САД ќе платат над 2.200 долари за секој авганистански бегалец


Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден и приватни компании имаат намера да им платат на евакуираните Авганистанци по 2.275 долари финансиска помош при преселувањето, објави Блумберг, повикувајќи се на службеник во Стејт департментот. Според него, програмата за финансиска поддршка, која ќе започне во наредните месеци, ќе има за цел да им помогне на Авганистанците да …

САД ќе платат над 2.200 долари за секој авганистански бегалец Read More »

ОН: Поради карантинот и мерките привремено се подобрил квалитетот на воздухот


Рестрикциите поврзани со ковид-19 предизвикаа во 2020 привремен пад на загадувањето на воздухот на бројни места, особено во метрополите, заклучи Светската метеоролошка организација (СМО), агенцијата на ОН. Меѓутоа, тие ограничувања истовремено предизвикале пораст на одредени загадувачи опасни по здравјето чие влијание врз климатските промени е тешко да се одреди. „Ковид-19 беше неочекуван експеримент со квалитетот …

ОН: Поради карантинот и мерките привремено се подобрил квалитетот на воздухот Read More »

Протестираа антиваксери во Лондон, повредени полицајци


  Неколку полицајци се повредени на денешните протести во Лондон, против вакцинирањето за Ковид-19, додека владата треба да одлучи дали ќе воведе вакцинација за децата од 12 до 15 години. Противниците на вакцинацијата се обидоа во текот на попладнето да влезат во зградата каде канцеларии има Регулаторната агенција за лекови и здравствени производи во квартот …

Протестираа антиваксери во Лондон, повредени полицајци Read More »

Уште 722 новозаболени од Ковид-19, а починале 26 пациенти


Институтот за јавно здравје попладнево соопшти дека регистрирани се 722 новозаболени со корона вирус, од 5.825 тестирани, односно 12,3 отсто. Во истиот период починале 26 лица, со што бројката на починати надмина 6.000 од почетокот на епидемијата, односно, вкупно досега од последиците на Ковид-19, починале 6.013 пациенти. Од Скопје починати се шест пациенти (77г,63г,58г,57г,52г,47г,), петмина …

Уште 722 новозаболени од Ковид-19, а починале 26 пациенти Read More »

Царовска на координативен состанок со директорите на училиштата: Да се почитуваат протоколите


Образовниот систем е во добра кондиција и успешно се спроведува наставата со физичко присуство, според новите наставни програми за прво и четврто одделение предвидени со реформата во основно образование. За ова, но и за други актуелни теми денеска министерката за образование и наука Мила Царовска разговараше на редовен координативен состанок со директорите на основните и …

Царовска на координативен состанок со директорите на училиштата: Да се почитуваат протоколите Read More »

ЕУ индивидуално ќе прифаќа бегалци од Авганистан


Доделувањето азил во Европската унија на бегалците од Авганистан ќе го вршат индивидуално земјите од заедницата, на доброволна основа и без задолжителни квоти, изјави високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел на прес – конференција во рамките на неформалниот состанок на министрите за надворешни работи во Љубљана. – Евакуацијата од Авганистан …

ЕУ индивидуално ќе прифаќа бегалци од Авганистан Read More »

ОН и ЕУ предупредуваат на зголемени тензии во Црна Гора


Обединетите нации (ОН) и Европската унија (ЕУ) изразија загриженост поради „зголемените тензии и реторика на поделби“ во пресрет на устоличувањето на митрополитот црногорско-приморски на Српската православна црква, Јоаникије в недела на 5 септември во Цетиње. – Ги повикуваме сите, особено оние на позиција на авторитет и влијание, со свој пример да дадат директен придонес за …

ОН и ЕУ предупредуваат на зголемени тензии во Црна Гора Read More »

Бочварски: Продолжуваме со силна изградба на автопатот Кичево -Охрид


Од 70 -те нови репроектирања на автопатот Кичево – Охрид, за само два месеци државата изготви и одобри 35 проекти. Силно сме посветени на завршување на автопатот, уверуваме дека државата ќе ги исполни сите обврски од договорот. Очекувам час поскоро Собранито да го изгласа Анекс на договорот за да се овозможи силна градежна активност на …

Бочварски: Продолжуваме со силна изградба на автопатот Кичево -Охрид Read More »

Борел: ЕУ ќе соработува со талибанците под строги услови, што не значи признавање


ЕУ ќе соработува со талибанците под строги услови, но тоа не значи дека блокот ја признава новата авганистанска влада, изјави високиот претставник на ЕУ за надворешна политика, Жосеп Борел.   „За да го поддржиме авганистанското население, ќе мора да се поврземе со новата влада во Авганистан, што не значи признавање. Тоа е оперативен ангажман”, рече Борел …

Борел: ЕУ ќе соработува со талибанците под строги услови, што не значи признавање Read More »

Локалитетот Стамер прогласен за природна реткост


Со денешната промоција и презентација на природните вредности на уредениот палеонтолошки локалитет Стамер, во Општина Делчево, каде се пронајдени фосилни остатоци стари милиони години, беше обележано неговото прогласување за природна реткост и стекна статус на природно наследство. Државниот секретар во Министерство за животна средина и просторно планирање Каја Шукова во своето обраќање се осврна на …

