Ни Задушница не им е света на криминалците – лажен поп „пеел“ на гробиштата во Ѓорче Петров


Во саботата, на Задушница, лажен поп нудел да „пее3 за покојниците на гробиштата во Ѓорче Петров, а на гробиштата во Горно Лисиче пак, била ограбена старица на 74-годишна возраст „На 01.11.2025 на гробиштата во Ѓорче Петров во Скопје, постапувајќи по претходна пријава, од страна на полициски службеници од ОКР Ѓорче Петров легитимиран е Б.П., кој …

Ни Задушница не им е света на криминалците – лажен поп „пеел“ на гробиштата во Ѓорче Петров Read More »

Трамп: Мамдани е комунист, нема да му дадам пари. Јас сум многу позгоден од него


Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека би било „тешко“ да се продолжи со испраќање федерални пари во Њујорк ако демократскиот социјалист Зохран Мамдани победи на утрешните избори за градоначалник. Во големо интервју за емисијата „60 минути“ на CBS, Трамп го нарече кандидатот „комунист“. Водителката на CBS News, Нора О’Донел, разговараше со Трамп за низа …

Трамп: Мамдани е комунист, нема да му дадам пари. Јас сум многу позгоден од него Read More »

Дали треба да ја покриете супата додека готвите?


Не можеме да замислиме ручек без супа или чорба, а многу домаќинки често се прашуваат дали супата треба да се готви со капак. Иако подготовката на супа може да изгледа едноставно, постојат одредени совети кои можат да го подобрат вкусот и изгледот на супата, како и да ја направат повкусна, исто како во рестораните. Прашавме …

Дали треба да ја покриете супата додека готвите? Read More »

Попладнево и утре дожд и засилен ветар


Под влијание на влажна воздушна маса денес попладне, во текот на ноќта и утре ќе има повремени локални врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат пообилни со над 15 литри на квадратен метар и ќе има услови за појава на ретки грмежи. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер од над 60 километри на час, …

Попладнево и утре дожд и засилен ветар Read More »

Што вети Орце Ѓорѓиевски пред скопјани, освен чистење на отпадот


  Орце Ѓорѓиевски е нов градоначалник на Град Скопје, па сега треба да почне со остварување на предизборните ветувања. Тој досега беше  градоначалник на Кисела Вода и претседател на Заедницата на единиците на локалната самоуправа (ЗЕЛС), функција која веројатно и понатаму ќе ја задржи, како градоначалник на Скопје. За победата во Скопје уште синоќа рече …

Што вети Орце Ѓорѓиевски пред скопјани, освен чистење на отпадот Read More »

„Пајакот“ крена 136 непрописно паркирани возила во Центар


ЈП Паркинзи на Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје со помош на специјалните возила „Пајак“ санкционираа 136 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот. -За трајно решение на сообраќајниот метеж и проблемот со неправилното паркирање неопходна е поголема сообраќајна култура, затоа ЈП ПОЦ и СВР Скопје во наредниот период …

„Пајакот“ крена 136 непрописно паркирани возила во Центар Read More »

Актерите во Белград развеаја транспарент со името на мајката чиј син загина при уривањето на настрешницата


Во Белград, во театарот „Теразије“, по претставата „Балкан експрес“, актерите развеаја транспарент со името на Дијана Хрка, чиј син загина при уривањето на железничкиот надвозник во Нови Сад. По завршувањето на претставата, актерите се поклонија пред публиката со транспарент со името на Дијана Хрка, а публиката одговори со громогласен аплауз. Имено, Дијана Хрка, мајката на …

Актерите во Белград развеаја транспарент со името на мајката чиј син загина при уривањето на настрешницата Read More »

Само четири жени станаа градоначалнички – нема родова еднаквост на локално ниво


   Општините Кисела Вода, Македонска Каменица, Неготино и Демир Капија се единствените четири општини кои во следните четири години ќе бидат водени од жени, што е премалку за да се зборува за некаква родова рамноправност во водечките функции. Имено, на локалните избори 2025, четири жени успеаја да ја добијат довербата на граѓаните и да бидат …

Само четири жени станаа градоначалнички – нема родова еднаквост на локално ниво Read More »

Преживеаниот од несреќата на „Ер Индија“ во која загинаа 241 лице: „Не разговарам со никого“


Единствениот преживеан од авионската несреќа на „Ер Индија“ во која загинаа 241 лице изјави дека се чувствува како „најсреќниот човек на светот“, но е во силна физичка и ментална болка. Вишвашкумар Рамеш, од кого се појавија неверојатни снимки како се оддалечува од местото на несреќата на летот до Лондон во Ахмедабад, го опиша своето преживување …

Преживеаниот од несреќата на „Ер Индија“ во која загинаа 241 лице: „Не разговарам со никого“ Read More »

Млад кумановец загина во сообраќајна несреќа во село Длабочица


Дваесет и едногодишно момче од Куманово со мотоцикл излетал од патот и починал, соопшти денеска СВР Куманово.  -Вчера во во 17.25 часот во СВР Куманово било пријавено дека во село Длабочица се случила сообраќајна незгода во која моторцикл управан од А.Д. (21) од Куманово излетал од патот. Во незгодата на лице место починал А.Д., информираше …

