Во следните три дена затворен патот за Теферич


Општина Кисела Вода информира дека од петок, од 9 часот до понеделник до 9 часот, заради изведба на градежни работи ќе биде затворен за сообраќај патот кој води кон населеното место Теферич.

Локалната самоуправа ги замолува учесниците во сообраќајот за трпение и разбирање додека се одвиваат градежните активности на истиот.