На 13 јули официјално започнува постапката за чистење на малата депонија во ОХИС


На 13 јули официјално ќе започне постапката за подготовка на теренот за чистење на малата депонија со линдан во ОХИС, информираа денеска на брифинг во Министерството за животна средина и просторно планирање. Дислоцирањето треба да заврши за период од 12 месеци, за што веќе се обезбедени 8,4 милиони евра – заеднички средства од Глобалниот фонд …

На 13 јули официјално започнува постапката за чистење на малата депонија во ОХИС Read More »

(Видео) Москва ја погоди ураган, гром удри во трафостаница


Москва денеска ја погоди ураган, а потопена е станицата на метрото „Јасеново“ и телевизискиот центар „Останкино“. Гром удри во трафостаница во предградието Шчелково. Very severe weather in Moscow right now pic.twitter.com/XGMzadG7n8 — Russia No Context (@officialrus1) June 28, 2021 Информацијата ја соопшти метеорологот на телевијата „Русија 24“, Евгениј Тишковеч. Поради ударот на громот во трафостаницата, …

(Видео) Москва ја погоди ураган, гром удри во трафостаница Read More »

Царовска: Од есен, во прво и во четврто одделение, ќе се учи медиумска писменост


Образованието треба да создава граѓани што се отпорни на лажни вести. Токму затоа со новата Концепција за основно образование, од наредната учебна година во прво и во четврто одделение започнува да се учи медиумската писменост и критичното размислување. Тие ќе бидат интегрирани во сите предмети, рече министерката за образование и наука Мила Царовска во обраќањето …

Царовска: Од есен, во прво и во четврто одделение, ќе се учи медиумска писменост Read More »

Карпош со план за искористување на обновлива енергија


Општина Карпош се здоби со сопствен стратешки документ-Општински план за искористување на обновливите извори на енергија (ОППОЕ)., којшто е прв ваков стратешки план изработен во Република Северна Македонија и којшто треба да се реплицира и во другите општини во државата. Станува збор за студија во рамки на проектот „Општински план за обновливи извори на енергија: …

Карпош со план за искористување на обновлива енергија Read More »

Д-р Даниловски: Ние немаме вирус во циркулација


На ниво на статистичка грешка се бројките со корона вирусот во нашата земја во последните три дена, смета епидемиологот д-р Драган Даниловски, кој денеска учествува на трибината  на тема „Вакцинација и предизвици со Ковид-19“.  Тој вели дека инциденцијата е со вреност 7,а  според Европскиот центар за контрола на болести 20 е границата за да се …

Д-р Даниловски: Ние немаме вирус во циркулација Read More »

МНР нема никакви онлајн информации на англиски за влез во државава, реагираат туристичките работници


Министерството за надворешни работи никако не успева да ги пласира вистинските информации потребни за влез во државата. Нема страница на англиски јазик на која бизнисмените и евентуално заинтересираните туристи би прочитале кои се условите за влез во земјава. Има само за Македонци кога патуваат надвор, но и тие информации се стари, од ноември, а сега …

МНР нема никакви онлајн информации на англиски за влез во државава, реагираат туристичките работници Read More »

Тројца новозаразени со Ковид-19, шест излекувани, нема починати


Од направени 1.342 тестирања, во последните 24 часа регистрирани се три нови случаи на Ковид-19, сите во Скопје, има шест оздравени пациенти, од кои по двајца се од Скопје и Тетово, а по еден од Кочани и Кичево. Во изминатото деноноќие не се регистрирани починати лица, информира Министерството за здравство. Досега во земјава се направени …

Тројца новозаразени со Ковид-19, шест излекувани, нема починати Read More »

За фасади, кровови, лифтови во Аеродром се пријавиле 45 станбени згради


Проектот за енергетска ефикасност „Замени“ во рамките на Стратегиската платформа за локален економски развој на Општина Аеродром, наиде на голем интерес меѓу граѓаните на општината. Имено, по завршувањето на јавниот повик, во Општината се пристигнати вкупно 45 апликации за станбени згради. Субвенционирано менување на ПВЦ-прозорци и врати, обнова на фасади, реконструкција на кровови, набавка на …

За фасади, кровови, лифтови во Аеродром се пријавиле 45 станбени згради Read More »

Жената која го уби сопругот доби 30 дена притвор, лани го пријавила во полиција за навредување


Откако СВР Тетово поднесе  кривична пријава за убиство до тетовското Обвинителство, денес судија во  претходна постапка одредил мерка притвор за А.С (39) која вчера го уби невенчаниот сопруг А.И (51). Таа е спроведена во затворот во Скопје каде треба да ја помине мерката притвор од 30 дена. Од СВР Тетово информираат дека минатата година таа …

Жената која го уби сопругот доби 30 дена притвор, лани го пријавила во полиција за навредување Read More »

(Во живо)Трибина „Вакцинација и предизвици со Ковид-19“


Во Скопје се одржува трибина на тема „Вакцинација и предизвици со Ковид-19“ на која учествуваат министерот за здравство Венко Филипче, д-р Александра Грозданова, д-р Драган Даниловски, д-р Александар Петличковски.  

