Комунална хигиена почна да го чисти просторот под Железничка


Инспекторатот на град Скопје го задолжи ЈП „Комунална хигиена“ просторот под Железничката станица да биде целосно исчистен. Како што информираат од Инспекторатот, известени се Центарот за социјални грижи и Инспекторатот на општина Аеродром – градежна инспекција за отстранување на изградените импровизирани живеалишта бидејќи Инспекторатот на град Скопје нема надлежност да отстранува градби и згрижува луѓе.

Затвореник се претставил како директор си порачувал производи


Затвореник од затворот „Идризово“ набавил мобилен телефон, па од фирма од Вруток си нарачувал производи во вредност од 1.700 евра Имено, СВР Скопје – Единица за економски и компјутерски криминал, поднесе кривична пријава против Б.А.(41) од Скопје поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „измама“. Пријавениот – осудено лице на издржување казна затвор …

Затвореник се претставил како директор си порачувал производи Read More »

Малиќи: Град Скопје посветено работи на формирање Комисија за односи меѓу заедниците


Град Скопје има законска обврска за формирање Комисија за односи меѓу заедниците, но претходната градска администрација не успеа да ја формира. Во Статутот на Град Скопје е предвиден бројот на членови, како и начинот за нивен избор. Градската администрација интензивно работи на подготовки за формирање на Комисијата и  ќе се заложиме да ги надминеме сите …

Малиќи: Град Скопје посветено работи на формирање Комисија за односи меѓу заедниците Read More »

Се зголемува капитацискиот бод на сите матични лекари од општа пракса, гинекологија и стоматологија


За осум денари се зголемува вредноста на капитацискиот бод на сите матични лекари од општа пракса, гинекологија и стоматологија, беше истакнато на прес-конференција во Владата на премиерот Зоран Заев, министерот за здравство Венко Филипче и директорите на Фондот за здравствено осигурување Ден Дончев и Орхан Рамадани. Заев рече дека за ова зголемување на капитацискиот бод …

Се зголемува капитацискиот бод на сите матични лекари од општа пракса, гинекологија и стоматологија Read More »

Шекеринска: Секој припадник на Армијата ќе добива месечнo 7.000 денари за кирија


Секој припадник на Армијата, без разлика дали се работи за воен или за цивилен персонал, од 1 март следната година ќе добива месечен надоместок од околу 7.000 денари за таканаречната закупнина или станарина за решавање на станбеното прашање, истакна денеска вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска. Таа посочи дека новото решение предвидува апсолутно користење …

Шекеринска: Секој припадник на Армијата ќе добива месечнo 7.000 денари за кирија Read More »

Грабар-Китаровиќ: Не сакам ни да размислувам за паѓање на Владата


рватската претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ денеска изјави дека за евентуално паѓање на Владата на Андреј Пленковиќ не сака ни да размислува, бидејќи станува збор за хипотетичко прашање. – Не учествувам во тие преговори, но верувам дека сите размислуваат дека стабилноста на Владата е важна не само во контекст на претседавањето на Хрватска со Европската унија, туку …

Грабар-Китаровиќ: Не сакам ни да размислувам за паѓање на Владата Read More »

Пристигнува новиот електричен „волксваген“


Германскиот производител на автомобили „Волксваген“ на 19 ноември закажа промоција на новиот електричен концепт „ај-ди“ За сега се чуваат во тајност деталите за новиот концепт, а најавата на премиерата е илустрирана со скица од концептот „ај-ди вижн“ кој е претставен на женесвкиот авто-салон во 2018 година. Новиот електричен концепт публиката ќе има можност да го …

Пристигнува новиот електричен „волксваген“ Read More »

Што има во руската иницијатива на Макрон


МАРК ЛЕОНАРД Францускиот претседател Емануел Макрон е еден од оние лидери кој сака да го свитка лакот на историјата. Бидејќи ја засили француската политика, тој обезбеди позиции за неговите претпочитани кандидати на чело на Европската комисија и Европската централна банка и сега се обидува да ги подобри односите на Европа со Русија. Француските власти ја …

Што има во руската иницијатива на Макрон Read More »

Пожарот во Скијачкиот центар Маврово изгаснат со систем за вештачки снег


Сериозниот пожар кој беснееше во Скијачкиот центар Маврово е изгаснат. Во текот на вчерашната ноќ, по целодневните обиди од вработените на Скијачкиот центар и Националниот Парк да го изгаснат пожарот кој беше во близина на двосед жичарата, вработените од скијачкиот центар решија да го стават во употреба тукушто монтираниот систем за вештачки снег на двосед …

Пожарот во Скијачкиот центар Маврово изгаснат со систем за вештачки снег Read More »

Жерновски: Да се коригира грешката со недоделувањето датум за преговори


Мојата земја мора да ги започне преговорите со ЕУ, како сигнал за продолжување на реформите за кои токму Франција се залага, истакнал заменик министерот за надворешни работи Андреј Жерновски во обраќањето на 36. министерска конференција на Меѓународната организација на Франкофонијата, која се одржува денеска и утре во Монако.  Ги разбираме, потенцирал Жерновски, позициите на Франција …

Жерновски: Да се коригира грешката со недоделувањето датум за преговори Read More »

