Вучиќ: Србија добива и фабрика за „Синофарм“ вакцината
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, кој е во посета на Абу Даби, вечерва најави дека во Србија ќе се гради нова фабрика за производство на кинеската вакцина „Синофарм“, во соработка со Обединетите Арапски Емирати и со Кина.
Следните денови треба да се потпише договор, а според планот направен од Институтот Торлак, кои веќе договорија производство на „спутник В“ руската вакцина, фабриката за „Синофарм“ да биде завршена и до 15 октомври да почне со производство.
„Ќе имаме тогаш големи количини вакцини за нас, но и за целиот регион, затоа што она што го научив вечерва е дека ќе мораме да дадеме вакцини на цлеиот регион, затоа што и да ги излечиме нашите луѓе, не вреди ако превентивно не делуваме и на регионот“, рече Вучиќ.
Вучиќ е среќен оти не очекувал дека може толку брзо да се постигне договор за ваков потфат, но дека на состанокот бил и човекот кој е најголем експерт кој работел за Кинезите, а сега е во ОАЕ да им помогне, во комплетната борба против корона вирусот и добива признанија низ целиот свет.
Претодно објавивме дека до 20 мај почнува производството на руската вакцина „спутник В“ во Србија, на Институтот Торлак.