Зголемен бројот на смртни случаи во Велика Британија


Во Велика Британија во изминатите 24 часа се потврдени нови 1.401 смртни случаи од Ковид-19, што претставува пораст во однос на претходниот ден кога беа регистрирани 1.290. Според официјалните податоци, забележани се 40.261 нов случај на зараза од коронавирус. Владините податоци покажуваат дека досега првата вакцина против Ковид-19 ја примиле 5,38 милиони луѓе.

Во Италија пад на бројот на новозаразени и починати од Ковид-19


Во последните 24 часа во Италија се пријавени нови 472 смртни случаи од коронавирус, што е намалување во споредба со претходниот ден кога починаа 521 лице, соопшти Министерството за здравство во Рим. Дневниот број на нови случаи на заразени исто така опадна, така што денеска се регистрирани 13.633 новоинфицирани лица, во споредба со вчерашните 14.078. Од последниот пресек, тестирани се 264.728 лица. Од …

Во Италија пад на бројот на новозаразени и починати од Ковид-19 Read More »

Нови 307 случаи на Ковид-19, 14 починати, 658 оздравени пациенти


Нови 307 случаи на Ковид-19, 14 починати, 658 оздравени пациенти се евидентирани во последните 24 часа. Како што соопшти Министерството за здравство, направени се 1.854 тестирања, а од новите 307 случаи на Ковид-19 во Скопје се 137, Куманово-17, Тетово-13, Прилеп-13, Гостивар-10, Штип-4, Битола-7, Велес-15, Охрид-10, Струмица-9, Кавадарци-10, Струга-3, Кичево-8, Свети Николе-1, Гевгелија-6, Неготино-1, Дебар-11, Ресен-5, …

Нови 307 случаи на Ковид-19, 14 починати, 658 оздравени пациенти Read More »

Пожар во средно училиште во Драчево


Во четвртокот, околу 7.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека во работилница во средно училиште во нас.Драчево настанал пожар, при што биле опожарени  компјутери и документи. Пожарот е изгаснат од противпожарна екипа од Скопје.

Османи: Процесот на проширување на ЕУ нема алтернатива


Процесот на проширување на ЕУ нема алтернатива. И кога велам нема алтернатива не мислам само за нас за земјите од Западен Балкан, туку и за нив државите од ЕУ. Без разлика на предизвиците со кои сме соочени, без разлика на актуелната политичка конјуктура, процесот на заокружување и комплетирање на ЕУ е неминовност и затоа тука …

Османи: Процесот на проширување на ЕУ нема алтернатива Read More »

Академик Беџети: Се чудам дека сé уште се размислува со резерва за промените во образованието


Академик Абдулменаф Беџети ја оцени како многу плодна денешната дебата на членовите на Одделението за општествени науки на МАНУ и на Центарот за стратегиски истражувања на МАНУ со претставници на МОН, Бирото за развој на образованието и на работната група што ја изготви концепцијата за основно образование. „Ми останува да повикам на поддршка на оваа …

Академик Беџети: Се чудам дека сé уште се размислува со резерва за промените во образованието Read More »

Од Ковид-19 во Србија починаа уште 19 пациенти, заразени уште 1.709


  Споре дпоследните податоци, во Србија во последните 24 часа починаа уште 19 пациенти, а регистрирани се 1.709 нови случаи на зараза. Тестирани биле 10.638 примероци. Од почетокот на епидемијата кај нашиот северен сосед починаа вкупно 3.849 пациенти, а заразени се вкупно 380.802 луше. Во болница се лекуваат 4.731, додека на респиратор се 161 пациент. …

Од Ковид-19 во Србија починаа уште 19 пациенти, заразени уште 1.709 Read More »

Постигнат напредок на средбата на македонско-бугарската Комисија за историски прашања


 На денешната средба на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања помеѓу Северна Македонија и Бугарија, на која се дискутираше за усогласување на содржината во записниците од деветтата и десеттата средба беше постигнат напредок, соопштија за МИА извори од Комисијата. – Двете страни ја усогласија содржината на Записникот од деветтата средба, а во …

Постигнат напредок на средбата на македонско-бугарската Комисија за историски прашања Read More »

Во Србија вакцинирани 100.511 лица, но и за нив снемува вакцини


  Во Србија, до денеска вакцинирани се 100.511 лица, пренесе „Блиц“, а граѓаните на Србија може да бирата меѓу три вакцини, „спутник V“, „Фајзер/Бионтек“ и „Синофарм“. По вакцинацијата пријавени се 20 несакани ефекти, вели Павле Зелиќ од Агенцијата за лекови и медицински средства. Се очекува во Србија да пристигне и вакцината на Оксфорд која се …

Во Србија вакцинирани 100.511 лица, но и за нив снемува вакцини Read More »

Бајден го отстрани „копчето за кока-кола“ од работната маса во претседателскиот кабинет поставено од Трамп


Американскиот претседател Џо Бајден го отстранил „црвеното копче“ кое неговиот претходник Доналд Трамп го поставил на работната маса во Овалниот кабинет за повик на батлерот да донесе диетална кока-кола. Во првата година од мандатот на Трамп никој не занел дека воопшто постои такво копче, но новинарка на Асошиејтед прес забележала нешто чудно. Таа тогаш опиша …

Бајден го отстрани „копчето за кока-кола“ од работната маса во претседателскиот кабинет поставено од Трамп Read More »

Мицкоски: Секој граѓанин има право на избор, дали ќе апстинира или ќе им отвори врата на попишувачите


