Грабеж во Дубровник, украдени пари од аеродромот


Во Дубровник утрово се случи голем грабеж кога вооружени лица украле пари кои ги пренесувале чуварите од аеродромот. Околу 7 часот и 30 минути, двајца мажи на мотори ги пресретнале луѓето кои ги обезбедувале парите од викендот. Како што пренесува Дубровнички дневник, станува збор за пари од аеродромскиот Фри шоп. Дубровничко-неретванската полициска управа го потврди …

Грабеж во Дубровник, украдени пари од аеродромот Read More »

Курти: Одлуката на Советот на ЕУ е неправда кон Албанија и Северна Македонија


Лидерот на Движењето „Самоопределување“ Албин Курти, од Тирана ја коментираше негативната одлука на Европскиот совет, да не се даде датум за започнување на преговори со Албанија и Северна Македонија. Според него, нанесена е неправда кон овие две земји, како и што е и недавањето визна либерализација за граѓаните на Косово. -Косово и Албанија треба да …

Курти: Одлуката на Советот на ЕУ е неправда кон Албанија и Северна Македонија Read More »

Возилото на Албин Курти се судри со полициско во Тирана


Возилото во кое се наоѓал лидерот на косовското Движење „Самоопределување“, Албин Курти синоќа било дел од сообраќајка на автопатот Тирана – Драч, во која за среќа нема повредени. Според албанските медиуми, возилото со кое патувал Курти се судрило со полициско возило а потоа се судриле уште три возила. – Возилото на претседателот на Движењето „Самоопределување“ …

Возилото на Албин Курти се судри со полициско во Тирана Read More »

„Самсунг“ ќе го реши проблемот со сензорот за отисок од прст


Компанијата „Самсунг“ најави дека наскоро ќе го реши проблемот со сензорот за отисок од прст. Од компанијата најавија решение откако беше пријавено дека сензорот за отисок од прст не функционира ако на екранот се стави заштитна фолија. Овој проблем го имаа галакси ес 10, ес 10 плус, ес 10 5 ге, галакси ноут 10, и …

„Самсунг“ ќе го реши проблемот со сензорот за отисок од прст Read More »

Руски хакери користеле ирански алатки во напад на 20 земји


Руски хакери ја искористија иранската операција за кибер-шпионажа за напад врз владини и индустриски организации во речиси 20 земји, така што нападите се чини дека потекнуваат од Исламска држава, тврдат денеска американски и британски официјални лица. Руската хакерска група позната како „Турла“, обвинета од естонските и чешките власти за постапување во име на руската Федерална …

Руски хакери користеле ирански алатки во напад на 20 земји Read More »

Торнадо го уништи Далас: Откорнати покриви и дрвја, градот без струја


  Торнадо и силни грмотевици минатата недела речиси го уништија американскиот град Далас, при што се уништени многу станбени и деловни објекти и остави десетици илјади луѓе без струја. NORTH DALLAS DAMAGE: Homes badly damaged near the Dallas North Tollway and Royal Lane — close to St. Mark’s School. #wfaaweather pic.twitter.com/4aHLusZssI — Jason Whitely (@JasonWhitely) …

Торнадо го уништи Далас: Откорнати покриви и дрвја, градот без струја Read More »

Богоев: Засадени се повеќе од 300 високо развиени дрвја во Карпош


Засадени се повеќе од 300 високо развиени дрвја, а континуирано се работи на обнова на блоковското зеленило и на подигнување повеќе тревни површини, во различни населби на Општина Карпош, објави градоначалникот на Општина Карпош Стефан Богоев. – Направивме нов парк – сквер во Тафталиџе 2. Добивме нова фитнес зона на Кејот на реката Вардар. Зона …

Богоев: Засадени се повеќе од 300 високо развиени дрвја во Карпош Read More »

(Фото/Видео) Пинера: Чиле е во војна


Претседателот на Чиле Себастијан Пинера изјави дека земјата е „во војна“, по тридневните протести поради зголемувањето на цената на јавниот превоз, во кои загинаа седум лица. #ChileDesperto #Chile #ChileResiste #RenunciaPiñera pic.twitter.com/8ZsmwqBGum — joselyn (@joselyn06544776) October 21, 2019 – Ние сме во војна против моќниот и немилосрден непријател, непријател кој не почитува никој и ништо и …

(Фото/Видео) Пинера: Чиле е во војна Read More »

Засадени 150 дрвца долж „Милениумската патека“ на Сува Гора


Околу 150 дрвца се засададени долж „Милениумска патека“ планинарско-рекреативна акција која се спроведе вчера на падините на Сува Гора. Во организација на планинарскиот клуб Јелак од Тетово, Македонската Православна Црква и Комисијата за односи со верски заедници и религиозни групи 105 учесници ја поминаа патеката долга девет километри и учествуваа во акцијата. -Планинарско-рекреативната акција започна …

Засадени 150 дрвца долж „Милениумската патека“ на Сува Гора Read More »

Повели народе, пак на тазе избори


Без оглед на епилогот на вчерашната лидерска средба кај шефот на државата Стево Пендаровски и евентуалното заедничко прецизирање на датумот кога би се одржале предвремените парламентарни избори, партиите веќе со денови крстосуваат по државата во битка за гласови. Во прилично патетичната атмосфера по разочарувањето од Брисел, тој обид за наметнување на некаква партиска победничка еуфорија …

