Приведени двајца државјани на Албанија за обид за нелегален премин на границата


Во атар на дојранското село Николиќ, вчера во 05.30 часот полициски службеници ги привеле лицата Р.Х.(61) и А.Х.(26), двајцата од Република Албанија. Како што денеска соопшти МВР, Р.Х. и А.Х. се обиделе нелегално да ја преминат државната граница од Р.С.Македонија со Р.Грција. Лицата биле предадени во Полициската станица Дојран за понатамошна постапка.

Отсуството на сведокот Верушевски го одложи „Таргет-Тврдина“


Случајот за незаконското следење на комуникациите „Таргет-Тврдина“ се одложува за 23 септември поради отсуство на сведок предложен од СЈО. Судијката Џенета Бегтовиќ на почетокот на денешното рочиште информира дека сведокот Зоран Верушевски, не е присутен, наспроти напорите на судот да го извести на адресата на живеење и на работното место во Влада. Предметот се наоѓа …

Отсуството на сведокот Верушевски го одложи „Таргет-Тврдина“ Read More »

Ноќна акција за отстранување непрописно паркирани возила во Општина Центар


ЈП Паркинзи на Општина Центар во соработка со СВР Скопје синоќа спороведе акција за отстранување на непрописно паркирани возила на најфреквентни локации во Капиштец и Дебар Маало. Со помош на специјалните возила „Пајак“ на ЈП ПОЦ најголем број непрописно паркирани возила се санкционирани во близина на ноќните локали и кафеани, каде има најголем број на …

Ноќна акција за отстранување непрописно паркирани возила во Општина Центар Read More »

Српска листа ќе учествува на изборите на Косово


Српска листа денеска ќе ја предаде листата со кандидати за вонредните парламентарни избори на Косово. Одлуката била донесена после консултации со српскиот претседател Александар Вучиќ и директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија Марко Ѓуриќ, соопшти партијата. Српска листа ќе ја предаде листата со кандидати во 13.30 часот по локално време, а по пријавата во …

Српска листа ќе учествува на изборите на Косово Read More »

Во понеделник автобусите на ЈСП кон жичницата по неделен возен ред


Од ЈСП Скопје информираат дека во понеделник, поради неработниот ден по повод државниот празник 8 Септември-Ден на независноста, автобусите од јавниот превоз ќе сообраќаат по неделен возен ред. Жичницата на Водно ќе работи со вообичаено работно време, а по неделен возен ред ќе сообраќаат и автобусите на линија 25 (Транспортен центар-Средно Водно), 25А (Стара железничка …

Во понеделник автобусите на ЈСП кон жичницата по неделен возен ред Read More »

Хиперинфлацијата во Венецуела „забави“ на 135.000 отсто


Хиперинфлацијата во Венецуела, најлоша во поновата историја на земјата, во август забавила на 135.000 отсто на годишно ниво, бидејќи меѓу јуни и јули годинава беше речиси двојно поголема, соопшти денеска парламентот во кој опозицијата го има мнозинаството. Но, месечниот раст на цените, што во јули изнесуваше 33 отсто, во август скокна на 65,2 отсто, покажуваат …

Хиперинфлацијата во Венецуела „забави“ на 135.000 отсто Read More »

Бланка Фернанез Очоа пронајдена мртва на планина над Мадрид


Шпанската спортска јавност е во шок по веста за смртта на славната олимпијка во алпско скијање, Бланка Фернандез Очоа (56). Нејзиното безживотно тело беше пронајдено на планината Ла Пењота во близина на Мадрид по 11 дена од нејзиното исчезнување. Потрагата по неа беше масовна, семејството веднаш алармира кај службите и не загуби надеж дека ќе …

Бланка Фернанез Очоа пронајдена мртва на планина над Мадрид Read More »

Нови рочишта за „Таргет-Тврдина“, „Тарифа“, „Топлик“ и „Триста“ на СЈО


Во Основниот кривичен суд во Скопје за денеска се закажани нови рочишта за предметите „Таргет-Тврдина“, „Тарифа“, „Топлик“ и повторената постапка за „Триста“ на Специјалното јавно обвинителство. Случајот за незаконското следење на комуникациите „Таргет-Тврдина“ се наоѓа во доказна постапка и го води судијката Женета Бегтовиќ, а застапник на обвинението е Ленче Ристевска од СЈО. На минатото …

Нови рочишта за „Таргет-Тврдина“, „Тарифа“, „Топлик“ и „Триста“ на СЈО Read More »

Ангеловски: Играчите покажаа уште еднаш како се бори за дресот на Македонија


Репрезентацијата на Северна Македонија одигра нерешено 1:1 на синоќешното гостување против Израел во квалификациски меч за ЕП 2020, а селекторот на „жолто-црвените“, Игор Ангеловски по мечот изјави дека е задоволен од освоениот бод, но дека жали за испуштената шанса да си заминеме со сите три. Новото засилување на Наполи, Елиф Елмас во судиското продолжение од …

Ангеловски: Играчите покажаа уште еднаш како се бори за дресот на Македонија Read More »

Ураганот Доријан на Бахамите досега однесе 30 жртви


Бројката на погинати од страотниот налет на ураганот Доријан врз Бахамите нарасна на 30, соопштија официјални претставници на властите, пренесоа светските агенции. Министерот за здравство Дуане Сандс на Бахамите за американските медиуми изјави дека очекуваат во следните неколку дена оваа бројка „значително да се зголеми“, бидејќи продолжуваат потрагите и акциите за спасување на настраданите Сандс …

Ураганот Доријан на Бахамите досега однесе 30 жртви Read More »

Се уште активен пожарот на потегот Страчинци – Брњарци


Пожарот на потегот Страчинци – Брњарци на планината Скопска Црна Гора се уште е активен, информираа утринава за МИА од Противпожарната единица на Град Скопје. Пожарот избувна вчера попладне и гори нискостеблеста шума. Непристапниот терен и ветарот ја отежнуваа работата на пожарникарите.

