Рибите го менуваат полот кога се под стрес


Истражувачите од Нов Зеланд го претставија првото детално гледиште за молекуларниот механизам со кој некои видови риби го менуваат полот.

Припадничките на околу 500 видови риби може да го сменат полот кога ќе пораснат и кога околностите тоа го бараат.

Со истражувањето на еден вид тропска риба чии женки можат да станат мажјаци, откриено е дека промената на полот најверојатно се случува поради стрес.

Наведуваат дека стресот влијае да се „исклучат“ првобитните женски гени на рибата, а да се „вклучат“ гените на новиот, машки пол.

Процесот бара потполно „репрограмирање на генетската информација“ на рибата.

Истражувачите наведуваат дека промената на полот се одвива брзо: женката го менува однесувањето за само неколку минути до неколку часа, а за осум до десет часа станува мажјак.