Цела производна линија на „Горење“ од Велење се сели во Валјево


Преселбата на последната преостаната производна линија за разладни уреди од Велење, Словенија во фабриката „Горење“  во Валјево, ќе заврши во април, пренесуваат регионалните медиуми. Капацитетот на фабриката во Валјево така ќе се зголеми за 150.000 уреди годишно. Со проширување на производството и изградбата на дополнителните производни хали, „Горење“ Валјево ќе стане центар за производство на …

Цела производна линија на „Горење“ од Велење се сели во Валјево Read More »

Собрание: Над 200.000 евра за патување и сместување за две години


Одлуката за јавна набавка на услуги за потребите на Собранието за набавка на авио-билети е во висина од 13 милиони денари за две години, со тоа што дел се донација од Швајцарската агенција за развој за потребите на Парламентарен институт. Ова не значи дека сите средства задолжително ќе се потрошат, сѐ ќе биде во зависност …

Собрание: Над 200.000 евра за патување и сместување за две години Read More »

Поповски: Мијалков и усно не известуваше за набавки во УБК


Договорите, барањето за понуда, и сертификатите за краен корисник со правното лице „Финзи” за набавка на опрема за УБК се подготвени од Комисијата за јавни набавки и службата во МВР, истакна денеска поранешниот помошник министер за внатрешни работи Ѓоко Поповски во сведочењето за предметот „Трезор” на Специјалното јавно обвинителство. Поповски, кој потврди дека документите посочени …

Поповски: Мијалков и усно не известуваше за набавки во УБК Read More »

Пожар кај Скопска Црна Гора


Гори ниска мешана шума и бор на местото Црн камен, на потегот Липково, Скопска Црна Гора и селото Матејче. Како што информира за МИА, Противпожарната бригада на Град Скопје добиле дојава за пожарот денеска околу 10 часот, по што веднаш испратиле екипи на терен. Полициските службеници се излезени на терен, потврдија од МВР.

Заев: Ако Пендаровски изгуби на претседателските, ќе се распишат предвремени парламентарни избори


Премиерот Зоран Заев остави простор за предвремени парламентарни избори, но само доколку кандидатот на СДСМ и владејачката коалиција Стево Пендаровски загуби од опозицискиот кандидат, Гордана Силјановска Давкова. -Ако кандидатот на СДСМ, Стево Пендаровски, загуби на претстојните претседателски избори од кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска, ќе се распишат предвремени парламентарни избори – изјави Заев. Според премиерот …

Заев: Ако Пендаровски изгуби на претседателските, ќе се распишат предвремени парламентарни избори Read More »

Пукање на повеќе локации во Утрехт


Осомничениот кој застрела повеќе луѓе, од кои еден најверојатно почина, во трамвај во Утрехт, Холандија, сѐ уште е во бегство, соопшти шефот на полицијата за контра-тероризам. „Во Утрехт имаше пукање на повеќе локации“, рече шефот на контра-терористичкиот тим Питер-Џап Алберсберг, на прес-конференција. „Многу детали сѐ уште се нејасни и локалните власти работат на тоа да …

Пукање на повеќе локации во Утрехт Read More »

Нов правилник: Ќе се знае колку вода, а колку месо има во ќебапчињата


Потрошувачите ќе знаат колку вода, протеини и адитиви има во пакуваното мелено месо, полуготовите ќебапчиња и плескавици што се продаваат во месарниците. Според новиот правилник кој стапува во сила од 1 мај годинава, на декларациите, покрај протеините, ќе мора да биде наведена и содржината на колаген во протеините од месото и дали се подготвени од …

Нов правилник: Ќе се знае колку вода, а колку месо има во ќебапчињата Read More »

ЈП „Комунална хигиена“- Скопје се вклучи во проектот „Лулка-за чиста Матка“


По повод одбележувањето на Светскиот ден на рециклирањето, невладината организација за екологија „4SELECT“ денеска го промовираше  проектот „Лулка-за чиста Матка“, во којшто учествува и ЈП „Комунална хигиена“-Скопје. Проектот е насочен кон заштита на животната средина во населените места на кањонот Матка и течението на реката Треска. Во рамките на денешниот хепенинг, на оваа локација беше …

ЈП „Комунална хигиена“- Скопје се вклучи во проектот „Лулка-за чиста Матка“ Read More »

Стартуваше „Недела на роботика“ на ФЕИТ


По повод десет години од организирање на манифестацијата „Робомак“ и 60 години од постоење на Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ), денеска се одржа свечено отворање на „Робомак 2019“ во организација на факултетот. Годинава, факултетот организира „Недела на роботика“ во чии рамки ќе се реализираат низа активности наменети за најмладите- учениците од основните училишта, …

Стартуваше „Недела на роботика“ на ФЕИТ Read More »

Заев: Амнестијата беше заради државата, Иванов нема законска можност за тоа


Нема најави за нова амнестија, ниту од Министерството за правда, ниту од претседателот, кој повеќе нема законска можност за тоа, изјави премиерот Зоран Заев пред Кривичен суд каде беше поради случај кој се води за закани што преку Фејсбук ги добивал во 2016 година. Според Заев, Законот за амнестија на обвинети за настаните од 27 …

