(Видео) Заев: Лидерска средба не е потребна, Владата има капацитет


Владата има комплетен капацитет, а јас како претседател на СДСМ излегов со предлог мерки со цел справување со коронакризата, но и истакнав дека Владата има поддршка како и да одлучи, нема потреба од лидерска средба по ова прашање, истакна претседателот Заев на гостувањето во Дневникот на Националниот телевизиски сервис одговарајќи на прашањето за потребата од свикување на лидерска средба меѓу партиите со цел усогласување на ставовите и мерките кои би се предложиле во справувањето со коронакризата.

Владата овојпат е и техничка што значи и во неа е и опозицијата и таа, Владата е таа која треба да носи одлуки. Видовме какви инжињерски предлози презентираше опозицијата, без да консултира економски експерти. Мора да се поставиме посериозно , затоа што ова не е кампања и не се избори, ова е скриен непријател наречен коронавирус и е заеднички за сите и не смееме да правиме политички поени од тоа. Затоа што граѓаните знаат да препознаат и нивното мислење ке ни го соопштат зад параванот кога ќе гласаат.-истакна Заев.

Претседателот Заев на крајот порача дека сите треба да се однесуваме сериозно бидејќи ова е пресериозно време.

https://www.facebook.com/zaevzoran/videos/897018270728608/