Пo повод Илинден, посебен режим на сообраќај утре во Скопје


Поради одржување на настан за одбележување на празникот 2 Август, утре (сабота) со почеток во 9 часот, па се до завршување на настанот, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот во централното подрачје на Скопје. Сообраќајот ќе биде затворен делот пред зградата на Собранието на …

Пo повод Илинден, посебен режим на сообраќај утре во Скопје Read More »

Девојче (12) во Чешка роди бебе. Татко наводно е нејзин 16-годишен брат


На почетокот на јули, 12-годишно девојче роди здраво машко бебе во болница во чешкиот град Карлови Вари. Таа дошла во болница жалејќи се на болки во стомакот, пишува novinky.cz. Девојчето е добро по породувањето, објавуваат локалните медиуми. Локалниот портал Крими-Плзен, кој исто така известуваше за случајот, тврди дека девојчето потекнува од сосема обично чешко семејство. …

Девојче (12) во Чешка роди бебе. Татко наводно е нејзин 16-годишен брат Read More »

Во дебарската болница доделени решенија на 19 лица кои со години работеа со договор на дело


Во Општата болница со проширена дејност во Дебар, доделени се решенија на 19 лица, кои, со години работеле со договор на дело. -Повеќе од задоволство и гордост за мене е, да се види насмевка на 19-те лица кои до сега работеа со договор на дело.   Како никогаш досега поделени се толку решенија за работа …

Во дебарската болница доделени решенија на 19 лица кои со години работеа со договор на дело Read More »

„Најпосакуваниот кандидат“ од СДСМ, за градоначалник на Скопје, стана дел од тимот на Орце Ѓорѓиевски


Името на Мишко Ралев, се спомнуваше како најпосакуван избор за кандидат на градоначалник на Скопје во редовите на СДСМ за есенските локални избори, но тој од денеска е дел од тимот на кандидатот за градоначалник на Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски.    – Голема чест и искрена благодарност до професорот Мишко Ралев што се приклучува …

„Најпосакуваниот кандидат“ од СДСМ, за градоначалник на Скопје, стана дел од тимот на Орце Ѓорѓиевски Read More »

Марко Колеќески (24) ќе учи за пилот, кој ќе гаси пожари


Обука за пилоти на авион, лесни воздухоплови, едрилици, но и за параглајдер и падобранци, субвенционира годинава државата со 50 отсто, односно до 4.200 евра, а заинтересираните кои се јавиле на огласот денеска дадоа изјава зошто сакаат да станат пилоти. – Цел живот сум многу возбуден за авијација, целта ми беше да бидам пилот, од средно, …

Марко Колеќески (24) ќе учи за пилот, кој ќе гаси пожари Read More »

(Видео) Изјава на кандидати за пилоти кои би гаселе пожари


Обука за пилоти на авион, лесни воздухоплови, едрилици, но и за параглајдер и падобранци, субвенционира државата со 50 отсто, односно до 4.200 евра, а заинтересираните кои се јавиле на огласот денеска дадоа изјава зошто сакаат да станат пилоти. Слушнете ги:   Се бараат седум приватни пилоти на авион (PPL-A), три пилоти на лесни воздухоплови (LAPL),пет …

(Видео) Изјава на кандидати за пилоти кои би гаселе пожари Read More »

Во овој европски град намирниците чинат повеќе отколку во Њујорк


Повеќето европски метрополи припаѓаат на средната група со индекс помеѓу 58 и 63: Хелсинки, Виена, Копенхаген, Милано, Лондон, Брисел, Единбург, Франкфурт, Даблин, Амстердам, Минхен и Стокхолм. Цените на храната во европските градови драстично варираат. Најновиот „Индекс на намирници“, објавен од Истражувачкиот институт на Дојче Банк, открива каде намирниците се најскапи во Европа – и каде …

Во овој европски град намирниците чинат повеќе отколку во Њујорк Read More »

Во Твинсбург, САД, почнува најголемиот меѓународен собир на близнаци во светот


 Во Твинсбург, Охајо, САД, денеска ќе почне „Твинс дејс фестивал“ (Twins Days Festival) – најголемиот меѓународен собир на близнаци во светот, којшто ќе трае до 3 август. Овогодишните „Денови на близнаците“ се јубилеен 50-ти годишен собир. „Оваа година, Ве покануваме да ја доживеете магијата на минатите фестивали, облекувајќи се во Вашата омилена тема од минатите години. …

Во Твинсбург, САД, почнува најголемиот меѓународен собир на близнаци во светот Read More »

Вчера попладне регистрирани над 10.000 молњи во северна и централна Грција


Силни врнежи од дожд што предизвикаа и проблеми и над 10.000 молњи беа регистрирани вчера попладне во северниот и централниот дел на Грција, според податоците од мрежата на автоматски метеоролошки станици на Националната опсерваторија во Атина и порталот Метео, јави дописничката на МИА од Атина. Најголема количина дожд беше измерена во регионот на Кукуш (Килкис), …

Вчера попладне регистрирани над 10.000 молњи во северна и централна Грција Read More »

Илон Маск донираше 15 милиони долари на републиканците, додека јавно се расправаше со Трамп


Милијардерот Илон Маск донираше вкупно 15 милиони долари во јуни на политички организации кои го поддржуваат американскиот претседател Доналд Трамп и републиканците во Конгресот, покажуваат новите извештаи за финансирање на кампањата. Донациите од по 5 милиони долари за MAGA Inc., Фондот за лидерство на Сенатот и Фондот за лидерство на Конгресот беа направени на 27 …