Почина поранешниот претседател на Зимбабве Роберт Мугабе


На 95-годишна возраст почина Роберт Мугабе, првиот претседател Зимбабве откако оваа африканска земја ја стекна својата независност, пренесе Би-Би-Си. Мугабе почина по повеќегодишна болест, потврди неговото семејство. Тој беше лидер на движењето за ослободувањето на Зимбабве од владеењето на белото малцинство. Беше соборен од власта во текот на воен удар, во ноември 2017 година, по …

Почина поранешниот претседател на Зимбабве Роберт Мугабе Read More »

Австралија ја победи Литванија и го освои првото место во групата „Х“


Австралискиот тим забележа трета последователна победа на Светското во Кина, откако ја победи Литванија 87:82 (27:19; 25:22; 16:19; 19:22) во директен судир за првото место во групата „Х“. Пети Милс беше најпрецизен за победниците – 23 поени, додека Арон Бејнс забележа „дабл-дабл“ – 21 поен и 13 скока. Мариус Григонис постигна 19 поени за Литванците, …

Австралија ја победи Литванија и го освои првото место во групата „Х“ Read More »

Путин понуди САД да купи хиперсонично оружје од Русија


Рускиот претседател Владимир Путин изјави денеска дека му понудил на својот колега Доналд Трамп можност да набави најново оружје од Русија, вклучително и хиперсонично. На пленарната седница на петтиот Источен економски форум (ЕЕФ), Путин рече дека на последниот состанок со американските партнери во Осака, Јапонија, било „поставено прашањето како да се земат предвид современото руско …

Путин понуди САД да купи хиперсонично оружје од Русија Read More »

Угостителите од Охрид ретерираат од најавите за самоиницијативно уривање на платформите пред нивните објекти


Охридските угостители ретерираат од најавите дека самоиницијативно ќе ги отстранат дивоизградените платформи поставени пред нивните кафулиња и ресторани на брегот на езерото. Во дописот испратен од Здружението „Угостителски еснаф“ до градоначалникот тие сега појаснуваат дека одлуката на надлежниот инспекторат кој издал решенија за отстранување на платформите од езерото во стариот дел на градот е избрзана …

Угостителите од Охрид ретерираат од најавите за самоиницијативно уривање на платформите пред нивните објекти Read More »

Голем интерес за субвенции за енергетски ефикасни домови во Кисела Вода


За добивање субвенции, за „енергетски ефикасни домови“, од 2 септември досега голем број граѓани поднесоа апликации. Општина Кисела Вода овој голем проект го реализира во соработка со Здружението за хумано домување Хабитат – Македонија. Со реализацијата на проектот жителите на Кисела Вода ќе добијат потопли домови и ќе заштедат финансиски средства. За успешно реализирање на …

Голем интерес за субвенции за енергетски ефикасни домови во Кисела Вода Read More »

Во следните три дена затворен патот за Теферич


Општина Кисела Вода информира дека од петок, од 9 часот до понеделник до 9 часот, заради изведба на градежни работи ќе биде затворен за сообраќај патот кој води кон населеното место Теферич. Локалната самоуправа ги замолува учесниците во сообраќајот за трпение и разбирање додека се одвиваат градежните активности на истиот.

Во Министерството за правда консултации за законот за ЈО


Во Министерството за правда денеска се одржаа констултации за законот за јавно обвинителство со работната група. Министерката за правда Рената Дескоска на својот Фејсбук профил објави фотографии, на кои се гледа дека на состанокот меѓу другите присуствувале државниот јавен обвинител Љубомир Јовески, обвинителката од СЈО Ленче Ристовска, академик Владо Камбовски и професори од Правниот факултет.

Бектеши: Укинати се трговските бариери меѓу Северна Македонија и Косово


Министерството за трговија и индустрија на Косово денеска го извести Министерството за економија на Северна Македонија дека се укинати бариерите за извоз на мед и компир. Според договореното на состанокот меѓу министерот за економија Крешник Бектеши и министерот за трговија и индустрија на Косово, Ендрид Шала кој што се одржа пред две недели, Агенцијата за …

Бектеши: Укинати се трговските бариери меѓу Северна Македонија и Косово Read More »

Министерството за здравство ќе ги централизира онкологија и радиотерапија


Владата на Република Северна Македонија на 152-та седница ја усвои информацијата со иницијатива за централизирање на дејноста онкологија и радиотерапија, во рамки на Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија-Скопје со основање подрачни одделенија во Градската општа болница „8-ми Септември”–Скопје, Клиничката болница Штип, Клиничката болница Битола и низ останатите градови во Републиката. Како што соопштуваат од …

Министерството за здравство ќе ги централизира онкологија и радиотерапија Read More »