Трамп прогласи вонредна состојба поради ураганот Бери


Американскиот претседател Доналд Трамп прогласи вонредна состојба додека тропската бура Бери се приближува кон Њу Орлеанс, кој е веќе поплавен. . – Бурата вечер или в сабота на утро треба да се претвори во ураган, непосредно пред да стигне до брегот на Луизијана, објави Националниот центар за урагани. Трамп апелираше до населението да ги следат …

Трамп прогласи вонредна состојба поради ураганот Бери Read More »

Значајните археолошки откритија ја зголемија посетеноста на Стоби


На комплексот околу Храмот на Изида во Стоби е откриен дел од мозаик, фрагменти од штуко-декорација и фонтана, што зборува за раскошот на овој археолошки локалитет. По 2009 година, ова е прво откритие на мозаик во Стоби кој датира од 4 век. Во Епископската базилика – најзначаен објект од ранохристијанскиот период во земјава и пошироко, …

Значајните археолошки откритија ја зголемија посетеноста на Стоби Read More »

Раззеленето пред кулите „Џеваир“


Екипите на Град Скопје хортикултурно уредија и реконструираа повеќе јавни зелени површини во различни делови од градот. На зелените плоштади и коридори е поставена мрежа за наводнување, уредени се нови тревници и цветни форми и се засадени садници. На булeварот „Србија“, спроти Џевахир Скај Сити, на површина од 4.781 квадратен метар е уреден зелен плоштад …

Раззеленето пред кулите „Џеваир“ Read More »

Откупната цена на пченицата е од девет до 10,5 денари


Компаниите кои вршат откуп и преработка на пченица имаат објавено откупна цена за реколтата 2019 и таа се движи од девет до 10,5 денари за килограм во зависност од класите дали е прва, втора или трета класа, соопшти денеска Државниот инспекторат за земјоделство по спроведените контроли во шест откупни компании во Велес, Свети Николе, Кочани, …

Откупната цена на пченицата е од девет до 10,5 денари Read More »

Заедничка контрола на ГП Табановце-Прешево


Со денешното потпишување на Договорот меѓу Владите на Република Северна Македонија и Република Србија за заедничка контрола за меѓународен патен сообраќај на граничниот премин Табановце-Прешево, патниците и превозниците од 1 август ќе имаат полесен и побрз проток од едната во другата држава, со само едно запирање и една зедничка контрола. Договорот во името на двете …

Заедничка контрола на ГП Табановце-Прешево Read More »

По 17 години Трубарево доби пречистителна станица и функционална канализација


Населеното место Трубарево во скопската Општина Гази Баба, по 17 години доби функционална канализација и пречистителна станица, со што конечно се реши проблемот на жителите од ова место. Градоначалникот на Општина Гази Баба, Борис Георгиевски рече дека конечно се ставило крај на најголемиот проблем со кој се соочуваа граѓаните цели 17 години, дека септичките јами …

По 17 години Трубарево доби пречистителна станица и функционална канализација Read More »

(Видео) Официјално: Гризман е играч на Барса


Барселона и официјално го објави трансферот на Антоан Гризман. Каталонскиот клуб ја плати клаузулата од 120 милиони евра за францускиот стрелец и го ослободи од договорот со Атлетико Мадрид. Вкупно 20 отсто ќе одат во касата на претходниот клуб Реал Сосиедад – 24 милиони евра. Дваесет и осум-годишниот напаѓач ќе потпише петгодишен договор со „Лос …

(Видео) Официјално: Гризман е играч на Барса Read More »

Преговорите за законот за СЈО се заглавени на членот 105


Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека преговорите на работните групи за законот за Специјалното јавно обвинителство се заглавени и оти суштински разлики на работните групи се за членот 105. -За законот за СЈО застанати се работите. Министерката за правда денеска даде информација дека е заглавена работата на членот 105. Лидерот на опозицијата на сите средби …

Преговорите за законот за СЈО се заглавени на членот 105 Read More »

Заев: Имаме добри шанси за одлука за полноправно членство во НАТО во декември


Имаме добри шанси на 3 или 4 декември годинава да добиеме одлука за полноправно членство во НАТО, изјави денеска премиерот Зоран Заев. Тој изрази благодарност до Турција и Чешка, кои вчера ја завршија ратификацијата на Протоколот за членство, изразувајќи уверување дека до крајот на следната недела се очекува Велика Британија да информира оти ја завршила …

Заев: Имаме добри шанси за одлука за полноправно членство во НАТО во декември Read More »

Комисијата за заштита од дискриминација не повела ниту една судска постапка по службена должност


Граѓаните не се дволно мотивирани да пријавуваат дискриминација и поради тоа потребни се дополнителни мерки во насока на нивно охрабрување за пријавување случаи на дискриминација и кршење на основните човекови права, покажува Извештајот за имплементацијата на Законот за спречување и заштита од дискриминација 2011-2018, што денеска беше промовиран во Скопје од Мрежата за заштита од …

Комисијата за заштита од дискриминација не повела ниту една судска постапка по службена должност Read More »

