се формира Влада, избори на 8 јуни


Српскиот парламент во вторник или среда треба да ја констатира оставката на Милош Вучевиќ и ќе започне рокот од 30 дена за формирање нова влада. Доколку не се формира Влада, ќе се одржат нови избори, кои најверојатно ќе бидат на 8 јуни, изјави на седницата на Владата, претседателот на Србија, Александар Вучиќ. Во однос на …

Вучиќ: Ако до 18 април не се формира Влада, избори на 8 јуни Read More »

Во штипската Клиничка болница хоспитализирани двајца пациенти од несреќата во Кочани


Само двајца пациенти од несреќата во Кочани се лекуваат во штипската Клиничка болница, информира во писмено соопштение утринава портпаролот на Клиничка болница-Штип, Емилија Арсова. -По вчерашна тријажа и координација со Кризен штаб од Скопје во вечерните часови пациентите  од несреќата во Кочани кои беа хоспитализирани во КБ – Штип се транспортирани во Клинички центар ‘‘Мајка …

Во штипската Клиничка болница хоспитализирани двајца пациенти од несреќата во Кочани Read More »

Младиот кошаркар Петар Ивановски загина во пожарот во дискотеката во Кочани


Петар Ивановски, кошаркар на Баскет Дино Деликатес од Кочани, е жртва на трагедијата во Кочани. Кобната вечер Ивановски бил во дискотеката, во која загинаа најмалку 59 лица. Покрај Ивановски, има загинати уште двајца спортисти, фудбалерот Андреј Лазаров и голманот Дамјан Танески, кој настапуваше во неколку клубови во источна Македонија. „Аххх , аххх наш Петар. Со …

Младиот кошаркар Петар Ивановски загина во пожарот во дискотеката во Кочани Read More »

Во торнада, пожари и песочни бури загинаа најмалку 40 луѓе ширум САД


Најмалку 40 луѓе загинаа откако торнада го погодија средниот запад и јужниот дел на САД. Во сојузната држава Мисури во торнадата загинаа најголем број луѓе – 12. Силните ветрови во сојузните држави Тексас и Канзас предизвикаа песочни бури, при што се регистрирани десетина смртни случаи. Од екстремните временски услови зафатена е област, каде живеат повеќе …

Во торнада, пожари и песочни бури загинаа најмалку 40 луѓе ширум САД Read More »

Лекарите во Загреб му пресадиле пет органи на маж (32)


Во клиничката болница „Меркур“ во Загреб, Хрватска извршена е ретка и исклучително сложена операција. Пациентот добил пет нови органи – желудник, црн дроб, панкреас, тенко и дебело црево. Ова е втора ваква процедура во болницата, а лекарскиот тим во неделата ја заврши операцијата во утринските часови, јавува Дневник.хр. Повикот дека е пронајден соодветниот донатор дојде …

Лекарите во Загреб му пресадиле пет органи на маж (32) Read More »

Дозволите на американските компании за извоз на месо во Кина масовно истекоа. Кинезите не издаваат нови


Дозволите на американските компании за извоз на месо во Кина масовно истекоа. Кинезите не издаваат нови. Дозволите за увоз за повеќе од 1.000 американски компании за месо одобрени од Кина според трговскиот договор „Фаза 1“ од 2020 година истекоа во неделата, покажа кинеската царинска веб-страница, заканувајќи го американскиот извоз на најголемиот купувач во светот поради …

Дозволите на американските компании за извоз на месо во Кина масовно истекоа. Кинезите не издаваат нови Read More »

МЗ: Хоспитализираните во странство во стабилна состојба, помош од повеќе држави


Министерството за здравство вечерва соопшти дека во домашните здравствени установи низ државата згрижени се над 140 пациенти од трагичната несреќа во Кочани. Дел од пациентите се префрлени во здравствени установи во странство и тие се наоѓаат во стабилна состојба.  За сите информации поврзани со состојбата на пациентите кои се наоѓаат во странство, како контакт лице …

МЗ: Хоспитализираните во странство во стабилна состојба, помош од повеќе држави Read More »

Поведена постапка против 11 лица, за осум веќе е поднесен предлог за краткотраен притвор


Обвинителството вечерва соопшти дека се поведува постапка на проверки за вкупно 11 лица во врска со трагичната несреќа што се случи во дискотека во Кочани.  Од нив, за осум лица веќе е поднесен предлог за краткотраен притвор, а за останатите тројца кои се хоспитализирани и во потешка здравствена состојба, постапката ќе продолжи дополнително.  – Обвинителството …

Поведена постапка против 11 лица, за осум веќе е поднесен предлог за краткотраен притвор Read More »

Родителите ќе дозволат обдукција на телата на нивните деца


Се смири тензијата во Кочани откако се договорија родителите и обвинителите. Родителите ќе дозволат да се изврши обдукција врз телата на нивните деца. Обвинителката им објаснуваше на револтираните родители дека тоа е законска процедура и мора да има обдукција. По идентификацијата и обдукцијата, телата ќе бидат предадени на семејствата.

