За неносење маски изречени 443 санкции


Во текот на изминатото деноноќие на територијата на земјава, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, се регистрирани 443 прекршоци. Од Министерството за внатрешни работи во денешното соопштение апелираат до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид 19. 

Судењето за „Тортура“ одложено за 8 март


 Денешната расправа и расправата закажана за 26 февруари 2021 година за предметот „Тортура“ нема да се одржат, информираат од Основен Кривичен суд Скопје. Оттаму дополнуваат дека сите наредби и покани ќе бидат отповикани со оглед на тоа што дел од обвинетите и нивните бранители се опфатени во предметот „Таргет-тврдина“ закажан за посочените термини и кој …

Судењето за „Тортура“ одложено за 8 март Read More »

(Во живо) Завршни зборови на одбраната за „Таргет-Тврдина“


Со завршни зборови на одбраната денеска во Основниот кривичен суд во Скопје треба да продолжи предметот за незаконското прислушување „Таргет-Тврдина“. Судењето по овој предметот започна на 22 декември 2017 година. Според обвинителниот акт, преку три системи за следење на комуникациите во УБК, во периодот од 2008 до 2015 година незаконски биле следени 4.286 телефонски броеви за …

(Во живо) Завршни зборови на одбраната за „Таргет-Тврдина“ Read More »

Марио Драги ја доби довербата во Долниот дом на италијанскиот Парламент


На италијанскиот премиер Марио Драги вчера му е изгласана доверба во Долниот дом на Парламентот, со што ја отстрани и последната пречка на патот кон преземање на власта. Претставничкиот дом му изгласа доверба со големо мнозинство од 535 гласови „за“ и 56 „против“, а крајната десница, односно партијата „Браќа на Италија“ е единствената голема партија …

Марио Драги ја доби довербата во Долниот дом на италијанскиот Парламент Read More »

Франција ќе почне со олеснување на рестриктивните мерки


Франција ќе почне со олеснување на „локдаунот“. Одржување на концерти и фестивали ќе биде дозволено со ограничен број на публика, пишува весникот „Фигаро“. Весникот се повикува на изјава на француската министерка за култура Розлин Башлот. Таа појасни дека властите планираат да дозволат одржување фестивали и концерти кон крајот на пролетта и летото, доколку на нив …

Франција ќе почне со олеснување на рестриктивните мерки Read More »

СЗО: Корона вирусот можно е да го пренеле јазовци и зајаци од пазарот во Вухан


Експертите од Светската здравствена организација сметаат дека корона вирусот е можно да се проширил на луѓето преку јазовци и зајаци, и самите заразени со корона вирус, а биле продавани на пазарот во Вухан. „Волстрит журнал“ пишува дека  членовите на експертската група на СЗО сметаат дека е потребна натамошна истрага за да се идентификуваат пренесувачите на …

СЗО: Корона вирусот можно е да го пренеле јазовци и зајаци од пазарот во Вухан Read More »

Весовиќ: Србија и Северна Македонија имаат добра економска и трговска соработка


Србија и Северна Македонија имаат добра економска соработка и покрај минатогодишната криза и намалувањето на трговската размена, очекуваме оваа година благо да порасне, како и нивото на инвестиции, изјави директорот на Секторот за стратегиска анализа, услуги и интернационализација при Стопанската комора на Србија (ПКС) Михаило Весовиќ, јави дописникот на МИА од Белград. -Кризата не ја …

Весовиќ: Србија и Северна Македонија имаат добра економска и трговска соработка Read More »

Tри лица во полициска станица, сквернавеле гробови и се снимале за „тик-ток“


 Полициски службеници од ОВР Ресен денеска во периодот од 16 до 18.30 часот идентификуваа и извршија службен разговор со тројца малолетници од Ресен (двајца на 16-годишна возраст и еден- 14 години) во врска со објавениот видео материјал на социјалната мрежа „тик-ток“ на кое се сквернават гробови во овој град, соопштија од МВР. – Со малолетниците, …

Tри лица во полициска станица, сквернавеле гробови и се снимале за „тик-ток“ Read More »

Безвременска разгледница од Градскиот парк (галерија)


Секој што денеска прошета низ градскиот парк во Скопје, можеше да почувствува дека е надвор од градскиот метеж, на некоја друга планета или во друга стварност. Мирно, тивко и замрзнато. Дури и водата во езерца и каналите, наместа беше замрзната, но за среќа, без ентузијасти како во северните држави, каде лизгаат по замрзнатите канали, па …

Безвременска разгледница од Градскиот парк (галерија) Read More »

„АстраЗенека“: Несаканите ефекти од вакцината против корона вирусот се очекувани


Британско-шведската мултинационална фармацевтска компанија „АстраЗенека“ денеска соопшти дека не е запознаена со какви било сериозни или неочекувани несакани ефекти од нејзината вакцина против корона вирусот и ги истакна нејзините строги стандарди за квалитет и употреба во повеќе од 50 земји, јави ДПА. Извештаите за несаканите ефекти и загриженоста за ефикасноста во последните неколку дена натераа …

