Градоначалничката на Париз, Ан Идалго, се поблиску до кандидатурата за претседател на Франција
Градоначалничката на Париз, Ан Идалго, од редовите на Социјалистичката партија, е можна кандидатка за претседателските избори во Франција во 2022 година. За време на денешната посета на Дуе, таа ја отвори нејзината платформа за размислување „Заеднички идеи за 2022 година“, објаснувајќи ја подетално во регионалниот весник „Ла Вуа ди Норд“, јави дописникот на МИА. …