Таблите на граничните премини треба да бидат сменети во текот на денот


Таблите на граничните премини на кои е напишано името на државата се планира да бидат променети во текот на денот, најави директорот на Царинската управа Ѓоко Танасоски. -Плaнираме сите да бидат променти денеска, со оглед на можностите на фирмите за одржување што треба да го направат тоа, а со кои Царинската управа има склучено договор. …

Таблите на граничните премини треба да бидат сменети во текот на денот Read More »

Три деца заразени со морбили во критична состојба


  Едно дете со церебрална парализа, кое е заразено со морбили и има тешко воспаление на белите дробови, е во критична состојба на Клиниката за инфективни болести, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче. Од Клиниката за детски болести, пак, информираа дека две деца заразени со морбили хоспитализирани кај нив, се во критична состојба. Филипче посочи …

Три деца заразени со морбили во критична состојба Read More »

Словенија повлекува 12 тони ќебапи од Полска


Словенечката агенција за безбедност на храна нареди повлекување од продажба на 12 тони говедско месо увезено од Полска и подготвено за ќебапи, пишува словенечкиот весник „Вечер“ и наведува дека месо од истата серија е испорачано и до купувачи во Хрватска и Унгарија. Според весникот, станува збор за месо од Полска кое на словенечкиот пазар го …

Словенија повлекува 12 тони ќебапи од Полска Read More »

Тепихот со сонцето од Вергина тргнат од „Водовод и канализација“


Тепихот со сонцето од Вергина е отстранет од директорскиот кабинет на јавното претпријатие „Водовод и канализација“ и сместен во депото, пишува  „Фокус“. Отстранувањето следело откако Грција испратила протестна нота до Владата со барање да се ограничи употребата на овој симбол. Владата ова барање го препратила до претпријатието, по што управата на претпријатието донела одлука тој …

Тепихот со сонцето од Вергина тргнат од „Водовод и канализација“ Read More »

Министрите за одбрана на НАТО ќе ги разгледаат воените опции по ИНФ


Министрите за одбрана на земјите членки на НАТО на дводневниот состанок во Брисел, кој почнува денеска, ќе ги разгледаат опциите неопходни да се заштити Европа доколку пропадне билатералниот договор за разоружување помеѓу Русија и САД. САД и НАТО ја обвинуваат Русија дека го крши Договорот за нуклеарно оружје од среден дострел (ИНФ), со развојот на …

Министрите за одбрана на НАТО ќе ги разгледаат воените опции по ИНФ Read More »

Вангеловски и претседателите на судовите го прифатија предлогот за подобрување на статусот на судиите


Претседателот на Врховниот суд, Јово Вангеловски и претседателите на сите судови во Република Македонија го прифатиле предлогот за спогодба за комплексно подобрување на статусот на судиите во државата, соопштуваат од Врховниот суд. На средбата, што била одржана вчера, присуствувале и претседателот на Судскиот буџетски совет, Зоран Караџовски и претседателот на Здружението на судиите на Република Македонија, …

Вангеловски и претседателите на судовите го прифатија предлогот за подобрување на статусот на судиите Read More »

Баџанакот на Џафери на „томбола“ избран за заменик-претседател на Антикорупциска


На првата седница на Антикорупциска, денеска, Нури Бајрами на „среќа“ е избран за заменик-претседател на Комисијата. Баџанакот на претседателот на Собранието, Талат Џафери, Нури Бајрами, за кого во јавноста имаше многу критики што воопшто се пријавил за член на Антикорупциска, покрај фактот дека е роднина на претседателот на Собранието, денеска повика да престанат прозивките на …

Баџанакот на Џафери на „томбола“ избран за заменик-претседател на Антикорупциска Read More »

ОН предупредуваат на тешка хуманитарна ситуација во источна Украина


Високата претставничка на Обединетите нации предупреди на тешка хуманитарна криза во источна Украина додека судирот во тој регион влегува во шестата година. „Цивилите ја плаќаат највисоката цена. Повеќе од 3.000 цивили се убиени и речиси 9.000 ранети откако почна судирот во 2014 година“, изјави Урсула Милер, помошничка на генералниот секретар на ОН за хуманитарни прашања. …

ОН предупредуваат на тешка хуманитарна ситуација во источна Украина Read More »

Скопје и Атина го информираа Гутереш за Северна


Скопје и Атина вчера доставија заедничкото писмо до генералниот секретар на ООН Антонио Гутереш со кое го информираат за датумот на влегување во сила на Конечната Спогодба за решавање на разликите опишани во резолуциите 817 (1993) и 845 (1993) на Советот за Безбедност на Обединетите Нации, за престанување на важноста на Привремената спогодба од 1995 …

Скопје и Атина го информираа Гутереш за Северна Read More »

Регистрирани 107 дојави за прекршување на детските права на СОС телефонот во „Меѓаши“ во 2018-та


Вкупно 107 дојави за прекршување на детските права се регистрирани на СОС телефонот за деца и млади во текот на 2018 година. Најкарактеристични податоци што биле регистрирани во Првата детска амбасада во светот „Меѓаши“ се 30 дојави за сиромаштија, 13 за семејно, физичко и психолошко насилство и негрижа врз дете, девет деца биле потенцијални жртви …