Студентите организираат собир на платото пред УКИМ за настраданите во Кочани


Со оглед на големата трагедија која настана изутринава во дискотеката во Кочани, студентите на УКИМ Ве покануваат да го проследите организираниот заеднички час во форма на искажување почит кон  жртвите кои настрадаа при немилиот настан, се вели во соопштението на Универзитетското студентско собрание.   – Утре (17.03.2025) со почеток од 12 ч. на Платото на …

Студентите организираат собир на платото пред УКИМ за настраданите во Кочани Read More »

Овие луѓе нудат сместување за блиските на настраданите


По трагичната несреќа во која загинаа 59 луѓе во дискотека во Кочани, каде изби пожар, а 155 беа повредени, повеќе луѓе, хотели и други институции нудат сместување за најблиските на повредените.  Сместување нудат најмногу за Скопје, но има и за Бугарија, Грција и другите змји што примија пациенти од Македонија. Доколку имате потреба од сместување …

Овие луѓе нудат сместување за блиските на настраданите Read More »

Штипјани се простуваат од загинатите во несреќата во Кочани


На градскиот плоштад во Штип вечерва се собираат граѓани кои палат свеќи за загинатите во трагичната несреќа во Кочани, јави дописникот на МИА од овој град. Во пожарот во Кочани загинаа петмина граѓани на Штип меѓу кои три деца и двајца возрасни. Меѓу загинатите е и директорот на Центарот за култура „Ацо Шопов“, Филип Стевановски.

Седум пациенти чекаат трансфер во странство од „Жан Митрев“


Клиниката „Жан Митрев“ соопшти дека кај нив се згижени седум пациенти повредеи вои трагедијата во Кочани, од кои тројца се во животозагрозувачка состојба и се интубирани. – Во овие критични моменти, Клиниката „Жан Митрев“ е целосно посветена на обезбедување итна и најквалитетна медицинска грижа за сите погодени од несреќата. Нашиот медицински тим вложува максимални напори …

Седум пациенти чекаат трансфер во странство од „Жан Митрев“ Read More »

Грчката полиција го „чисти“ патот од други возила за амбулантните со пациенти од Македонија


Грчката полиција го ослободува патот од други возила, за да може амбулантни возила да стигнат што е можно побргу до нивните клинички центри каде се пренесуваат дел од повредените пациенти во трагедијата во дискотеката во Кочани. „Трите медицински транспортни возила на „Аџибадем Систина“ кои напладне вршеа меѓународен транспорт на поврдените пациенти од КАРИЛ до здравствена …

Грчката полиција го „чисти“ патот од други возила за амбулантните со пациенти од Македонија Read More »

Сиљановска-Давкова: Никогаш повеќе да не дозволиме со манипулации да се загрозуват невини животи


Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова порача дека не треба никогаш повеќе да дозволиме поради манипулација, корупција и занемарување на стандарди да страдаат невини жртви. Во попладневното обраќање по трагедијата во кочанксата дискотека, каде животот го загубија 59 млади луѓе, а 155 беа повредени, Сиљановска-Давкова рече дека најтешко повредените се транспортираат на специјализираните болници во Бугарија, Србија, Грција …

Сиљановска-Давкова: Никогаш повеќе да не дозволиме со манипулации да се загрозуват невини животи Read More »

Клековски: Конзилиум проценува дали повредени во пожарот во Кочани треба да бидат транспортирани во странство


 Конзилиум работи на целиот список повредени при пожарот во дискотеката, се прави проценка дали да бидат префрлени од Кочани и Штип во Скопје и од Скопје на други место. За сите да бидат згрижени на највисоко можно ниво. Ова го соопшти денеска во изјава за медиумите, директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски. Тој …

Клековски: Конзилиум проценува дали повредени во пожарот во Кочани треба да бидат транспортирани во странство Read More »