Естонија прв пат во историјата има жена за премиер


  Каја Калас стана првата жена на чело на естонската влада откако парламентот денеска ја потврди нејзината коалициска влада. Калас е ќерка на поранешниот премиер Сиим Калас и претседателка на Реформската партија на либералниот центар. Има 43 години. Во коалиција со партијата Центар (лев центар) на премиерот во оставка Јури Ратас доби поддршка од 59 …

Естонија прв пат во историјата има жена за премиер Read More »

Пронајдени две смрзнати тела на планината Папук во Славонија


  Работници на зимската служба, во акција за расчистување на снегот на планината Папук во Славонија, Хрватска, нашле две смрзнати тела, јави локален поратл од Пожега. На делницата Велика-Јанковац, најпрво е пронајдено едно тело, а пота во близина еден граѓанин нашол уште едно смрзнато тело. Полицијата ја потврди информацијата. Се сомневаат дека се работи за …

Пронајдени две смрзнати тела на планината Папук во Славонија Read More »

Груби: Една третина од рамковните административци од утре на работа


 Една третина од рамковните административци или вкупно 349 денеска ги потпишаа решенијата и од утре може да почнат со работа, рече вечерва првиот вицепремиер и министер за политички систем, Артан Груби. Во гостување на „Топ тема“, Груби напомена дека повеќето од овие лица, 143, се распределени во МВР, а останатите во Царинската управа, УЈП, Агенцијата …

Груби: Една третина од рамковните административци од утре на работа Read More »

Мексико ќе доби 24 милиони дози од руската вакцина


  Мексико ќе добие 24 милиони дози од руската вакцина „спутник V“ против корона вирус, изјави денеска мексиканскиот претседател Андрес Мануел Лопез Обрадор. „Разговаравме со рускиот претседател Владимир Путин и јас му заблагодарив на неговата одлука да нѝ прати 24 милиони дози од вакцината во следните два месеца“, наведе Обрадор на Твитер, кој во неделата …

Мексико ќе доби 24 милиони дози од руската вакцина Read More »

Во Грција нови 436 случаи, починаа 25 пациенти


  Во Грција во последните 24 часа потврдени се 436 нови случаи со корона вирус, а од последиците на оваа инфекција починаа 25 лица, соопшти Националната организација за јавно здравје. Во таа земја на респиратор се наоѓаат 286 пациенти, со просечна старост од 68 години.

Поддржани измените на Законот за лекови и медицински средства во собраниската Комисија за здравство


Собраниската Комисија за здравство попладнево на седница даде поддршка на Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за лековите и медицинските средства, по скратена постапка во второ читање поднесен од пратениците Ненад Коциќ, Кастриот Реџепи, Арбер Адеми, Бети Рабаџиевска Наумовска, Белкиса Зеќири, Емилија Рамбабова. Со предложените решенија ќе се овозможи создавање на законски …

Поддржани измените на Законот за лекови и медицински средства во собраниската Комисија за здравство Read More »

Пораст на бројот починати во Италија, паднаа бројките на новозаразени


  Во Италија во последните 24 часа регистрирани се 420 смртни случаи од последиците на корона вирусот, а тоа е значителен пораст од претходниот ден кога имаше 299 починати. Што се однесува до новозаболените, Италија бележи опаѓање во последните 24 часа, кога се регистрирани 8.561 нов случаи со корона вирус, додека во неделата имаше 11.629, …

Пораст на бројот починати во Италија, паднаа бројките на новозаразени Read More »

Италијанскиот премиер веројатно ќе поднесе оставка


Италијанскиот премиер Џузепе Конте веројатно ќе поднесе оставка до претседателот Серџо Матарела вечерва или утре изутрина, со надеж дека ќе добие мандат за формирање влада, изјавил неименуван владин извор. Според некои западни медиуми, на прашањето да ги прокоментира наводите во италијанските медиуми дека Конте планира да поднесе оставка по седницата на кабинетот, изворот истакнал дека …

Италијанскиот премиер веројатно ќе поднесе оставка Read More »

Студија: Азитромицинот и доксициклинот не се ефикасни во лекувањето на Ковид-19


Студија спроведена во Велика Британија покажа дека антибиотиците азитромицин и доксициклин генерално не се ефикасни терапии за раните фази на Ковид-19 со цел да се спречи хоспитализација на пациенти или понатамошни интервенции, објави Универзитетот во Оксфорд. Студијата покажа дека азитромицин и доксициклин не се корисни за пациенти со Ковид-19 кои се постари од 50 години и кои се лекувале дома со …

Студија: Азитромицинот и доксициклинот не се ефикасни во лекувањето на Ковид-19 Read More »

Македонија не добила рок за вакцините од Европската комисија


Вицепремиерот Никола Димитров и министерот за надворешни работи, Бујар Османи, во Брисел денеска се сретнаа со еврокомесарот за управување со кризи, Јанез Ленарчич, но не добиле конкретен рок кога Северна Македонија може да очекува вакцини од ЕУ, јавува дописничката на МИА од Брисел. Изворите на МИА во Европската комисија (ЕК) порачуваат дека институцијата не е …

Македонија не добила рок за вакцините од Европската комисија Read More »