Регистрирани 107 дојави за прекршување на детските права на СОС телефонот во „Меѓаши“ во 2018-та Read More »

Владата и Собранието почнаа да го користат новото име


Владата и Собранието веќе почнаа да го користат новото име Република Севрена Македонија во комуникацијата со медиумите. По вчерашното стапување во сила на Договорот со Грција и на новото уставно име, се очекува тоа да го направат и останатите државни институции. Меѓуресорската работна група формирана од Владата за извршување на обврските од Преспанскиот договор донесе одлуки во …

Владата и Собранието почнаа да го користат новото име Read More »

(Видео) Погледнете каде е убиен серискиот убиец во Босна и Херцеговина


Снимки од местото каде убиен серискиот убиец Един Гациќ во Босна и Херцеговина, направи редакцијата на „Аваз“. Потрагата по него беше завршена вчера, а во размена на оган со сараевската полиција, тој беше убиен на поширокото подрачје на Лепеница. Монструмот од Коњиц, Един Гациќ пред девет дена го уби Суад Султановиќ кај Коњиц, по што …

(Видео) Погледнете каде е убиен серискиот убиец во Босна и Херцеговина Read More »

Аврил Лавињ: Не умрев!


Пејачката Аврил Лавињ вели дека „глупави интернет гласини“ се вестите кои се шират дека таа умрела, а ја заменила двојничка Мелиса, пишува Индепендант. Гласините дека Лавињ се уморила од славата и изнајмила двојничка за да ја претставува во јавноста почнаа во 2005 година и се претпоставува дека потекнуваат од еден бразилски сајт. За жал, гласините …

Аврил Лавињ: Не умрев! Read More »

Станица за полнење електрични возила во ТЦ „Сити мол“


„Скопје Сити мол“ е прв трговски центар во земјава каде што е поставена станица за полнење електрични и приклучни хибридни возила. Полначот се наоѓа во жолтата зона на подземната гаража на трговскиот и на сопствениците на електрични возила им нуди можност за бесплатно полнење и паркирање за време на престојот во „Сити мол“. Со поставување …

Станица за полнење електрични возила во ТЦ „Сити мол“ Read More »

„Коха Диторе“: Харадинај подготвен да разгледа укинување на таксата на српскиот увоз


Косовскиот премиер Рамуш Харадинај е подготвен да го стави на дневен ред на седница на Владата прашањето за укинување на такста од 100 отсто на увозот на производи од Србија и Босна и Херцеговина, дотолку тоа го предложи некој од министрите, пишува во денешното издание приштинскиот весник „Коха Диторе“. Весникот, ја цитира портпаролката на Владата, …

„Коха Диторе“: Харадинај подготвен да разгледа укинување на таксата на српскиот увоз Read More »

Челзи заинтересиран за Зидан


Раководството на премиерлигашот Челзи е заинтересирано за францускиот фудбалски стручњак Зинедин Зидан да го види како наследник на Маурицио Сари на тренерската позиција, објавија англиските медиуми. Челзи во последниот период е во резултатска криза. Тимот доживеа три порази на последните пет натпревари, а позицијата на тренерот Сари многу се разниша по последниот пораз од Манчестер …

Челзи заинтересиран за Зидан Read More »

Вучиќ: На регионот му пречи тоа што Србија е посилна


Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска изјави дека на земјите во регионот им пречи тоа што Србија е посилна. – Зошто тие (медиумите во регионот) се радуваат на пропаста на Александар Вучиќ, зошто сум им проблем? Што сум направил против нив ? Им пречи тоа што Србија е посилна, изјави Вучиќ за Пинк. Тој рече дека …

Вучиќ: На регионот му пречи тоа што Србија е посилна Read More »

Косовски државјанин фатен како шверцува лекови


Во вторникот во 18.45 часот на клучка Радишани-oбиколница во Скопје полициски службеници запреле патничко возило „Опел“ со косовски регистарски ознаки, управувано од Р.А. од Косово. При проверка во багажниот дел на возилото биле пронајдени повеќе пакети со лекови. Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволена трговија“, казниво  по член 277 од Кривичниот …

Косовски државјанин фатен како шверцува лекови Read More »

Заловен досега најкрупниот балкански рис во Националниот парк „Маврово“ се бара име за мажјакот Б8


Викендов близу селото Сенце, во НП „Маврвово“ беше заловен уште еден балкански рис, шести по ред од кога започнаа истражувањата со методот на радиотелеметрија и GPS следење на обележаните единки од страна на Македонско еколошко друштво во 2010 година. Треба да се истакне дека рисот Б8 засега го држи рекордот за најголем балкански рис што …

Заловен досега најкрупниот балкански рис во Националниот парк „Маврово“ се бара име за мажјакот Б8 Read More »

Република Српска забрани увоз на мандарини од Турција поради присуство на пестициди


Фитосанитарната инспекција на Република Српска забрани увоз на 10.400 килограми мандарини по потекло од Турција, поради утврдено зголемено присуство на пестициди. Како што соопшти Инспекцијата, пестицидите се откриени за време на редовна контрола при увоз на пратката. – Со лабораториската анализа изработена од Институтот за вода во Бјелина, во анализираниот примерок мандарина утврдено е зголемено …

Република Српска забрани увоз на мандарини од Турција поради присуство на пестициди Read More »