Пронајден кокаин, приведени три лица во Гостивар


 А.Б.(31) од Гостивар и С.Ф.(33) и А.И.(31) од гостиварските села Беловиште и Чегране, синоќа се приведени од полицијата поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психоптропни супстанци и прекурсори“.

Претходно, од возило во кое се превезувале, во близина на наплатната станица Гостивар, фрлиле кесе со кокаин, кое било пронајдено. По документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци, соопшти МВР.