Егзекуција во Атина: Албанец убиен додека седел во кафуле


  Полицијата во Грција денеска истражува убиство на 39-годишен маж, кој седел во кафуле во деловниот центар на Атина, во близина на главната железничка станица. Мажот е идентификуван како државјанин на Албанија, а убиен е од истрели од огнено оружје. Бил погоден во главата и во стомакот, а егзекуцијата ја извршил еден убиец, пренесе „Катимерини“. …

Егзекуција во Атина: Албанец убиен додека седел во кафуле Read More »

Османи во Берлин го врачи првиот пасош издаден во амбасада


Шефот на дипломатијата Бујар Османи, работната посета на Берлин, ја искористи за да ја врачи првата издадена патна исправа, изработена врз основа на податоците добиени со новиот современ систем поставен во повеќето амбасади низ дипломатската мрежа на Северна Македонија. – Нема веќе долги рокови, непотребни трошоци и непријатности. Отсега и информациите за патните исправи директно …

Османи во Берлин го врачи првиот пасош издаден во амбасада Read More »

Дејвид Џулиус и Ардем Патапутан добитници на Нобеловата награда за медицина


Овогодишни добитници на Нобеловата награда за физиологија и медицина се Дејвид Џулиус и Ардем Патапутан за нивната работа на рецепторите за температура и допир. Патапутан со помош на ќелиите чувствителни на притисок откри нова класа сензори кои реагираат на механички стимуланси во кожата и во внатрешните органи. Џулиус користел капсаицин, остро соединение од чили пиперките …

Дејвид Џулиус и Ардем Патапутан добитници на Нобеловата награда за медицина Read More »

Од следната недела почнува скринингот на учениците на корона вирус


За да се откријат евентуални асимптоматски носители на корона виорусот во училиштата,  од следната недела ќе се спроведе скрининг, најави министерот за здравство Венко Филипче. Тоа подразбира земање брис кај учениците, а министерот очекува постапката да заврши за десет дена до две недели. Тој не очекува отпор од родителите, туку напротив, се надева дека тие …

Од следната недела почнува скринингот на учениците на корона вирус Read More »

Од 1 декември не смее да има пластични ќеси во Маврово, Пелистер, Шар Планина


Неодамна во Собранието се донесени преостанатите четири закони од областа за управување со отпад – Законот за управување со отпад, Законот за управување со пакување и отпад од пакување, Законот за управување со дополнителни текови на отпад и Законот за проширена одговорност на производителот за управување со посебни текови на отпад. Со претходно донесените Закон …

Од 1 декември не смее да има пластични ќеси во Маврово, Пелистер, Шар Планина Read More »

Заев: Очекувам јасна и чиста порака дека местото на Западен Балкан е во ЕУ


Од самитот ЕУ-Западен Балкан очекувам јасна и чиста порака дека местото на Западен Балкан е во Европската унија и дека за тоа е подготвена Унијата, согласно сите чекори кои треба да ги направи секоја земја соодветно, изјави денеска премиерот Зоран Заев, одговарајќи на новинарски прашање по заедничката прес-конференција со министерот за животна средина Насер Нуредини. …

Заев: Очекувам јасна и чиста порака дека местото на Западен Балкан е во ЕУ Read More »

Заев: Граѓаните кои доаѓаат самоиницијативно на партиските митинзи не држат дистанца


Премиерот Зоран Заев денеска одговарајќи на новинарско прашање колку се почитуваат протоколите за заштита од Ковид-19 на партиските митинзи, упати одговори да се бараат кај надлежните институции. Проблемот, како што рече, е што самоиницијативно доаѓаат граѓани кои не држат соодветно дистанца. – Се гледа распоредот на столчињата како се наместени согласно протоколите, веројатно проблемот е …

Заев: Граѓаните кои доаѓаат самоиницијативно на партиските митинзи не држат дистанца Read More »

