Почина претседателката на Врховниот суд на Русија


71-годишната претседателка на Врховниот суд на Русија, Ирина Подносова, почина во Москва по тешка болест, објави руската државна новинска агенција ТАСС. Подносова го водеше највисокото судско тело на Русија од 17 април 2024 година, кога беше назначена како единствен кандидат и номинирана од рускиот претседател Владимир Путин. Таа ја презеде функцијата по смртта на Вјачеслав …

Почина претседателката на Врховниот суд на Русија Read More »

Русите влегоа во Покровск, Украинците го чистат градот од напаѓачите


  Војници интервјуирани од „Украинска правда“ открија дека првите продори на руска пешадиска единица во Покровск биле забележани пред пет дена, на 17 јули. До вечерта на 21 јули, „ДипСтејт“ објави дека операцијата за расчистување на руските саботажни групи е сè уште „во тек“. „Пред неколку дена, непријателот ја искористи можноста – поради исцрпеноста на …

Русите влегоа во Покровск, Украинците го чистат градот од напаѓачите Read More »

ЦУК: Активни шест пожари, под контрола пет


Вкупно 38 пожари на отворен простор се евидентирани изминатото деноноќие. Под контрола се пет пожари, а активни се шест пожари. Како што соопшти утрово Центарот за управување со кризи (ЦУК) активни се пожарите во село Нивичино, Мал Готен и Малешевските планини во општините Василево, Радовиш и Берово, каде гори нискостеблеста шума, смрека, грмушки и ниска …

ЦУК: Активни шест пожари, под контрола пет Read More »

Науката потврди: Многумина кои прекинуваат со лекови за слабеење, повторно накачуваат тежина


Пациентите на кои им се препишани лекови коишто треба да им помогнат во слабеењето, повторно доживуваат зголемување на телесната тежина по прекинувањето на нивниот рецепт. Истражувањето е објавено „БМЦ медисин“ (BMC Medicine) денеска. Испитувањата потврдуваат дека луѓето изгубиле значителна количина тежина додека земале лекови против дебелина. Сепак, истражувачите откриле широкоопфатен тренд во враќањето на тежината, …

Науката потврди: Многумина кои прекинуваат со лекови за слабеење, повторно накачуваат тежина Read More »

Шанса за Центар го потсетува Герасимовски дека можеше да направи „зелен“ паркинг


Пред неколку дена, градоначалникот на Општина Центар се пофали дека зад Т.Ц. „Буњаковец“ расчистиле дива депонија и на тоа место прави паркинг за 40 возила. Сепак, од Шанса за Центар го потсетија дека новиот паркинг зад ТЦ „Буњаковец“ можеше да биде „зелен“, а не да биде уште еден топлотен остров каде температурите може да достигнат …

Шанса за Центар го потсетува Герасимовски дека можеше да направи „зелен“ паркинг Read More »

Македонски турист се удави во близина на Драч


Македонски државјанин (66), трагично го загуби животот вчера попладне на плажата кај Каваја, во близина на албанскиот град Драч, откако доживеал срцев удар веднаш по влегувањето во морето. Според информациите на албанската полиција, несреќата се случила околу 19 часот. Очевидци изјавиле дека мажот се почувствувал лошо и за кусо време потонал во водата. Иако присутните …

Македонски турист се удави во близина на Драч Read More »

Втор ден на ЕМОФ 2025, македонските спортисти ќе настапат во осум спортови


На Европскиот младински олимписки фестивал што се одржува во Скопје денес е вториот натпреварувачки ден. Македонските репрезентативци ќе учествуваат во осум спортови. Први ќе настапат пливачите (9:30 часот) во Олимпискиот базен. Од 10:30 часот Македонија свои претставници ќе има во стрелаштво (сала Наум Наумовски Борче – Партизан). Во 11 часот Македонија ќе има учесници во …

Втор ден на ЕМОФ 2025, македонските спортисти ќе настапат во осум спортови Read More »

ЕМОФ Скопје 2025 започна со светски и европски рекорд 


По синоќешното спектакуларно отворање, денес започнаа спортските возбудувања на Европскиот младински олимписки фестивал – Скопје 2025. Младите олимписки надежи од цела Европа ги имаа своите први настапи на спортските борилишта ширум главниот град и во Куманово, испраќајќи силна порака за единство, спортски дух и иднина полна со потенцијал. Во фокусот на првиот натпреварувачки ден беа …

ЕМОФ Скопје 2025 започна со светски и европски рекорд  Read More »

Израелските истражители летаат за Белград. Ќе го испрашуваат советникот на Вучиќ


Истражители од израелската единица за сериозен криминал Лахав 433 ќе летаат за Србија оваа недела за да го испрашуваат поранешниот висок советник на изборната кампања на премиерот Бенјамин Нетанјаху, според извештаите на израелските медиуми. Јисраел Ајнхорн ќе биде испрашуван во врска со неговата улога во таканаречената афера Катаргејт и случајот со протекување на документи. Ајнхорн …

Израелските истражители летаат за Белград. Ќе го испрашуваат советникот на Вучиќ Read More »

ФИФА ги изненади сите со одлуката: Челзи прв светски шампион, ласкавата титула им беше „одземена“ на другите


Управното тело на светскиот фудбал (ФИФА) одлучи официјално да го промени името на актуелните светски клупски шампиони и да им ја „одземе“ таа титула откако Челзи го освои првото Светско клупско првенство во формат со 32 клуба. Светското клупско првенство се игра од 2000 година и го играа само шампионите на континентите. Од 2025 година, …

