Во Србија повеќе од 1.500 новозаразени, починаа 14 пациенти
Според последните податоци во Србија регистрирани се 1.529 новозаразени со корона вирус, а починаа 14 пациенти.
Тестирани биле 7.510 примероци, а од почетокот на епидемијата вкупно 2.693.265.
Во болница се лекуваат 3.877 пациенти, од кои на респиратор се 135.
Во Србија досега од корона вирус починаа 4.126 лица, а стапката на смртност е 1.01 отсто.