Шекеринска: Очекувам летово да заврши НАТО сертификацијата за воените лица кои го почнаа процесот


Факт е дека не започнавме процес на сертификација на сите воени лица, бидејќи тоа е и барањето на НАТО. Само оние кои треба или мора да имаат НАТО сертификати влегоа во процесот и таа бројка е релативно мала. Кај најголем дел од офицерите оваа постапка е или пред крај или е сосема завршена и очекувам …

Шекеринска: Очекувам летово да заврши НАТО сертификацијата за воените лица кои го почнаа процесот Read More »

Во Прилеп се интензивира вакцинацијата, ќе се затвора модуларната болница


Се интензивира вакцинацијата на регионалниот пункт во Прилеп. Зголемен е бројот на термините од 500 и денеска се пријавени 890 термини за вакцинација. Изутрината се вакцинираа инвалидизираните лица, а почна имунизацијата и на помладата популација. Доктор Сашо Пуцакоски кој на вакциналниот пункт го следи процесот вели дека покрај ревакцините почнаа да се даваат и дози …

Во Прилеп се интензивира вакцинацијата, ќе се затвора модуларната болница Read More »

Османи: Отворивме важни прашања за иднината на пристапниот процес со земјите од регионот


Процесот на проширување на ЕУ и последните случувања поврзани со последните Самити на ЕУ беше централна тема на годишниот состанок на министрите за надворешни работи од земјите од Вишеградската група (В4) и земјите од Западен Балкан (ЗБ6) во Познан, во рамките на полското претседавање со В4, на кој учествуваше и шефот на дипломатијата Бујар Османи. …

Османи: Отворивме важни прашања за иднината на пристапниот процес со земјите од регионот Read More »

Прилепчанец прегазен на патот Битола-Ресен


Во неделата, во 19.30 часот во СВР Битола било пријавено дека на патот Битола-Ресен, патничко моторно возило „форд фокус“, со битолски регистарски ознаки, управувано од Д.Р.(26) од Битола, удрило во пешак Г.Р.(46) од Прилеп. Во незгодата, со тешки телесни повреди се здобил пешакот констатирани во Општата болница во Битола. Извршен бил увид на местото на …

Прилепчанец прегазен на патот Битола-Ресен Read More »

Ивештај на ЦГК: Фирмите се жалат на критерирумот „најниска цена“, во втора половина од 2020 поништени 33 отсто од тендерите


 „Најниската цена“ како критериум за избор на најповолната понуда во јавните набавки е проблем број еден за 77 отсто од фирмите во земјава, покажуваат резултатите од анкетата на фирмите за нивното искуство при учеството на тендерите што денеска ги објави Центарот за граѓански комуникации, заедно со Извештајот  од мониторингот на јавните набавки за периодот јули-декември …

Ивештај на ЦГК: Фирмите се жалат на критерирумот „најниска цена“, во втора половина од 2020 поништени 33 отсто од тендерите Read More »

Заев очекува низ дебата да се сфати придонесот на еколошката такса за животната средина


 Воведувањето еколошка такса на горивата што е предвидено од 1 јули годинава според премиерот Зоран Заев ќе се компензира со тоа што се очекува да се укине воведената акциза од два денара на горивата. Иако се најавени блокади во Парламентот верува дека врз основа на дебата ќе се сфати колку е тоа драгоцено и важно. …

Заев очекува низ дебата да се сфати придонесот на еколошката такса за животната средина Read More »

Шведскиот премиер Левен поднесе оставка


 Шведскиот премиер Стефан Левен денеска ја соопшти својата оставка на функцијата, една недела откако му беше изгласана недоверба во парламентот, јави ДПА. Гласањето недоверба беше ставено на дневен ред откако партијата Левица ја повлече поддршката за малцинската влада на Левен поради судир околу предложените реформи на шведскиот пазар за рентирање. Ова беше првпат еден шведски …

Шведскиот премиер Левен поднесе оставка Read More »

Прв пат во историјата: Колосеумот ги отвори подземните простории за туристи


  Посетителите на Колосеумот во Рим конечно ќе може во потполност да уживаат во истражување на подземните тунели и простории каде биле гладијаторите и животните кои се подготвувале за борба. Делови од подземјето на римскиот Колосеум веќе беа отворени за јавноста, но по обновата, посетителите ќе можат да шетаат низ ходниците, во кои животните и …

Прв пат во историјата: Колосеумот ги отвори подземните простории за туристи Read More »

Уште еден инцидент во Албанија – запалени 60 лежалки


На плажа бар во албанскиот приморски град Дримаде изгореа 60 лежалки, а полицијата се сомнева дека пожарот бил подметнат, објавија денеска медиумите во таа земја. Инцидентот се случил еден час по полноќ и бил формиран истражен тим. Според порталите, постои сомневање дека станува збор за конфликт меѓу сопствениците на барови на плажа околу користењето на …

Уште еден инцидент во Албанија – запалени 60 лежалки Read More »

Италија прогласена за земја со низок ризик од корона вирус


Италија ја укина обврската за носење маски на отворено, додека земјата од денеска стана „зона со низок ризик од корона вирус“, што е главна пресвртница за првата европска земја погодена од глобалната пандемија на корона вирус во февруари 2020 година. Со декрет што денеска стапи на сила, Министерството за здравство првпат ги прогласи сите 20 …

Италија прогласена за земја со низок ризик од корона вирус Read More »