Британија предупредува за амбициите на Путин на Западен Балкан. „Тоа е нова жешка точка“


Додека очите на Европа и на Западот најмногу се насочени кон војната во Украина, тензиите во Западен Балкан растат. Во врвот на британските власти тие го нарекуваат регионот „уште една фокусна точка“ и предупредуваат дека рускиот претседател Владимир Путин го користи моментот за да ги дестабилизира поранешните југословенски земји, да ги поттикне поделбите и да …

Британија предупредува за амбициите на Путин на Западен Балкан. „Тоа е нова жешка точка“ Read More »

Општина Карпош ги заостри правилата за градба – нема да сметаат на соседите


Поттикнати од неверојатниот глад за остварување што е можно поголем профит на инвеститорите и добивање на што е можна поголема квадратура и непредвидено богатство за сопствениците на земјиштето општина Карпош носи трет сет на мерки за вразумување на сопствениците и изведувачите, објави денеска градоначалникот на Карпош, Стевче Јакимовски.  Овие мерки се во насока на подобрување …

Општина Карпош ги заостри правилата за градба – нема да сметаат на соседите Read More »

Медиуми добија дојава дека за 35 минути во Атина ќе експлодира бомба. Експлодира!


Експлозија се случила пред канцеларијата на Грчките железници во Атина, соопшти во петокот грчката полиција, додавајќи дека засега нема извештаи за жртви. Полицијата го блокираше пристапот до областа откако два грчки медиуми добија дојава дека ќе се случи експлозија во рок од 35 минути, соопштија полициски претставници. Зградата е евакуирана. Сè уште никој не ја …

Медиуми добија дојава дека за 35 минути во Атина ќе експлодира бомба. Експлодира! Read More »

Западни медиуми: НАТО подготвува воени карти во случај на конфликт со Русија


Соочени со можноста од руска агресија, земјите од НАТО го засилуваат теренското планирање со изготвување на воени карти со правците на можните руски напади, јавија денеска западните медиуми. Најангажрана во ова е фанцуската армија, која во соработка со романската картографска агенција, изработува тридимензионални мапи за потенцијалните боишта, особено околу Карпатите. Картите вклучуваат„високи точки“, воено релевантни …

Западни медиуми: НАТО подготвува воени карти во случај на конфликт со Русија Read More »

Демант од „Бин бин“ скутер по објавен текст


По објавата на текстот „’Бин Бин’ замина од Скопје? Тротинетите може секој да ги вози без да плати и ако има батерија“ во „Независен“ од компанијата стигна демант кој го објавуваме во целост и се извинуваме за евентуално нанесената штета.  „Ви се обраќам од името на Друштво БИН БИН СКУТЕР ДООЕЛ Скопје, а по повод …

Демант од „Бин бин“ скутер по објавен текст Read More »

Туфегџиќ: Обвинителството треба да се фокусира на дискредитирање на исказите, а не на личноста на Ѓорчевски


Владимир Туфегџиќ, адвокатот на Александар Ѓорчевски, по денешното судење истакна дека Обвинителството уште еднаш потврдило дека нема аргументи против таткото на Вања, Александар Ѓорчевски, додавајќи дека тој е неосновано обвинет.  Туфегџиќ подвлече дека Обвинителството треба да се фокусира на дискредитирање на исказите, а не на личноста на обвинетиот.  -Јавниот обвинител смее да дискредитира исказ, но …

Туфегџиќ: Обвинителството треба да се фокусира на дискредитирање на исказите, а не на личноста на Ѓорчевски Read More »

Бројот на загинати во уривањето на покривот на ноќниот клуб во Санто Доминго се искачи на 221


Бројот на загинати во уривањето на покривот на ноќниот клуб „Џет сет“ во главниот град на Доминиканската Република, Санто Доминго се искачи на најмалку 221, соопштија денеска властите, додека потрагата по исчезнатите продолжува. Спасувачките тимови извлекоа речиси 200 преживеани од урнатините. Несреќата се случи на 8 април. Меѓу жртвите е и гувернерката на северозападната провинција …

Бројот на загинати во уривањето на покривот на ноќниот клуб во Санто Доминго се искачи на 221 Read More »

Поради трка посебен сообраќаен режим во Скопје во недела


СВР Скопје ги известува граѓаните дека 13.04.2025 (недела) со почеток во 10.00 часот, поради одржување на улична трка, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот. Трасата на движење ќе започне од бул.„Илинден“ пред фонтана Лотус (старт и цел) право по должина на бул.„Илинден“ до крстосница со бул.„8-ми Септември“ …

Поради трка посебен сообраќаен режим во Скопје во недела Read More »

Во Ресен ќе се прогласи природна непогода – овоштарите ќе се обештетат


Сите земјоделци од понеделник да ги пријават настанатите штети од ниските температури, за да се обесштетат, истакнал министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски при работната посета во Ресен. Како што соопшти МЗШВ, министерот Трипуновски денеска имал состанок со градоначалникот и со советниците, на кој разговарале за ситуацијата која што го погоди овој регион, …

Во Ресен ќе се прогласи природна непогода – овоштарите ќе се обештетат Read More »

Имамоглу: На суд сум затоа што победив на изборите


Поранешниот градоначалник на Истанбул, Екрем Имамоглу денеска има два судски процеси против него, а ќе се појави пред суд и во својство на сведок во процесот против неговата Републиканска народна партија (ЦХП). Против 53-годишниот Имамоглу се водат пет одделни судски процеси и уште три истраги. Имамоглу на почетокот од судењето за наводните закани кон јавниот …

Имамоглу: На суд сум затоа што победив на изборите Read More »