Заев: Амнестијата беше заради државата, Иванов нема законска можност за тоа Read More »

Меј ќе организира трето гласање за Договорот за Брегзит


Британската премиерка Тереза Меј наредниве денови ќе се обиде по трет пат да ги убеди пратениците во Долниот дом на Парламентот во Вестминстер да го одобрат Договорот за Брегзит, што нејзината Влада го договори со Брисел лани во ноември. Согласно одлуката што Парламентот ја усвои во четвртокот, доколку пратениците најдоцна до среда го одобрат Договорот, …

Меј ќе организира трето гласање за Договорот за Брегзит Read More »

Заев: Не се пазарења за криминал разговорите со опозицијата за СЈО


Не се пазарења за криминал разговорите со опозицијата за Законот за јавното обвинителство со кој треба да се зајакне Специјалното јавно обвинителство и тоа да стане дел од редовното обвинителство со сите негови капацитети што ги има,смета премиерот Зоран Заев во врска претстојните партиски работни групи за статусот на СЈО. „Кој сум јас и кој …

Заев: Не се пазарења за криминал разговорите со опозицијата за СЈО Read More »

Бешлиев: Извозот во Русија без проблеми, прифатени сертификатите со новото име на државата


Руските царински власти потврдија дека увозот на македонски производи се реализира без никаков проблем. Три камиони свежо овошје и зеленчук или околу 60 тони веќе ја поминале границата со декларација на која стои ПЈРМ и сертифкат на кој го пишува новото име – Република Северна Македонија. Како што изјави директорот на Македонско-руската стопанска комора Дејан …

Бешлиев: Извозот во Русија без проблеми, прифатени сертификатите со новото име на државата Read More »

Од полноќ поскапуваат бензините


Бензините поскапуваат за 1,5 односно 1 денар по литар, додека цената на дизелот се намалува за половина денар. Ваква одлука донесе Регулаторната комисија за енергетика на седницата одржана денеска. Според објавената одлука, од полноќ, литар ЕУРОСПУЕР 95 ќе се продава за 1,5 денари поскапо и ќе чини 66 денари за литар, а ЕУРОСУПЕР 98 кој …

Од полноќ поскапуваат бензините Read More »

ВИДЕО: Икеа направи завеси што ќе го прочистуваат воздухот


ИКЕА од следната година наскоро ќе почне да продава завеси кои го прочистуваат воздухот благодарение на површината обложена со минeрали кои ги разложуваат најчестите загадувачи. Површината на завесите е третирана со минерал фотокатализатор кој овозможува загадувањето од воздухот да се разложи кога ќе помине светлина низ него. На тој начин корисниците на завесите ќе можат …

ВИДЕО: Икеа направи завеси што ќе го прочистуваат воздухот Read More »

Момче обвинето за пренесување на снимката од нападот во Нов Зеланд


Осумнаесетгодишно момче е обвинето во Крајстчрч поради реемитување на видеоснимката која директно ја пушти онлајн сторителот на масакрот во Крајстчрч. Судот не дозволи објавување на името на тоа момче кое, исто така, е обвинето за поттикнување насилство поради ставање на интернет слики од џамијата „Ел Нур“ во Крајстчрч со натпис „метата е погодена“. За секое …

Момче обвинето за пренесување на снимката од нападот во Нов Зеланд Read More »

Напад во Утрехт: Пукал во луѓе во трамвај, има ранети


Неколку луѓе се повредени откако непознато лице пукало во луѓе во трамвај во холандскиот град Утрехт. Нападот се случи утрово на периферијата на градот, а полицијата ги блокираше улиците околу местото на нападот, пренесе Ројтерс. Полицијата на Твитер објави дека неколку луѓе се повредени, пренесе британски „Дејли стар“. Портпаролот на полицијата изјави дека инцидентот се …

Напад во Утрехт: Пукал во луѓе во трамвај, има ранети Read More »

ЈОРМ: Не е загрозено правото на пензија на осигурениците


Во рамки на предистражната постапка која се однесува на невршење распределба на осигуреници во вториот столб од пензискиот систем и неисплата на придонеси во приватните пензиски фондови Основното јавно обвинителство зело искази од генералниот директор на Фондот за ПИОМ, претставник на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС), претседателот на Управниот одбор на КБ …

ЈОРМ: Не е загрозено правото на пензија на осигурениците Read More »

Димитров и Османи во Брисел: Очекуваме одлука за преговори со ЕУ во јуни


Шефот на дипломатијата Никола Димитров и вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи, во рамки на посетата во Брисел учествуваа на работен појадок со министрите за надворешни работи на земјите членки на Европската унија, во организација на Грција и Романија. На работниот појадок, министерот Никола Димитров брифираше за тековните достигнувања во контекст на евро-интеграциите, за спроведувањето …

Димитров и Османи во Брисел: Очекуваме одлука за преговори со ЕУ во јуни Read More »

Фатени 34 „диви тркачи“ во Скопје


Во периодот од 17.30 часот во неделата до 1 часот, по полноќ од страна на Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Скопје беше спроведена акциска контрола на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје со цел откривање и санкционирање на т.н. „диви тркачи“.   Од страна на полициски службеници преземени …

Фатени 34 „диви тркачи“ во Скопје Read More »