Повели народе, пак на тазе избори Read More »

Викендов ќе се менува часовникот еден час понапред


В сабота кон недела на полноќ (27 кон 28 октомври) ќе почне зимското сметање на времето, кога стрелките на часовниците ќе ги поместиме за еден час наназад. Преминувањето на летно и зимско сметање на времето првпат е забележано во 1916 година, во земјите на северот на Европа, а досега е воведено во околу 70 земји, …

Викендов ќе се менува часовникот еден час понапред Read More »

Штрајк на вработените во Институтот за хемија – нема подмладок


Во вторник, пред зградата на Институтот за хемија вработените и студентите на Институтот за хемија при Природно-математичкиот факултет, во пауза помеѓу предавањата, заедно ќе излезат за јавно да го изразат своето незадоволство од условите за работа и студирање, кои, според нив, во последниве десетина години стануваат сè полоши и го доведуваат во прашање нормалното реализирање …

Штрајк на вработените во Институтот за хемија – нема подмладок Read More »

Зелените освоија една петина од гласовите на парламентарните избори во Швајцарија


Двете партии на зелените освоија над 20 проценти од гласовите на вчерашните избори за Долниот дом на швајцарскиот Парламент, додека кај големите партии, вклучително и победничката Народна партија забележан е пад на поддршката, покажуваат конечните резултати. Зелената левица освои вкупно 13,2 отсто од гласовите, додека за партијата на центарот Зелени либерали гласале 7,8 отсто од …

Зелените освоија една петина од гласовите на парламентарните избори во Швајцарија Read More »

Трамп се откажа од планот самитот на Г7 да се одржи во неговиот клуб


Американскиот претседател Доналд Трамп ги откажа плановите за одржување на следниот самит на Г7 во неговиот голф клуб во Мајами, на Флорида. Тој минатата недела предложи самитот да се одржи во неговиот хотел „Дорал“, но се откажа по бројните критики, пренесува „Глас на Америка“. Трамп на Твитер ги обвини медиумите и демократите што се спротивставија …

Трамп се откажа од планот самитот на Г7 да се одржи во неговиот клуб Read More »

Навивачи на Рома со расистички навреди кон фудбалер на Сампдорија


На вчерашниот натпревар од италијанската Серија А одигран во Џенова, навивачи на Рома упатија навреди на расна основа кон фудбалерот на Сампдорија, Роналдо Виеира. Судијата Фабио Мареска го забележа непримерното однесување на гостинските навивачи, но немаше официјална опомена на стадионот. По завршувањето на натпреварот, Рома преку Твитер се извини за однесувањето на навивачите и искажа …

Навивачи на Рома со расистички навреди кон фудбалер на Сампдорија Read More »

Родова еднаквост: Да ги извадиме мажите од автомобилите


Родовата еднаквост не претставува само еднаква можност за добивање работа, еднакви плати меѓу мажите и жените или еднаква позиција на моќ, туку таа се одразува и во правото на породилно отсуство на родителите, во организацијата на транспортот. Иако Индексот за родова еднаквост на Европа, кој од 2005 година се изработува на секои две години, покажува …

Родова еднаквост: Да ги извадиме мажите од автомобилите Read More »

Мал бакшиш, голем срам и поголем арам


ИЛО ТРАЈКОВСКИ Животот продолжува. Подобро речено, борбата за живот овде продолжува. Што и да биде! Дали шефовите на државите и владите членки на ЕУ ни дале датум или не, ние и понатаму ќе си тераме по наше. Дури и ако ни дадат датум и под условите што ги поставува Франција, ние пак ќе сме си …

Мал бакшиш, голем срам и поголем арам Read More »

Јункер: Направена е историска грешка


Претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер на прес-конфернецијата по завршувањето на дводневниот Самитот на ЕУ во Брисел рече дека не отворањето на пристапните преговори со Северна Македонија и Албанија е историска грешка. – Овде не станува збор за тоа дали земјите се подготвени за влез во ЕУ, туку дали кандидатите ги исполнија условите за …

Јункер: Направена е историска грешка Read More »

Лидерите на ЕУ ја именуваа Лагард за претседателка на ЕЦБ


Лидерите на Европска Унија денеска го одобрија именувањето на Кристин Лагард за претседателка на Европска централна банка (ЕЦБ). Лагард, која е поранешна извршна директорка на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), доаѓа на местото Марио Драги, кој беше претседател на ЕЦБ од 2011 година. Европскиот совет веќе објави официјална препорака за Лагард, а исто така ја одобри …

Лидерите на ЕУ ја именуваа Лагард за претседателка на ЕЦБ Read More »

Некој го оштетил скопскиот Аквадукт


Непознат сторител извршил оштетување на Аквадуктот, коj е дел од културно наследство, при што биле оштетени 10 потпорни носечки столбови. Како што соопшти МВР, настанот бил пријавен вчера околу 11 часот во СВР Скопје, од страна на директорот на Конзерваторскиот центар – Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.