Српска листа ќе учествува на изборите на Косово

Српска листа денеска ќе ја предаде листата со кандидати за вонредните парламентарни избори на Косово.

Одлуката била донесена после консултации со српскиот претседател Александар Вучиќ и директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија Марко Ѓуриќ, соопшти партијата.

Српска листа ќе ја предаде листата со кандидати во 13.30 часот по локално време, а по пријавата во Централната изборна комисија, изјава ќе даде и партискиот лидер Горан Ракиќ.