Баша: Потребни се предвремени избори, трпението на народот е при крај


Лидерот на албанската опозициска Демократска партија (ПД), Љуљзим Баша, порача дека земјата мора да оди на предвремени избори за да има легитимна влада. По средбата со репортерите на Советот на Европа, тој во изјава за новинарите додаде дека „трпението кај народот е при крај“ и оти е време Социјалистичката партија да размисли за злото што …

Баша: Потребни се предвремени избори, трпението на народот е при крај Read More »

НАкС: Најстарите универзитети кубурат со асистенти


Интервентно вработување на 300 лица на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ и 100 на другите јавни универзитети и научни установи, во најскоро време да почнат преговори за потпишување колективен договор, итно да се формира Национален совет за финансирање и развој на високото образование и науката, да почне постапка за донесување нов Закон за научноистражувачка дејност …

НАкС: Најстарите универзитети кубурат со асистенти Read More »

Исмаили побарал Аквадуктот да се стави под Управата за заштита на културното наследство


Министерот за култура Хусни Исмаили на вчерашната владина седница предложил заклучоци и информации во врска со скопскиот Аквадукт, односно побарал да се стави под заштита на Управата за заштита на културното наследство. Одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција во Спомен куќата на Мајка Тереза, во врска со оштетувањата на Аквадуктот, Исмаили посочи дека таа …

Исмаили побарал Аквадуктот да се стави под Управата за заштита на културното наследство Read More »

„Алкалоид“ бележи позитивни резултати во работењето, а вработи и 127 луѓе


Алкалоид – резултати од работењето за периодот јануари – септември 2019 година „Алкалоид“ со раст на консолидираниот извоз од 19 проценти, раст на консолидираната нето добивка од 26 отсто, инвестиции во износ од 603 милиони денари и 127 нови вработувања во периодот јануари – септември 2019-та. Приходи од продажби Според единечниот биланс на успех, во …

„Алкалоид“ бележи позитивни резултати во работењето, а вработи и 127 луѓе Read More »

Грета Тунберг одби награда и 75 илјади долари


Младата активистка од Шведска Грета Тунберг (16) ја одби наградата за борба за заштита на животната средба, која ја доделува Нордискиот совет. Весникот „Сандеј Морнинг Хералд“ јави дека Тунберг се заблагодариле, рекла дека е почестена од наградата, но дека во борбата против климатските промени не се потребни признанија. Тунберг на Твитер објави дека ја одбива …

Грета Тунберг одби награда и 75 илјади долари Read More »

Заев: Ќе го спроведеме Преспанскиот договор до крај, го очекуваме тоа и од грчка страна


Дефинитвно одиме со имплеметација на Договорот од Преспа. Во него се вградени поглавјата. Успешно ги завршуваме забелешките кои стигнаа од грчка страна, а и сами ги увидовме. Очекуваме и грчката страна да направи конкретни чекори, како промена на таблите. Намерата е да испратиме недвосмислена порака дека Преспанскиот договор треба да се спроведе до крај зашто …

Заев: Ќе го спроведеме Преспанскиот договор до крај, го очекуваме тоа и од грчка страна Read More »

Поднесено обвинение за две разбојништва во финансиски друштва


Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен акт против едно лице кое се товари дека на 5 и 8 август извршило две разбојништва во финансиски друштва. Ккао што соопшти Јавното обвинителство, обвинетиот на 5 август влегол во просториите на финансиското друштво „М КЕШ“ ДООЕЛ во трговскиот центар „Палома Бјанка“ и со звучно-сигнален …

Поднесено обвинение за две разбојништва во финансиски друштва Read More »

Неопходен е нов закон за работни односи, согласно новата практика


Неопходна е детална и темелна ревизија на регулативата од областа на трудовото право во нашата земја и донесување нов Закон за работни односи со кој ќе се пополнат досегашните правни празнини и контрадикторности, и кој истовремено ќе понуди современи решенија кои произлегуваат од развојот на науката и практиката во оваа сфера. Дополнително, треба да се …

Неопходен е нов закон за работни односи, согласно новата практика Read More »

Сали Мурати нов претседател на Уставниот суд


Судијата Сали Мурати денеска е избран за нов претседател на Уставниот суд на Република Северна Македонија. Судијата Мурати стапува на функција на 1 ноември 2019 година, кога на досегашниот претседател Никола Ивановски му завршува мандатот. Уставните судии претседателот го бираат со двотретинско мнозинство од вкупниот број судии, со тајно гласање. Секој судија може да предложи …

Сали Мурати нов претседател на Уставниот суд Read More »

Од Зелениот климатски фонд ќе се плаќаат идеи за ублажување на климатските промени


 Националниот совет за одржлив развој на Република Северна Македонија денеска се состана во Скопје за да повика на засилена климатска акција преку стратешко ангажирање со Зелениот климатски фонд (ЗКФ). Советот беше свикан од страна на Кабинетот на вицепремиерот Кочо Анѓушев, во улога на Национален назначен орган за Зелениот климатски фонд и ФАО. Присуствуваа над 100 …

Од Зелениот климатски фонд ќе се плаќаат идеи за ублажување на климатските промени Read More »