Поднесен предлог за спомен-парк со 14 клупи на местото каде беше модуларната болница во Тетово
Иницијативата „Нула“ денеска заедно со семејствата на 14-те починатите во пожарот во модуларна болница поднесе предлог барање во Општина Тетово на тоа место да се направи спомен-парк со 14 клупи. Предлогот е доставен до градоначалникот на Тетово Билал Касами, до претседателот на Советот на Општина Тетово Наим Исмаили и до министерот за здравство Азир Алиу. …