Арсовска со задоволство ќе се соочи со Ганиу, има 3.200 страници докази за дивоградби во Чаир


 Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска денеска изјави дека до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција е доставена обемна документација од 3.200 страници, поврзана со сомнителни постапки за легализација и изградба на објекти во општина Чаир. На брифинг со новинарите, таа детално ја образложи документацијата која содржи докази за фалсификати, вклучително и …

Арсовска со задоволство ќе се соочи со Ганиу, има 3.200 страници докази за дивоградби во Чаир Read More »

ЦУК апелира за внимателност за Илинден – да не се предизвика пожар


Регистриран е пожар во општината Берово кај планината Голем Готен кон Малешевските планини, и тој е под контрола, изјави денеска директорот на Центарот за управување со кризи, Мухамед Али. Тој посочи дека интервенираат специјалните возила на Дирекцијата за заштита и спасување, хеликоптер од Чешка, припадници од противпожарната единица од Берово, припадници од противпожарната единица од …

ЦУК апелира за внимателност за Илинден – да не се предизвика пожар Read More »

Возач загина откако излетал од патот на обиколницата кај Богданци


Возач на патничко возило го загубил животот на обиколницата кај Богданци, откако излетал од коловозот. Според информациите од МВР, лекар од Итната медицинска помош ја констатирал смртта на местото на несреќата. -На 30.07.2025 во ОВР Гевгелија било пријавено дека околу 16.00 часот на обиколница Богданци, патничко возило „рено клио“ со гевгелиски регистраски ознаки, управувано од …

Возач загина откако излетал од патот на обиколницата кај Богданци Read More »

Фатон Сељами предложен за нов народен правобранител


Комисијата за прашања на избори и именувања на денешната седница го утврди Фатон Сељами како предлог за нов народен правобранител. Сељами е раководител на Подрачното одделение на Министерството за правда во Тетово, во секторот за бесплатна правна помош и политички систем. Неговата кандидатура ја поднесе пратеникот Беким Ќоку од партијата Вреди. Тој е дипломиран правник …

Фатон Сељами предложен за нов народен правобранител Read More »

Советот на Општина Тетово изгласа измена на буџетот, ќе биде поголем за три милиони евра


Советот на Општина Тетово на денешната 54-та седница изгласа измена и дополнување на Буџетот на Општина Тетово за 2025 година, со што се зголемува износот за околу три милиони евра. Се работи средствата добиени од „унгарскиот кредит“, кои се наменети за капитални проекти. -Предвидено да се заврши булеварот „Видое Смилевски-Бато“ до крајната дестинација согласно проектот …

Советот на Општина Тетово изгласа измена на буџетот, ќе биде поголем за три милиони евра Read More »

МОН објави повици за ангажирање образовни медијатори за поддршка на ученици Роми во основните и средните училишта


 Министерството за образование и наука објави јавни повици за ангажирање образовни медијатори за поддршка на образованието на ученици Роми за учебната 2025/2026 година – педесет за  основно и 35 за  средно образование. Како што наведува МОН во објавените повици, се работи за дополнителна поддршка на учениците Роми кои потекнуваат од социјално загрозени семејства и/или се подолго време надвор од …

МОН објави повици за ангажирање образовни медијатори за поддршка на ученици Роми во основните и средните училишта Read More »

По оставката во ДКСК, Димитровска се враќа во Државниот завод за ревизија


По оставката од претседателската функција во Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Татјана Димитровска се враќа на своето претходно работно место во Државниот завод за ревизија, објави Телма. Од институцијата за телевизијата потврдиле дека таа повторно ќе ја извршува функцијата помошник на главниот државен ревизор, која ѝ била во мирување додека раководела со ДКСК. …

По оставката во ДКСК, Димитровска се враќа во Државниот завод за ревизија Read More »

Улман: Не смее да се дозволи да се губи вода


Модернизација на водоводните мрежи, намалување на техничките и финансиските загуби, зголемување на енергетската ефикасност и подобрување на перформансите на јавните комунални претпријатија, сето ова се клучни елементи за поодржлива инфраструктура и поквалитетни услуги за граѓаните. Вака денеска заменик министерката за животна средина и просторно планирање, Ане Лашкоска, ги претстави целите од проектните активности вредни 7.5 …

Улман: Не смее да се дозволи да се губи вода Read More »

Свештеник уби бездомник во Полска


Надбискупот на Варшава побара од Ватикан да го отстрани свештеникот обвинет за убиство на 68-годишен бездомник кој бил убиен со секира и запален. Обвинителите во саботата го обвинија свештеникот, идентификуван само како Мирослав М. според полските правила за приватност, за убиство со посебна суровост. Тој ќе чека судење во притвор. Се соочува со казна од …

Свештеник уби бездомник во Полска Read More »

Што не сака „Мета“ – „Гугл“ сака: Се согласија на европските упатства за вештачка интелигенција


Гугл објави дека ќе ги потпише упатствата за вештачка интелигенција на Европската Унија, кои Мета Платформс претходно ги отфрли поради загриженост дека би можеле да ја задушат иновацијата. Мета потоа рече дека Европа оди во погрешен правец во врска со вештачката интелигенција. Тие рекоа дека Кодексот воведува голем број правни неизвесности за развивачите на модели, …

Што не сака „Мета“ – „Гугл“ сака: Се согласија на европските упатства за вештачка интелигенција Read More »