ФИФА ги изненади сите со одлуката: Челзи прв светски шампион, ласкавата титула им беше „одземена“ на другите Read More »

Пожарот во Преспа ставен под контрола


Пожарот околу Преспанско Езеро е ставен под целосна контрола, соопшти попладнево директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Англеов.  Сè уште на некои места има догорувања во внатрешноста на опожарениот простор но нема опасност од негово ширење, тврди тој. Противпожарни екипи работат на доизгаснување на остатижоците и ќе продолжат со патролирање во текот на …

Пожарот во Преспа ставен под контрола Read More »

Од жешкото се деформираа пругите кај Бања Лука, возовите сопрени


Железничкиот сообраќај е привремено прекинат од попладнето на линиите Бања Лука – Приједор и Добој – Петрово Ново поради деформации на пругата поради екстремна топлина. Оваа информација ја објавија Железниците на Република Српска. Оваа компанија наведува дека по поправката на пругите на делницата од железничката линија Челинац – Врбања, железничкиот сообраќај е повторно воспоставен на …

Од жешкото се деформираа пругите кај Бања Лука, возовите сопрени Read More »

Општина Карпош ќе го мери загадувањето од вентилациските канали на угостителските објекти


Општина Карпош започна акција за мерење на загадувачки супстанци на отпадни гасови, кои се концентрирани во вентилациските канали на угостителските објекти. – Овие мерења ги врши акредитирана фирма по налог на општинскиот инспектор за животна средина. Во таа насока, согласно законските надлежности за одржување квалитетот на амбиенталниот воздух, веднаш по добиените резултати доколку бидат констатирани …

Општина Карпош ќе го мери загадувањето од вентилациските канали на угостителските објекти Read More »

Од 11 до 17 часот не излегувајте надвор!


  Иако изложувањето на сонце има значителни здравствени придобивки, за жал, со климатските промени, топлотните бранови се сѐ почеста појава и сè подолги и потопли, а ризикот на човековото здравје рамномерно се зголемува, алармираат од Институтот за јавно здравје, од каде ги споделија препораките за справување со топлината.  Избегнување на изложување на сонце Најважниот чекор е …

Од 11 до 17 часот не излегувајте надвор! Read More »

Од денеска во Охрид заеднички патроли на македонските и српските полициски службеници


Денеска во Охрид отпочнаа со функционирање заедничките полициски патроли составени од полициски службеници од македонското и српското Министерство за внатрешни работи. Патролите се реализираат врз основа на потпишаниот Протокол за соработка во текот на летната и зимската туристичка сезона на двете Министерства според кој, предвидено е заеднички патроли да патролираат низ Охрид секојдневно во текот …

Од денеска во Охрид заеднички патроли на македонските и српските полициски службеници Read More »

Алиу: Во Клиничката болница во Тетово 155 медицински сестри ќе потпишат договори за вработување на неопределено време


Во Клиничката болница во Тетово 155 медицински сестри, лекари и друг персонал ќе добијат договори  за вработување на неопределено време, најави на денешната прес-конференција, министерот за здравство, Азир Алиу. Со ова, како што кажа ќе заврши агонијата на 155 лица од кои некои од нив со години работат во институцијата без решен статус. Тој ја …

Алиу: Во Клиничката болница во Тетово 155 медицински сестри ќе потпишат договори за вработување на неопределено време Read More »

Гаши: Прашањето за учеството на независните кандидати на изборите ќе мора да се реши до или по одморите


Претседателот на Собранието, Африм Гаши на новинарско прашање денеска на брифинг истакна дека прашањето за учеството на независните кандидати на претстојните локлани избори ќе мора да се реши, но ни самиот не знае како и кога би се согласиле парламентарните партии да го донесат законот. Тој потенцира дека ова прашање ако не се реши до …

Гаши: Прашањето за учеството на независните кандидати на изборите ќе мора да се реши до или по одморите Read More »

Се запалил автобус на ЈСП, возачот заврши на Токсикологија


Утрово во 07:16 часот во СВР Скопје е пријавено дека на булеварот „Борис Трајковски“ во Скопје избувнал пожар во автобус на Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП), информираат од Министерството за внатрешни работи. Автобусот бил управуван од возачот С.Б., кој успеал да го изгасне огнот. Потоа, тој бил пренесен на Клиниката за токсикологија при комплексот клиники „Мајка …

Се запалил автобус на ЈСП, возачот заврши на Токсикологија Read More »

Со донација од 800.000 евра, почна реконструкција на гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“ во Тетово


 Со донација од околу 800 илјади евра, почна реконструкција на гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“ во Тетово.  Претседателот на Владата Христијан Мицкоски изјави дека се работи за донација од општествено одговорна компанија која, рече, донирала објект во оваа сума и во општина Теарце за реализација на канализациски проект што треба да заврши со пречистителна станица. -Ова е …

Со донација од 800.000 евра, почна реконструкција на гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“ во Тетово Read More »

Гори паркот Езерани во Преспа, ќе настрада живиот свет


„Ер-трактор“ е вклучен во гаснењето на пожарот во Паркот на природата Езерани во Преспа, но огнот сѐ уште не е ставен под контрола. Гори веќе четири дена, огнот има зафатено околу 300 хектари трска од заштитеното подрачје. Нема опасност по домовите на околните население места, но загрозен е животинскиот свет во Паркот. На терен се …

Гори паркот Езерани во Преспа, ќе настрада живиот свет Read More »