„АстраЗенека“: Несаканите ефекти од вакцината против корона вирусот се очекувани Read More »

Шилегов: Градот е традиција, „Ленинова“, „Железничка“, „Мексичка“ се традиција


  Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, по реакциите на граѓаните за повторно менување на имињата на улиците, во интервју за „Сител“ вели дека градот е традиција, „Мексичка“ е традиција, „Железничка“ е традиција, „Ленинова“… Тој појаснува дека во минатото се ставале имиња на улици и што треба и што не треба. – Јас живеам на улица …

Шилегов: Градот е традиција, „Ленинова“, „Железничка“, „Мексичка“ се традиција Read More »

Османи во Белград на средби со Брнабиќ и Дачиќ


Министерот Бујар Османи во рамки на посетата во Србија реализираше одвоени средби и со претседателот на Народното Собрание Ивица Дачиќ, како и со претседателката на Владата, Ана Брнабиќ. На средбата во Владата, соопшти Министерството за надворешни работи, Османи ја пренесе подготвеноста за реализација на Третата заедничка седница на двете влади, како дополнителен позитивен импулс за …

Османи во Белград на средби со Брнабиќ и Дачиќ Read More »

Нов сој на корона вирус во Норвешка


Нов сој на корона вирус – Б.1.525, што може да биде позаразен од обичниот, е пронајден во Норвешка, објави денеска телевизијата НР. Според Националниот институт за јавно здравје, новиот сој, кој има заеднички карактеристики на британскиот и јужноафриканскиот, е идентификуван во Норвешка во средата. За последните 24 часа во земјата се регистрирани 10 случаи на инфекција …

Нов сој на корона вирус во Норвешка Read More »

Филипче на средба со пензионерите – Од голема важност e да се вакцинираат


 На барање на пензионерите од Скопје, денеска министерот за здравство Венко Филипче, оствари средба во Сојузот на здруженија на пензионери. – На средбата зборувавме за прашања од сферата на здравствена заштита на пензионерите, за грижата која ја искажуваме кон нив со укинување на квотите за лековите, бесплатна вакцинација против сезонски грип за нив, бесплатно болничко …

Филипче на средба со пензионерите – Од голема важност e да се вакцинираат Read More »

Приведен албански државјанин во ГП-Блато, се обидел да поткупи полициски службеник


На граничниот премин Блато, при влез во Република Северна Македонија, денеска полициски службеници го лишиле од слобода А.Г.(43) од Република Албанија, соопштија од МВР. – При вршење на граничните проверки тој се обидел да даде потпкуп од 50 евра на полициски службеник за поминување на државната граница за него и неговото дете. А.Г. бил предаден …

Приведен албански државјанин во ГП-Блато, се обидел да поткупи полициски службеник Read More »

Штипјани сметаат дека корупцијата е најраспространета во инспекциските служби и судството


Граѓаните на Штип, кои беа анкетирани во истражувањето на Асоцијацијата на демократска иницијатива (АДИ)-Гостивар, сметаат дека најкоруптивни сектори се здравството и полицијата. Лулзими Хазири, извршен директор на АДИ-Гостивар, вели дека проектот е поддржан од УСАИД, а во публикацијата „Проценка на области ранливи на корупцијата на локално ниво“ се дадени  податоците од истражувањето. Опфатени се општините …

Штипјани сметаат дека корупцијата е најраспространета во инспекциските служби и судството Read More »

Пик на коронавирусот во Кавадарци, активни 516 случаи


Пик на коронавирусот има во општина Кавадарци, состојбата е крајно алармантна, во моментов има 516 активни случаи. Вака денеска информираше градоначалникот Митко Јанчев, по состанокот на Општинскиот Кризен штаб. Тој нагласи дека бројот на заразени е во постојан пораст. Јанчев информираше дека во регионалната кавадаречка  болница се хоспитализирани 48 пациенти, од кои 30 од Кавадарци. …

Пик на коронавирусот во Кавадарци, активни 516 случаи Read More »

Ограбена продавница за уметнички предмети во Скопје


Во средата, во 20 часот во Полициската станица Центар било пријавено дека во периодот од 15.01.2021 до 03.02.2021 од продавница за уметнички предмети на ул.„Васил Главинов” во Скопје биле одземени 52 слики и повеќе рачно изработени уметнички предмети. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Се појави фински сој, ПЦР тестот не го препознава


  По британскиот, бразилскиот и јужноафриканскиот се појави уште еден нов сој од корона вирусот, а откриен е во Финска, па го доби името фиснки сој. За сега, како што јави финската телевизија YLE, се уште не е јасно дали сојот под име Fin-796H е поинфективен од другите. Вирусологот Оли Вапахалагти укажа дека ПЦР тестот, …

Се појави фински сој, ПЦР тестот не го препознава Read More »