Илон Маск донираше 15 милиони долари на републиканците, додека јавно се расправаше со Трамп Read More »

Словенија воведува ембарго за оружје кон Израел


Словенија стана првата европска земја што целосно го забрани увозот, извозот и транзитот на воено оружје и опрема од или преку словенечка територија до Израел и обратно. Премиерот Роберт Голоб претходно во неколку наврати најави дека Словенија ќе преземе независни мерки доколку Европската унија не успее да се согласи за конкретни чекори кон израелската политика …

Словенија воведува ембарго за оружје кон Израел Read More »

Ватикан потпиша договор со Италија за сопствена соларна фарма


 Италија вчера даде согласност за плановите на Ватикан да претвори парцела од околу 430 хектари северно од Рим, извор на несогласувања во минатото, во масивна соларна фарма. Светата Столица се надева дека таму ќе генерира доволно електрична енергија за да ги задоволи своите потреби и ќе го направи Ватикан првата јаглеродно неутрална земја во светот. …

Ватикан потпиша договор со Италија за сопствена соларна фарма Read More »

Трамп ја намали царината за Македонија на 15 отсто


Со новата извршна наредба што синоќа ја потпиша американскиот претседател Доналд Трамп за воведување царини за речиси сите земји кои досега немаат трговски договор со САД, царинската стапка за Македонија од претходните 33 е намалена на 15 проценти. Царина од 15 отсто САД ќе имаат и со Европската унија, со која склучија трговски договор на …

Трамп ја намали царината за Македонија на 15 отсто Read More »

Иво Санадер пуштен на условна слобода


Со одлука на Окружниот суд во Сисак, поранешниот хрватски премиер Иво Санадер е условно ослободен, а одлуката е донесена на денешната седница на советот, јави Н1 Хрватска. Поради неколку кривични дела, Санадер е осуден на единствена казна од 18 години затвор, а додека ја издржувал казната ги користел бенефициите пропишани со Законот за извршување на …

Иво Санадер пуштен на условна слобода Read More »

Студија открива шокантна количина пластика што ја дишеме секој ден


Нова студија откри вознемирувачка вистина за воздухот што го дишеме во затворен простор. Според научниците, повеќе од 70.000 микропластични честички можат да влезат во нашите бели дробови секој ден, што е значително повеќе отколку што се веруваше претходно. Уште позагрижувачки е фактот дека повеќето од овие честички се доволно мали за да навлезат длабоко во …

Студија открива шокантна количина пластика што ја дишеме секој ден Read More »

Жителите на Осло се повикани да штедат вода: Туширајте се поретко


Жителите на Осло се замолени да ја ограничат потрошувачката на вода, бидејќи нивоата на резервоарите се моментално ниски. Одделот за вода на општина Осло ги замоли жителите и бизнисите во градот да преземат чекори за намалување на потрошувачката на вода, затоа што нивоата на резервоарите остануваат ниски. Агенцијата за водоснабдување и канализација (Vann- og avløpsetaten) …

Жителите на Осло се повикани да штедат вода: Туширајте се поретко Read More »

ТикТок конечно воведува подобри родителски контроли, Европа добива посебен третман


  Популарноста на TikTok меѓу младите не опаѓа. Добро познатата апликација неодамна воведе серија нови функции насочени кон зајакнување на родителските контроли и подобрување на корисничкото искуство. Ова ажурирање доаѓа во време кога можните забрани за користење на социјалните мрежи за деца и млади тинејџери се повеќе се дискутираат во Европа, додека апликацијата се повеќе …

ТикТок конечно воведува подобри родителски контроли, Европа добива посебен третман Read More »

Со поддршка од Владата ќе се ревитализира велешкото езеро Младост


Со поддршка од Владата во висина од 10 милиони денари ќе се ревитализира велешкото езеро Младост, за што Јавното претпријатие за водостопанство „Лисиче“ кое стопанисува со езерото веќе потпиша договор со Министерствот за животна средина преку кое ќе добие 4 милиони денари од Програмата за управување со водите за 2025 за санација на темелен испуст …

Со поддршка од Владата ќе се ревитализира велешкото езеро Младост Read More »

Претседателката Сиљановска -Давкова помилува осум осуденици по повод Илинден


Претседателката Гордана Сиљановска Давкова донесе одлука за помилување на неколку осудени лица по повод државниот празник 2 Август – Илинден. Со оваа одлука, четири лица се целосно ослободени од понатамошно издржување на затворската казна: Раде Здравко Јовановиќ од село Криволак, Општина Неготино Алберт Тарзан Алиевски од Кавадарци Николче Љубе Костадиновски од Куманово Зејадин Сали Мифтари …

Претседателката Сиљановска -Давкова помилува осум осуденици по повод Илинден Read More »

МВР со детали за сообраќајката на автопатот Тетово-Скопје


Денес (31.07) во 15.45 часот во СВР Тетово било пријавено дека на автопатот Тетово-Скопје кај клучка „Север“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Опел Астра“ со тетовски регистерски таблици, управувано од Т.И.(59) од Тетово и Автобус ,,Ман” со скопски регистерски таблици управувано од Ш.Д.(62) од Тетово. Во незгодата животот го изгубиле возачот и сопатничките …

МВР со детали за сообраќајката на автопатот Тетово-Скопје Read More »