Во Украина ќе патуваме без визи


Денеска, министерот за надворешни работи Никола Димитров и амбасадорот на Украина во Република Северна Македонија, Наталија Задорожњук, потпишаа Спогодба за условите за заемни патувања на државјаните од двете земји. Спогодбата ги уредува правилата и начинот за воспоставување и практикување на безвизниот режим помеѓу Северна Македонија и Украина (без никакви документи како услов за влез) и …

Во Украина ќе патуваме без визи Read More »

Ало Трамп, ти ли си…


ЕРОЛ РИЗАОВ „Господине Џонсон, преземете ја линијата, ве бара американскиот претседател, господин Трамп…“ Трамп: „Ало Борис, дајте тргнете ми го овој ваш амбасадор, преку глава ми е од него. Прави големи штети…“ Борис: „Слушај ти таму, комедијанту еден, еднаш веќе ме прелажа, ајде јави му се на твојот Путин и кажи му дека го бара …

Ало Трамп, ти ли си… Read More »

Нова еколошка такса за авионски карти


Француската Влада најави дека ќе воведе еко-такса на сите летови кои ја напуштаат земјата. Таксата ќе изнесува до 18 евра, пишува Индепендент. Министерката за транспорт Елизабет Борне изјави на прес-конференција дека се очекуваат 180 милиони евра годишен приход од 2020 година, кои понатаму ќе се вложуваат во финансирање на сообраќајни инфраструктури, а најмногу во железницата. …

Нова еколошка такса за авионски карти Read More »

Пентагон седум месеци без шеф


Ни по седум месеци од оставката на министерот за одбрана на САД Џејмс Матис нема негов наследник и тоа во многу проблематичен момент со оглед на тензиите со Иран. Американската агенција АП наведува дека седум месеци по оставката на Матис, Пентагон и понатаму нема официјален шеф, во момент кога американската нација се соочува со потенцијален …

Пентагон седум месеци без шеф Read More »

Рибите го менуваат полот кога се под стрес


Истражувачите од Нов Зеланд го претставија првото детално гледиште за молекуларниот механизам со кој некои видови риби го менуваат полот. Припадничките на околу 500 видови риби може да го сменат полот кога ќе пораснат и кога околностите тоа го бараат. Со истражувањето на еден вид тропска риба чии женки можат да станат мажјаци, откриено е …

Рибите го менуваат полот кога се под стрес Read More »

Повторно уапсен Ар Кели, обвинет и за детска порнографија


Американскиот пејач Ар Кели уапсен е во Чикаго откако против него е подигнато обвинение по 13 точки, вклучително и злосторства од сексуална природа, соопшти потпаролот ма канцеларијата на американскиот обвинител Џозеф Фицпатрик. Фицпатрик објасни дека точките на обвинението вклучуваат и детска порнографија, поттикнување малолетници на сексуални односи и попречување на правдата. Адвокатот на Ар Кели, …

Повторно уапсен Ар Кели, обвинет и за детска порнографија Read More »

Весник „Дита“: Новиот шеф на грчката дипломатија Никос Дендиас е албански Грк


Новиот министер за надворешни работи на Грција, Никос Дендиас е албански Грк, бидејќи неговото потекло е од Химара, тврди весникот „Дита“. Според истиот извор, 60-годишниот професор по право, роден на островот Крф, многу често со „гордост кажувал дека влече корени од Албанија“. – Неколку пати гостувајќи во телевизиски емисии изјави дека неговите предци биле од …

Весник „Дита“: Новиот шеф на грчката дипломатија Никос Дендиас е албански Грк Read More »

Темата за безбедноста и здравјето при работа сѐ уште е маргинална


Потребно е подигање на свеста на работникот и на работодавачот за безбедноста и здравјето при работа. Сѐ уште во нашето општество тоа е тема која ја сметаме за маргинална, односно за неважна и на неа реагираме тогаш кога ќе се случи некоја повреда или смртен случај. Во рамки на колективните договори преовладува впечатокот дека тие …

Темата за безбедноста и здравјето при работа сѐ уште е маргинална Read More »

„Црвена јабука“ во сабота на Школка


Во рамки на фестивалот „Summerland” во Градски Парк, викендов ќе се одржат неколку интересни настани и музички перформанси. Вечерва, од 19.30 со „Готвиме со Бранко“, ќе има хуманитарно готвење за бездомните лица, а граѓаните кои сакаат да донираат, ќе може да донесат оброци. Од 21 часот, The music room ќе има тричасовен музички live сет- …

„Црвена јабука“ во сабота на Школка Read More »

Знаци со навредлива содржина за ДУИ во Тетово


Тетовската полиција денеска соопшти дека ќе се бараат лицата кои ноќта помеѓу средата и четвртокот поставувале знаци со навредлива содржина за политичка партија. На фотографиите кои се споделуваат на интернет социјалните мрежи на знаците се гледа натписот: „Јавна куќа ДУИ 18+ 1000 м“, на албански јазик. – Ноќта помеѓу 10 и 11 овој месец, засега …

Знаци со навредлива содржина за ДУИ во Тетово Read More »