Трудова инспекција ја затвори спортската сала „Нико Нестор“ во Струга поради небезбедност за користење


Трудовата инспекција ја затвори спортската сала „Нико Нестор“, која ја користат дел од учениците на истоименото училиште, но и спортски клубови од Струга, поради опасност по безбедноста и здравјето при работа на вработените, соопшти за МИА Државниот инспекторат за труд. Според информацијата, по допрен глас, државен инспектор за труд од Одделение за безбедност и здравје …

Трудова инспекција ја затвори спортската сала „Нико Нестор“ во Струга поради небезбедност за користење Read More »

Ѓорчевски одби да одговара на прашањата на Палевски, кажа само дека не го познава


„Немам коментар“ беше одговорот на прашањата поставени од обвинетиот Љупчо Палевски кон таткото на Вања, Александар Ѓорчевски, кој денеска сведочеше во Основен кривичен суд Скопје. Ѓорчевски одговори единствено на првото прашање на Палевски, во врска со тоа дали слушнал дека има комуникација со кој било член од неговото семејство, при што замоли веќе да не …

Ѓорчевски одби да одговара на прашањата на Палевски, кажа само дека не го познава Read More »

Христов: Притисоци од политичари, доктори и бизнисмени за чие дете да игра фудбал


Новиот прв човек на фудбалските младински селекции, Ѓорѓи Христов, отворено зборуваше за предизвиците што ги наследува и ја најави решителната заложба да се стави крај на корупцијата и притисоците кои со години го разјадувале системот, јавува Спорт1. Тој ги откри работите кои се правеле за време на претходното раководство на ФФМ, а за Академијата за …

Христов: Притисоци од политичари, доктори и бизнисмени за чие дете да игра фудбал Read More »

Едносменска настава има во 150 училишта, за да се опфатат сите во државава треба да се доградат 300 училници


 Сто и педесет училишта во државава во моментов имаат едносменска настава, информираше денеска ресорната министерка Весна Јаневска. Едносменската настава и продолжен престој на ученици и на наставници во училиштата е мерка на МОН што се спроведува како суштински предуслов за поквалитетно образование. Воведувањето едносменска настава е поврзана со процесот за оптимизација на училишната мрежа односно …

Едносменска настава има во 150 училишта, за да се опфатат сите во државава треба да се доградат 300 училници Read More »

Седум пациенти од Кочани денеска се враќаат од странство


Министерството за здравство информира дека денес се планира враќање на седум пациенти од Виена, Анкара, Мадрид, Варшава, Марибор, Атина и Солун, со што во странски медински центри ќе останат на лекување 48 пациенти.   Непроменета останува состојбата на пациентите кои се третираат во странство, вклучително и состојбата на критичните пациенти.   Во болниците во земјава …

Седум пациенти од Кочани денеска се враќаат од странство Read More »

Јаневска: Со јакнење на образованието на девојчињата го отклучуваме потенцијалот на жените


Силно зајакнување на позицијата на жената во секој сегмент на општественото дејствување, како основа за просперитет и одржливост, е програмски фокус на оваа Влада. Во рамки на реформите на образованието, со цел да одговори на барањата на пазарот на труд, посебно внимание посветуваме на зголемување на пристапот на девојчињата кон стручните знаења и вештини, затоа …

Јаневска: Со јакнење на образованието на девојчињата го отклучуваме потенцијалот на жените Read More »

На Клиниката за онкологија отворал шкаф по шкаф – уапсен 17-годишник


На Клиниката за онкологија во Скопје,  за неколку дена биле обиени повеќе од 18 шкафови, кои ги користеле вработените, а од нив биле одземани пари и други вредни предмети. Инцидентот Клиниката го пријавила една недела подоцна Од Министерството за внатрешни работи потврдуваат дека во последните денови имале повеќе пријави од Клиниката за радиологија и онкологија …

На Клиниката за онкологија отворал шкаф по шкаф – уапсен 17-годишник Read More »

Таравари: Не сум информиран за недостиг на лекови на онкологија


Министерот за здравство Арбен Таравари денеска во Гостивар изјави дека нема информација за недостиг на лекови во медицинските установи, ниту во оноколошката клиника. На утринскиот брифинг, како што потенцира, не бил пријавен проблем. – Јас моментално немам информација дека има недостаток на некаков лек на онкологија, генерално ги имаме сите лекови. Инсулин, два дена недостасуваше, меѓутоа …

Таравари: Не сум информиран за недостиг на лекови на онкологија Read More »

Претрес во фабрика за производство на канабис во Гостивар, приведени сопственикот и еден вработен


Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција и ОВР Гостивар, во содејство со Комисијата за оценување на исполнувањето на условите во однос на простор, опрема и кадар за добивање одобрение за одгледување на канабис за медицински цели при Министерството за здравство, вчера по претходно добиена наредба од Основен суд Гостивар, извршиле претрес и вонредна контрола …

Претрес во фабрика за производство на канабис во Гостивар, приведени сопственикот и еден вработен Read More »

Јаневска за проблемот во ОУ „Панајот Гиновски“: Мерката е многу едноставна и се вика дератизација


Мерката е многу едноставна и се вика дератизација, рече министерката Весна Јаневска во врска со појавата на глувци во Основното училиште „Панајот Гиновски“ во општина Бутел и вознемирените родители кои поради проблемот не ги пуштаат децата на настава. Одговарајќи на новинарски прашања денеска Јаневска рече дека ќе биде контактирана директорката на училиштето во врска со …

Јаневска за проблемот во ОУ „Панајот Гиновски“: Мерката е многу едноставна и се вика дератизација Read More »