Салиу: Се додека не бидам осуден не сум виновен, не чувствувам никаква вина


 Се додека не бидам осуден не сум виновен. Не чувствувам никаква вина и треба да оставиме судовите да донесат одлука и да ја водат постапката, рече денеска министерот без ресор, задолжен за интеграција и имплементација на Стратегијата за инклузија на Ромите 2022–2030, Шабан Салиу, одговарајќи на новинарско прашање за тоа дали чувствува вина за случајот …

Салиу: Се додека не бидам осуден не сум виновен, не чувствувам никаква вина Read More »

Шукова од Кисела Вода: Приоритет ќе ми биде целосно завршување на булеварот „Борис Трајковски“ до Драчево 


    Кандидатката за градоначалничка на Скопје и потпретседателка на СДСМ, Каја Шукова, заедно со кандидатот на СДСМ за градоначалник на Кисела Вода, Горан Трајковски синоќа одржа средба со граѓаните на Кисела Вода, каде разговараше за решенијата за клучните проблеми со кои се соочуваат.   -Приоритет број еден за Кисела Вида е конечно завршување на …

Шукова од Кисела Вода: Приоритет ќе ми биде целосно завршување на булеварот „Борис Трајковски“ до Драчево  Read More »

Расчистен просторот во Паркот на новинарите, спроти „Нова Македонија“


Денеска, во раните утрински часови во координирана акција на инспекциските служби на Општина Центар и Министерството за внатрешни работи, беше расчистен јавниот простор спроти зградата на „Нова Македонија“, познат и како Паркот на новинарите. Акцијата беше спроведена по теренска проценка и по пријава од страна на центарци, кои изразија сериозна загриженост за безбедноста и изгледот …

Расчистен просторот во Паркот на новинарите, спроти „Нова Македонија“ Read More »

ДЗР: ФЗОМ плаќа по 5 милиони евра за пациенти во странство, а не знае дали се успешно лекувани


Отсуство на единствен интегриран систем за упати, лекарски извештаи и фактурирање и значајни слабости во спроведувањето на контролите во здравствените установи од страна на Фондот за здравствено осигурување, утврдиле ревизорите по извршената ревизија на финансиските извештаи и усогласеноста на Фондот за здравствено осигурување на Република Северна Македонија за 2023 година.  Според ревизорите, контролните активности за …

ДЗР: ФЗОМ плаќа по 5 милиони евра за пациенти во странство, а не знае дали се успешно лекувани Read More »

Легендата на Јунајтед спаси млад човек од самоубиство: Го видел на мостот и веднаш го запрел возилото


Прославениот ас на Манчестер Јунајтед, Антонио Валенсија, се соочи со непријатна ситуација по која стана херој во својот Еквадор. Спаси млад човек во главниот град Кито откако забележа дека сака да се самоубие. Откако ја заврши кариерата пред четири години, Валенсија (39) се врати во родниот Еквадор, каде што живее денес. Таму доживеа голема непријатност …

Легендата на Јунајтед спаси млад човек од самоубиство: Го видел на мостот и веднаш го запрел возилото Read More »

Израел повлекува елитна формација од Појасот Газа, вели дека „ја завршиле задачата“


Неколку месеци по нападот врз Кан Јунис и населбите во Газа, 98-та дивизија на израелската армија беше повлечена од Појасот Газа. Дивизијата, елитна формација од неколку илјади војници во единици за падобранци и командоси, беше распоредена во мај во Кан Јунис во јужна Газа. Армијата тврди дека дивизијата ги завршила своите операции во северна Газа …

Израел повлекува елитна формација од Појасот Газа, вели дека „ја завршиле задачата“ Read More »

„Скечерс“ произведе детски патики со скриен дел за „AirTag“


Моделот, наречен Find My Skechers, е наменет за деца на возраст од една до 10 години и има дел за AirTag на Apple под петицата. Доколку родителите не се задоволни со следењето на своите деца преку Snapchat или паметни часовници, сега можат да стават AirTag во нивните чевли. Сепак, децата на возраст од само 10 …

„Скечерс“ произведе детски патики со скриен дел за „AirTag“ Read More »

Сѐ уште гори на Готен: Активни се три пожари, под контрола се три, а 21 изгаснати


Од вкупно 27 пожари на отворено во текот на денешниот ден, се уште активни се три, под контрола се три, а изгаснати се 21, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК) за состојбата со пожарите заклучно со 20:30 часот. ЦУК соопшти дека се активни пожарите во Општина Василево, Општина Радовиш и Општина Берово кај с. …

Сѐ уште гори на Готен: Активни се три пожари, под контрола се три, а 21 изгаснати Read More »

Милиони евра за субвенции за чист воздух, а резултатот непознат: Инвертерите можат да го преполоват загадувањето


Лани, земјава беше втора најзагадена во Европа На европската мапа на држави каде што граѓаните дишат загаден воздух, Северна Македонија честопати се наоѓа меѓу првите пет места, додека на светските мапи влегува во топ 20. Само лани, според податоците од Европската агенција за животна средина, Северна Македонија се рангираше на третото место во Европа по годишна просечна концентрација на …

Милиони евра за субвенции за чист воздух, а резултатот непознат: Инвертерите можат да го преполоват загадувањето Read More »

Биткоинот стабилен, на речиси 103.000 евра, Етереумот малку падна


Цената на биткоинот беше стабилна на 102.952,37 евра денес во 15 часот на најголемата светска берза за криптовалути Бајненс. Вкупниот обем на тргување со биткоин во последните 24 часа изнесуваше 58,85 милијарди евра, што е зголемување во однос на вчера. Индексот на страв и алчност на биткоинот моментално е на 73 во категоријата „алчност“, што …

Биткоинот стабилен, на речиси 103.000 евра, Етереумот малку падна Read More »