Приведени двајца државјани на Албанија за обид за нелегален премин на границата

Во атар на дојранското село Николиќ, вчера во 05.30 часот полициски службеници ги привеле лицата Р.Х.(61) и А.Х.(26), двајцата од Република Албанија.

Како што денеска соопшти МВР, Р.Х. и А.Х. се обиделе нелегално да ја преминат државната граница од Р.С.Македонија со Р.Грција.

Лицата биле предадени во Полициската станица Дојран за понатамошна постапка.