Опозициската ВМРО-ДПМНЕ чека законот за попис да излезе во Службен весник да почнат со собирање потписи од граѓаните со кои ќе побараат во Парламентот да се укине донесениот Закон за попис. Претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицковски денеска во интервју за ТВ Алфа рече дека најпрвин пратеничката група ќе ги депонира своите потписи, но ги …

Мицкоски: Секој граѓанин има право на избор, дали ќе апстинира или ќе им отвори врата на попишувачите Read More »

Надминат прагот на ПМ 10 во Битола, Кавадарци и Куманово


Надминат е прагот на алармирање на ПМ 10 суспендирани честички, покажуваат мерните места Битола 2, Кавадарци и Куманово. Според Македонскиот информативен центар за животна средина при ресорното Министерство, поради најавата на УХМР за дожд и ветер во наредните денови, не е прогласено стапување во сила на кракроткорочните мерки. – При прогласување на надминување на праг на алармирање …

Надминат прагот на ПМ 10 во Битола, Кавадарци и Куманово Read More »

Судот прифати дополнителни докази за случајот „Таргет – тврдина“


На денешното рочиште за случајот „Таргет-Тврдина“ во Основниот кривичен суд во Скопје, Обвинителството и одбраната изнесоа предлози за дополнителни докази кои произлегуваат од главната расправа, кои Судот ги прифати. Одбраната предложи како дополнителен доказ вештакот Ѕвонко Кочовски да даде вештачење колкава е вредноста на системот за следење на комуникации на денот на неговото уништување. Како …

Судот прифати дополнителни докази за случајот „Таргет – тврдина“ Read More »

Европа, на почетокот, ќе добие многу помалку вакцини од Оксфорд од очекуваното


Со оглед на тоа што европските регулатори се уште не ја одобриле употребата на вакцината која ја произведе британско-шведската компанија АстраЗенека/Оксфорд, од оваа фармацевтска куќа известија дека на почетокот Европјаните ќе добијат многу помалку дози од вакцината. Според податоците на Куриер, Австрија во првото тромесечие во 2021 година ќе добие само 600.000 дози од вакцината …

Европа, на почетокот, ќе добие многу помалку вакцини од Оксфорд од очекуваното Read More »

Путин го чека бурен викенд: Опозицијата најави протести – полицијата спремна


Во Русија се очекува бурен викенд откако приврзаниците на уапсениот опозиционер Алексеј Навални најавија масовни протести ширум земјата на кои ќе бараат негово ослободување. Од друга страна, руската полиција денеска соопшти дека во текот на викендот ќе преземе мерки против протиестите. „Обидите за одржување неодобрени јавни собири, како и провокативни акции на нивните учесници, ќе …

Путин го чека бурен викенд: Опозицијата најави протести – полицијата спремна Read More »

Зидан заразен со корона вирус


Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан се зарази со коронавирус, соопшти прес-службата на клубот. Во моментов нема дополнителни информации за здравјето на францускиот фудбалски стручњак. Најверојатно, Зидан ќе го пропушти натпреварот од 20. коло во Ла Лига против Алавес, што ќе се одржи в сабота на 23 јануари. Почетокот е во 21 часот. Во моментов, …

Зидан заразен со корона вирус Read More »

Царовска: Најголем дел од средношколците се подготвуваат за матура, нов концепт од следната година


Министерката за образование и наука Мила Царовска денеска повтори дека годинава останува постоечката концепција за државна матура и оти нема да има намалување на предметите за полагање како што бараат дел од средношколците. Во изјава за медиумите дадена по настан во Гостивар, министерката Царовска нагласи дека концепцијата за матура е донесена на почетокот на годината …

Царовска: Најголем дел од средношколците се подготвуваат за матура, нов концепт од следната година Read More »

Академик Камбовски: Досега не сме имале вакви дискусии за образованието, но историја, хемија и физика треба да останат посебни предмети


Поголемиот дел на членовите од Одделението за општествени науки на МАНУ и од Центарот за стратегиски истражувања на МАНУ учествуваа во денешната дебата за реформата на основното образование со претставници на МОН, Бирото за развој на образованието и на работната група што ја изготви концепцијата за основно образование. Академик Владо Камбовски ја поздрави идејата за …

Академик Камбовски: Досега не сме имале вакви дискусии за образованието, но историја, хемија и физика треба да останат посебни предмети Read More »

Ангелов 20 години по нападот на полициската во Теарце: Да не се заборави, за да не ни се повтори


 „Да не се заборави, за да не ни се повтори“, пред точно 20 години на 22 јануари 2001 година некаде околу 02:00 часот по полноќ со рачен ракетен фрлач и рафали од автоматско оружје беше нападната полициската станица во Теарце, тетовско. Полицаецот Момир Стојановски загина а други тројца полицајци беа ранети. Денеска, делегација на „Достоинство“ …

Ангелов 20 години по нападот на полициската во Теарце: Да не се заборави, за да не ни се повтори Read More »

ЕК: Земјите од ЕУ можат да преговараат за набавка на „странски“ вакцини


Државите од ЕУ можат независно, индивидуално да преговараат за набавка на вакцини што не се вклучени во европската стратегија за имунизација, изјави денеска портпаролот на Европската комисија по повод подготвеноста на Унгарија да ја користи руската вакцина Спутник. Тој истакна дека Будимпешта ја користи можноста еднострано да ја одобри оваа вакцина итно, но дека вакцината …

ЕК: Земјите од ЕУ можат да преговараат за набавка на „странски“ вакцини Read More »