Погребот на папата можност за прва средба меѓу Фон дер Лајен и Трамп


Базиликата „Свети Петар“ во Рим денеска ќе се претвори во жариште на меѓународната дипломатија кога светските лидери ќе се собираат во неа за да му оддадат последна почит на папата Франциск, кој во понеделникот почина на 88-годишна возраст.  Како што наведува бриселскиот портал „Еурактив“, на врвот на голем број листи на желби на присутните ќе …

Погребот на папата можност за прва средба меѓу Фон дер Лајен и Трамп Read More »

Во Индонезија еруптираше вулканската планина Левотоби


Вулканската планина Левотоби, лоцирана во индонезиската провинција Источно Мали Сунди денеска еруптираше и исфрли пепел во висина до 3.500 метри, соопшти Агенцијата за вулканологија и ублажување од геолошки катастрофи. Поради густите сиво-црни облаци од пепел на авионите им е забрането да летаат под 5.000 метри во близина на вулканот. Во исто време е издадено и …

Во Индонезија еруптираше вулканската планина Левотоби Read More »

Сите во црно на погребот на Папата Франциск, никој не смее да ги прекрши правилата


Погребот на папата Франциск, кој ќе се одржи на плоштадот Свети Петар, не е само верски туку и глобален дипломатски настан од највисок ред. Со учество на повеќе од 130 странски делегации и десетина владетелски дворови, Ватикан постави строги правила што ги регулираат не само протоколот на седење, туку и облекувањето на сите присутни – …

Сите во црно на погребот на Папата Франциск, никој не смее да ги прекрши правилата Read More »

Во базиликата Санта Марија Маџоре во Рим ќе биде погребан папата Франциск


По погребната миса, што ќе ја предводи деканот на Колеџот на кардинали, кардиналот Џовани Батиста Ре, на плоштадот Свети Петар во Ватикан ќе биде погребан папата Франциск во базиликата Санта Марија Маџоре во центарот на Рим. Поглаварот на Римокатоличката црква почина на 88-годишна возраст на 21 април. Се очекува 200.000 луѓе да присуствуваат на погребот …

Во базиликата Санта Марија Маџоре во Рим ќе биде погребан папата Франциск Read More »

Променливо облачно и нестабилно, со повремени локални врнежи од дожд и грмежи


Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремени локални врнежи од дожд и грмежи. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер и изолирана појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 12, а максималната ќе достигне од 17 до 25 …

Променливо облачно и нестабилно, со повремени локални врнежи од дожд и грмежи Read More »

Запечатен е ковчегот на папата Францискo, почит му оддале 250.000 луѓе


Ковчегот на папата Францискo е запечатен вечерва за време на литургиската церемонија во базиликата „Свети Петар“, пред неговиот погреб што ќе се одржи утре, додека околу 250.000 верници му оддадоа почит на поглаварот на Римокатоличката црква. Кардиналот Кевин Фарел ја предводеше церемонијата за запечатување на ковчегот на папата Франциск, со што се означи крајот на јавното изложување …

Запечатен е ковчегот на папата Францискo, почит му оддале 250.000 луѓе Read More »

Силен земјотрес од 6,3 степени го погоди Еквадор


Земјотрес со интензитет од 6,3 степени според Рихтеровата скала го погоди денес брегот на Еквадор, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки центар (EMSC). Земјотрес со интензитет од 6,3 степени според Рихтеровата скала го погоди денес брегот на Еквадор, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки центар (EMSC), при што се оштетени зградите во градот Есмералдас и привремено е затворен дел …

Силен земјотрес од 6,3 степени го погоди Еквадор Read More »

ОН: За две недели во Дарфур убиени над 480 цивили


Повеќе од 480 цивили се убиени во изминатите две недели во северниот дел на Дарфур во Судан, соопштија денеска Обединети нации, истакнувајќи оти најверојатно бројот на загинати е многу поголем. Канцеларијата на ОН за човекови права наведе дека е потврдено оти од 10 април загинале најмалку 481 човек во северниот дел на Дарфур. Помеѓу загинатите …

ОН: За две недели во Дарфур убиени над 480 цивили Read More »

Администрацијата на Трамп ја повлече одлуката за поништување на визите за илјадници странски студенти


Администрација на претседателот на САД Доналд Трамп неочекувано ја повлече одлуката за поништување на над 1.500 студентски визи, изјави денеска претставникот на Министерството за правда за време на судско рочиште во Вашингтон, Џозеф Карили. Тој додаде дека имиграциските служби работат на нов систем за преглед и евентуално укинување на визи, и дека додека не заврши …

Администрацијата на Трамп ја повлече одлуката за поништување на визите за илјадници странски студенти Read More »

Општина Центар аплицира со 8 проекти за унгарските пари – за општинска зграда не стигна


Општина Центар ќе аплицира со осум проекти за парите од унгарскиот кредит што Владата преку ресорните министерства ги распределува низ општините, но меѓу нив не е новата општинска зграда. – Ќе аплицираме со осу проекти. Имаме подготвени апликации за изградба на 4 пјацети, две реконструкции на фекална и атмосферска канализација, партерно и хортикултурно уредување на …