Насер Зибери избран за народен правобранител


Насер Зибери вечерва е избран за нов народен правобранител. „За“ гласаа 61 пратеник од вкупниот број пратеници во Собранието, како и 26 од 41 пратеник од заедниците кои не се мнозинство. На гласањето не присуствуваа опозициските пратеници. Зибери ќе ја наследи функцијата омбудсман од Иџет Мемети. Откако беше одбиен предлогот на опозициските партии да се …

Насер Зибери избран за народен правобранител Read More »

Царовска: Средношколците имаат право на матура а МОН има обврска да им ја обезбеди


Министерството за образование и наука има законска обврска да им обезбеди право на полагање државна матура на учениците, посебно на оние кои сакаат да продолжат во високо образование. Ова го нагласи министерската за образование и наука Мила Царовска одговарајќи на новинарско прашање за бојкотот на наставата од дел на средношколците. „Од првиот ден откако сум …

Царовска: Средношколците имаат право на матура а МОН има обврска да им ја обезбеди Read More »

Грција и Франција го потпишаа договорот за воените авиони Rafale


Договорот со кој Грција ќе набави од Франција 18 воени авиони Rafale, денеска го потпишаа министрите за одбрана на двете земји Никос Панајатопулос и Флоранс Парли и ги истакнаа долгогодишното грчко- француско пријателство и соработката меѓу двете земји, јави дописничката на МИА од Атина. Министерот за одбрана на Грција истакна дека договорот ќе придонесе за …

Грција и Франција го потпишаа договорот за воените авиони Rafale Read More »

Врховниот суд отфрли тужби против Трамп


Врховниот суд на САД ги отфрли тужбите против поранешниот претседател Доналд Трамп, кои го теретеа дека за време на мандатот ги прекршил одредбите на Уставот за спречување корупција со задржување на сопственоста врз неговата деловна империја, вклучително и хотел во близина на Белата куќа. Судиите ги отфрлија одредбите на пониските судови кои дозволија тужби – …

Врховниот суд отфрли тужби против Трамп Read More »

Продолжува трендот на релативно висок број на новозаболени од Ковид-19 во Косово


 Минатото деноноќие во Косово беа регистрирани над 300 новозаразени од Ковид-19, со што продолжи трендот на релативно висока бројка на лица кај кои е откриен корона вирусот, споредено со последните недели од 2020-та и првата половина од јануари годинава. Додека во декември и на почетокот на јануари се бележеа меѓу 150 и 200 новозаболени, изминатите …

Продолжува трендот на релативно висок број на новозаболени од Ковид-19 во Косово Read More »

Османи и Димитров на средба со Ленарчич: ЕУ што поскоро да обезбеди вакцини за регионот


ЕУ што е можно поскоро да обезбеди вакцини за регионот за кои веќе се издвоени 70 милиони евра, истакнаа вицепремиерот за европски прашања, Никола Димитров и министерот за надворешни работи, Бујар Османи на денешната средба со еврокомесарот за управување со кризи, Јанез Ленарчич во Брисел. На средбата што се одржа во Европската комисија, беше констатирано …

Османи и Димитров на средба со Ленарчич: ЕУ што поскоро да обезбеди вакцини за регионот Read More »

Во Србија пристигнаа уште 11.700 дози на вакцината на Фајзер


 На Институтот за вирологија, вакцини и серуми „Торлак“ пристигнати се уште 11.700 дози од вакцината Фајзер, пренесуваат српските медиумите повикувајќи се на неофицијални информации. Како што пишуваат, во следните две недели се очекува да започнат да пристигаат од 10.000 до 20.000 дози неделно од оваа вакцина, пренесува Танјуг. Како што се додава, на 15-ви февруари се очекуваат нови 41.000 дози од вакцината на …

Во Србија пристигнаа уште 11.700 дози на вакцината на Фајзер Read More »

ДИК: За спроведување на Локалните избори предвидени 263 милиони денари


Државната изборна комисија на денешната прва јавна седница во новиот состав ја усвои финанскиската програма за јавни набавки за 2021 година за спроведување на Локалните избори годинава во износ од 263 милиони денари. Претседателот на ДИК Александар Даштевски изјави дека овие средства можеби нема да бидат доволни поради тоа што во некои општини ќе треба …

ДИК: За спроведување на Локалните избори предвидени 263 милиони денари Read More »

Модерна: Нашата вакцина штити и од новите мутации на вирусот


Модерна Инк денеска соопшти дека нивната вакцина против Ковид-19 произвела антитела кои ги неутрализираат новите мутации на корона вирусот пронајдени во Велика Британија и Јужна Африка. Се очекува вакцинацијата со две дози на вакцината на Модерна против Ковид-19 да ги заштити луѓето од новите мутации кои се откриени до денеска, соопшти компанијата.

Уапсен тренер во Грција под обвинение дека пред неколку години силувал 11-годишно девојче


 На грчкиот остров Самос вчера беше уапсен, а денеска изведен пред истражен судија во Атина, 38-годишен тренер по едрење за кој постојат обвинувања и пријава дека пред неколку години силувал 11-годишно девојче, јави дописничката на МИА од Атина. Случајот го откри поранешната грчка олимписка шампионка во едрење Софиа Бекатору, која и самата, како што јавно …

Уапсен тренер во Грција под обвинение дека пред неколку години силувал 11-годишно девојче Read More »