Затвореник се претставил како директор си порачувал производи


Затвореник од затворот „Идризово“ набавил мобилен телефон, па од фирма од Вруток си нарачувал производи во вредност од 1.700 евра
Имено, СВР Скопје – Единица за економски и компјутерски криминал, поднесе кривична пријава против Б.А.(41) од Скопје поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „измама“.
Пријавениот – осудено лице на издржување казна затвор во КПУ Идризово, успеал да обезбеди мобилен телефонски апарат и сим картичка, активирана и регистрирана на негово име како сопственик.
На 28.05.2018 пријавениот со остварени повеќе телефонски јавувања на различни телефонски броеви и користење на интернет, со лажно прикажување на факти, лажно претставувајќи се дека е вработен како менаџер за набавка во  фирма и во име на истата врши нарачка и набавка на трговска стока, ги довел и одржувал во заблуда одговорното лице во оштетената фирма од село Вруток и одговорното лице на Подружницата на оштетената фирма и ги навел да му ја испорачаат нарачаната трговска стока во износ од 100.800 денари, која пријавениот не ја платил.