Млад кумановец загина во сообраќајна несреќа во село Длабочица Read More »

Бугарија во страв од недостиг на гориво – бара отстапка од САД кон „Лукоил“


Бугарија размислува да побара ослободување од новите американски санкции против најголемата приватна нафтена компанија во Русија, стравувајќи дека мерките би можеле да предизвикаат сериозен недостиг на гориво и популистичко востание низ целата земја, објавува Политико. Претседателот на САД, Доналд Трамп, минатата недела објави санкции против два од најголемите руски производители на нафта, „Роснефт“ и „Лукоил“, …

Бугарија во страв од недостиг на гориво – бара отстапка од САД кон „Лукоил“ Read More »

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан


 Во земјотресот што синоќа го погоди северниот дел на Авганистан загинаа најмалку 20 лица, а 320 се повредени, соопшти тамошното Министерство за здравство, објавувајќи нов биланс на жртви. – Во провинциите Балк и Саманган загинаа 20 лица, а 320 се повредени, изјави за новинарите портпаролот на Министерството за здравство, Шафарат Заман, додавајќи дека ова е …

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан Read More »

Топовски истрели и димни бомби низ Белград: Полицијата удри на граѓаните (видео)


Голем број граѓани се собраа вечерва во Белград во знак на поддршка за Дијана Хрка, мајката на младиот Стефан, кој беше еден од 16-те што загинаа при падот на настрешницата на Железничката станица во Нови Сад. Таа од денес штрајкува со глад бидејќи бара одговорност за смртта на нејзиниот син и другите што загинаа. Членовите …

Топовски истрели и димни бомби низ Белград: Полицијата удри на граѓаните (видео) Read More »

Митески се заблагодари за довербата во Аеродром: „Од утре почнуваме со работа!“


Актиелниот градоначалник на Аеродром останува во градоначалничката фотелја, и прогласи голема победа со 18.000 гласа.   „Благодарам за можноста што ми ја дадовте! Ова за мене е голема одговорност и ве уверувам дека ќе ја оправдам вашата доверба! Уште утре почнуваме со работа да го направиме Аеродром место на кое сите ќе се гордееме!“, ветува …

Митески се заблагодари за довербата во Аеродром: „Од утре почнуваме со работа!“ Read More »

Сотир Лукровски слави во Карпош (видео)


Сотир Лукровски, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на општина Карпош, слави. -Драги мои карпошани, сакам да ви се заблагодарам на сите на огромната поддршка и да ја објавам историската поддршка на ВМРО-ДПМНЕ во Карпош, изјави вечерва Лукровски. „Драги мои карпошани, вечерва зборувам со срце полно гордост и благодарност. Во оваа кампања не се борев за …

Сотир Лукровски слави во Карпош (видео) Read More »

Дејан Митески останува градоначалник на Аеродром?


По пребројани гласови од 71 гласачко место во Аеродром, во двојно водство е актуелниот градоначалник Дејан Митески, од ВМРО-ДПМНЕ. Тој има псвоено 59,64 отсто од гласовите или 13.626 гласале за него, наспроти Александар Трајановски поддржан од СДСМ, кој има 30,29 отсто од гласовите или за него гласале 6.921. Остануваат да се сумираат и гласовите од …

Дејан Митески останува градоначалник на Аеродром? Read More »

Ќе го „даде“ ли Јакимовски Карпош? Лукровски води со 800 гласови предност


По пребројани речиси 58 отсто од гласовите во скопски Карпош во водство е кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ Сотир Лукровски. Досегашниот градоначалник Стевче Јакимовски во неколку мандати, заостанува зад својот противкандидат за 800 гласови. Сепак, засега пребројани се 46 од 74 гласачки места, односно  35.375 од 56.856 гласачи.

ДИК почна со објавување на резултатите во живо


Државната изборна комисија почна да ги објавува резултатите од вториот круг на локалните избори во кои се гласа за градоначалник во 32 општини и во Градот Скопје.  Во моментот во во Скопје двојна е предноста на Орце Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ, спрема противкандидатот Амар Мециновиќ, во Аеродром води кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Дејан Митески, во Центар е …

ДИК почна со објавување на резултатите во живо Read More »

Обвинителство: Изборниот ден помина без поголеми нарушувања


По затворањето на избирачките места во вториот круг од локалните избори во Северна Македонија, Јавното обвинителство излезе со оценка дека изборниот дел поминал „без поголеми нарушувања на изборниот процес“. „До јавното обвинителство во текот на денешниот ден е доставено само едно известување на подрачјето на Шуто Оризари за фотографирање на гласачко ливче. Итно се дадени …

Обвинителство: Изборниот ден помина без поголеми нарушувања Read More »

ДУИ со поплаки дека се купувале гласови


Во име на ДУИ, пратеникот Арбер Адеми се заблагодари на сите граѓани и припадници на дијаспората кои гласаа на локалните избори, нагласувајќи дека процесот бил повеќе од обична локална трка – тој бил, како што рече, „тест на политичкиот и моралниот карактер на државата“. „Успешно се соочивме со нечесна и незаконска кампања која го оцрни …

ДУИ со поплаки дека се купувале гласови Read More »