Локалитетот Стамер прогласен за природна реткост Read More »

Во универзитетските мензи во Берлин нема да се служи месо


Во универзитетските мензи во Берлин ќе се нудат претежно вегански и вегетаријански оброци, почнувајќи од следниот семестар, со цел да се намали штетата врз околината, пренесува Би-би-си. Околу 68 отсто од оброците ќе бидат вегански, 28 отсто ќе бидат вегетаријански, а само 4 отсто ќе бидат со месо или риба во мензите, почнувајќи од октомври. …

Во универзитетските мензи во Берлин нема да се служи месо Read More »

Лекар нападнат во Кавадарци


Вчера во ОВР Кавадарци, лекар од Итна медицинска помош од Кавадарци пријавил дека околу 11 часот, додека бил на работа заедно со неговиот медицински тим и вршеле интервенција на улица „Браќа Џунови“, бил физички нападнат од Џ.Д.(31). За ова попладнево информираше Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена …

Лекар нападнат во Кавадарци Read More »

Расте бројот на новозаразени во Хрватска, денеска 816, а починаа шестмина


  Денеска во Хрватска се забележани 816 новозаразени со корона ворус, од 9.658 тестирани, а пред една недела имаше 596 нови од 9.532 тестирани. Бројот на активни случаи изнесува 4.156. од нив 457 пациенти се лекуваат во болница, а 57 се на респиратор. Истовремено, починаа шест пациенти. Вчера имаше 798 нови случаи на зараза со …

Расте бројот на новозаразени во Хрватска, денеска 816, а починаа шестмина Read More »

Пукал во соселани кои се враќале од погреб, еден полесно повреден


Едно лице е полесно повредено во инцидент што вчера околу пладне се случил во гостиварското село Ѓурѓевиште. Помлад жител на селото со пиштол пукал во група луѓе кои се враќале од погреб. Полицијата трага по него и засега не се знаат мотивите кои го предизвикале инцидентот. Од СВР Тетово информираат дека вчера (2 септември во12 …

Пукал во соселани кои се враќале од погреб, еден полесно повреден Read More »

Владата почнува кампања „Сега сѐ е јавно, корупцијата не се исплати“


 Владата од денеска ја почнува кампањата „Сега сѐ е јавно, корупцијата не се исплати“ која е насочена кон целосно искоренување на оваа појава во општеството. Целта е да се мобилизираат и охрабрат граѓаните и јавната администрација во обезбедувањето на заштитни механизми и отпор против корупцијата. Станува збор за широка комуникациска кампања со цел да се …

Владата почнува кампања „Сега сѐ е јавно, корупцијата не се исплати“ Read More »

Реновираниот Бит-пазар се враќа на скопјани


Денеска се отвори  реконструираниот Бит-пазар, еден од најпосетените пазари во Скопје. Инвестицијата е на АД Скопски пазар, а е од огромно значење за главниот  град. На овој начин се уредува овој простор кој овозможува подобри услови и за пазарџиите и за граѓаните кои секојдневно ги користат нивните услуги. Најголемиот и најсовремен зелен пазар во државата …

Реновираниот Бит-пазар се враќа на скопјани Read More »

„Спејсшип 2“ на „Вирџин галактик“ доби привремена забрана за летови во Вселената


 Американската воздухопловна агенција (ФАА) вчера објави дека вселенското летало „Спејсшип 2“ на „Вирџин галактик“ нема повторно да лета поради истрагата за инцидент на летот во јули, кога милијардерот Ричард Бренсон – основачот на компанијата, мина неколку минути во Вселената, а се врати по друга траекторија неодобрена од контролата на летање. „Вселенското летало нема да може …

„Спејсшип 2“ на „Вирџин галактик“ доби привремена забрана за летови во Вселената Read More »

Осигурениците вложија 81,2 милиони евра во полиси, 15,6 отсто повеќе од лани


Вложувањата во полиси за неживотни осигурувања достигнаа пет милијарди денари или 81,2 милиони евра во првите шест месеци од годинава што е за 15,6 отсто повеќе во споредба со истиот период лани, покажуваат официјалните податоци на Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО).  Најголем раст на вложувањата во осигурување има кај приватното здравствено осигурување и осигурувањето имот. …

Осигурениците вложија 81,2 милиони евра во полиси, 15,6 отсто повеќе од лани Read More »

Почнува изградбата на канализационата мрежа во Камењане


Во рамки на проектот за изградба на канализациони мрежа во Општина Боговиње, денеска министерот Насер Нуредини го означи официјалниот почеток на градежните работи во село Камењане. За реализација на овој проект во двата населени места во Општина Боговиње, од буџетот на Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) се обезбедени околу 266 милиони денари, …

Почнува изградбата на канализационата мрежа во Камењане Read More »

Пронајден кокаин, приведени три лица во Гостивар


 А.Б.(31) од Гостивар и С.Ф.(33) и А.И.(31) од гостиварските села Беловиште и Чегране, синоќа се приведени од полицијата поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психоптропни супстанци и прекурсори“. Претходно, од возило во кое се превезувале, во близина на наплатната станица Гостивар, фрлиле кесе …

Пронајден кокаин, приведени три лица во Гостивар Read More »