Општина Центар аплицира со 8 проекти за унгарските пари – за општинска зграда не стигна Read More »

ФФМ донесе одлука за отпочнување постапка за проект воспоставување ВАР – Фаза 2


Управниот одбор на ФФМ донесе одлука за отпочнување на постапка за проект воспоставување ВАР – Фаза 2 и отпочнување на постапка за проект воспоставување ВАР – Фаза 3.  Фаза – 2 се однесува на евалуација и избор на најсоодветниот понудувач за набавка на опрема за три ВАР простории, мобилен сет и опрема за ВАР возило. Последната, …

ФФМ донесе одлука за отпочнување постапка за проект воспоставување ВАР – Фаза 2 Read More »

Почина лицето рането во престрелката меѓу две групи на Бит пазар


Едно лице беше рането , а попладнево им подлегна на повредите во пукотница која се случи попладнево во близина на Бит пазар во Скопје. Едно лице загина во вооружена престрелка помеѓу две групи на Бит Пазар. Пукањето се случило во близина на полициската станица. Вооружената престрелка се случила околу 14 часот на  улицата „Војдан Чернодрински“. …

Почина лицето рането во престрелката меѓу две групи на Бит пазар Read More »

Сообраќајка го парализираше центарот на Скопје


Тешка сообраќајна несреќа со учество на повеќе возила попладнево се случи на раскрсницата помеѓу улиците „Даме Груев“ и „Димитрие Чуповски“ во центарот на Скопје. Несреќата предизвика голема гужва и долги колони возила, поради што се апелира до возачите да го избегнуваат овој дел од градот додека трае увидот и расчистувањето на патот. Повеќе информации се …

Сообраќајка го парализираше центарот на Скопје Read More »

 Ценометар.мк повторно со ажурирани цени – проверете каде ќе заштедите најмногу


По подолг временски период, платформата www.cenometar.mk повторно располага со ажурирани податоци за цените на најкористените прехранбени производи во македонските маркети. Сите поголеми синџири на маркети доставија актуелни информации за цените на производите кои секојдневно се купуваат од страна на граѓаните.   Со помош на табелите за споредба на Ценометар.мк, потрошувачите сега можат лесно и транспарентно да направат …

 Ценометар.мк повторно со ажурирани цени – проверете каде ќе заштедите најмногу Read More »

Кривична протиив тројца полицајци од Кочани за пожарот во дискотеката „Пулс“


Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи, до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција – Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворска полиција, поднесе кривична пријава против К.Б.,  Г.Л. и А.Т. поради постоење основи …

Кривична протиив тројца полицајци од Кочани за пожарот во дискотеката „Пулс“ Read More »

Две деца повредени откако биле прегазени – возачот натепан


Две деца бил прегазени од млад возач во скопско Миладиновци.  – На 24.04.2025 околу 21.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„10“ во село Миладиновци, скопско, патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Ј.(21) од село Миладиновци, удрило во двајца малолетници од истото село. Во несреќата со тешки телесни повреди се …

Две деца повредени откако биле прегазени – возачот натепан Read More »

УКИМ во соработка со бизнис секторот за поквалитетна практична настава


Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје официјално потпиша Меморандум за соработка со швајцарскиот проект Образование за вработување (E4E@mk) и швајцарската Програма за зголемување на пазарната вработливост (IME). Овој Меморандум има за цел да ги унапреди можностите за студентите преку практична работа во компании, интегрирајќи ја како составен дел од студиските програми. Соработката е резултат …

УКИМ во соработка со бизнис секторот за поквалитетна практична настава Read More »

ЈО: Испитувањето на оштетените од пожарот во „Пулс“ треба да започне на почетокот на мај


 Испитувањето на оштетените лица во истрагата за трагичниот пожар што се случи во дискотеката „Пулс“ во Кочани е планирано да започне на почетокот на мај, соопшти Јавното обвинителство. Од таму информираат дека поради големиот број оштетени и засегнати лица, ќе следи дополнително известување со детали за распоредот и динамиката на испитувањата. Обвинителскиот тим кој работи …

ЈО: Испитувањето на оштетените од пожарот во „Пулс“ треба да започне на почетокот на мај Read More »

Двe групи се пукале на Бит пазар, повредена е жена, случаен минувач


Попладнево имало пукање со огнено оружје во близина на на полициската станица Бит пазар, објави ТВ21. Како што објави медиумот неофицијално, има една жртва. На терен се присутни засилени полициски сили, како и Брза помош. Според првичните информации, повредена е една жена, случаен минувач. Очевидци за телевизијата изјавиле дека двајца пукале еден кон друг. Денеска …

Двe групи се пукале на Бит пазар, повредена е жена, случаен минувач Read More »

Студентите од Нови Сад конечно се одлучија: Одиме на избори!


Студентскиот пленум на Техничкиот факултет во Нови Сад денес гласаше дека студентите во блокадата бараат распишување вонредни парламентарни избори во Србија, објавија преку нивниот официјален профил на Икс. Дискусиите, официјални и неофицијални, за понатамошната артикулација на протестите и патот кон исполнување на барањата на студентите се водат практично од почетокот на 2025 година, а особено …

Студентите од Нови Сад конечно се одлучија: Одиме на избори! Read More »