(Во живо) Доделување на Нобеловата награда за физиологија или медицина


Mожни лауреати за овогодинешната Нобелова награда за медицина, познавачите ги сметаат Каталин Карико од Унгарија и Дру Вајсман од САД, чии пионерски истражувања доведоа до првите мРНК вакцини. Тие вакцини ги примија повеќе од милијарда луѓе ширум светот во напорите да се сузбие пандемијата од корона вирусот која однесе речеиси 5.000.000 животи. Карико и Вајсман …

(Во живо) Доделување на Нобеловата награда за физиологија или медицина Read More »

Кондовски најавува модернизација и повеќе животни во Зоолошката градина во Битола


Целосно модернизирање, просторно проширување и зголемување на животинскиот фонд на Зоолошката градина во Битола за 20% најави денеска кандидатот за градоначалник на СДСМ и коалиционите партнери Христо Кондовдски. Визијата – најдоброто за нашата Битола во себе го содржи и концептот најдоброто да го добие и една од најуникатните, но и најзапоставените институции во општината, Зоолошката …

Кондовски најавува модернизација и повеќе животни во Зоолошката градина во Битола Read More »

Битиќи: Економијата да се реструктира, поголемо учество на производството со поголема додадена вредност


Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи порачува дека е неопходно македонската економија да се реструктира. Со сегашната структура на економијата, во која две третини од БДП се потпира на приватна потрошувачка, 15 проценти на јавната потрошувачка, а само мал дел на извозот и производство, според Битиќи, ние сме многу ранливи. – Ако сакаме одржливо да …

Битиќи: Економијата да се реструктира, поголемо учество на производството со поголема додадена вредност Read More »

Нуредини порача: Кој загадува, треба да плати


Најавеното зголемување на цената на пластичните кеси кои се во оптек во малопродажбата, според министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини, треба да придонесе во намалување на нивното користење од њедна страна и дополнително, оној кој ќе ги користи за тоа „скапо“ ќе плати. – Фондот за пластичните кеси што ќе се собере, …

Нуредини порача: Кој загадува, треба да плати Read More »

Колашинац и Џигал ја промовираа програмата на БДС во Бутел и Чаир


Бошњачкиот демократски сојуз (БДС) на чело со кандидатот за градоначалник на Град Скопје ја презентира изборната програма пред граѓани во општините Бутел и Чаир. Тој, заедно со кандидатот за градоначалник на Општина Чаир, Елдан Џигал и носителот на листата на советници за Општина Бутел Алмира Мусиќ ветија решенија на повеќе проблеми и, како што рекоа, …

Колашинац и Џигал ја промовираа програмата на БДС во Бутел и Чаир Read More »

Почна изградбата на нова сончева централа кај светиниколското село Горубинци


Почна изградбата на нова сончева централа во светниколското село Горубинци. Компанијата МГИ Енергетика ДОО инвестира околу еден милион евра. Номиналната моќност на инсталираните 2.196 фото-напонски панели од кристален силикон е еден мегават. Градоначалникот на Општина Свети Николе, Сашо Велковски вели дека Општина Свети Николе е посветен партнер на бизнис заедницата вклучувајќи го енергетскиот сектор. Како …

Почна изградбата на нова сончева централа кај светиниколското село Горубинци Read More »

Постепено се отвораат Универзитетите во Грција


Под здравствени протоколи, со задолжителен документ за Ковид-19, како за студентите, така и за професорите, со физичко присуство, по речиси 19 месеци, од денеска постепено се отвораат универзитетите во Грција, јави дописничката на МИА од Атина. Иако за денеска беше закажан официјалниот почеток на академската година, сепак, дел од Универзитетите, од кои два во Солун, …

Постепено се отвораат Универзитетите во Грција Read More »

Нобеловите награди во знак и во сенка на пандемијата


Пионерите на вакцините против Ковид-19, организации за заштита на медиумската слобода, климатски активисти и челниците на белоруската опозиција се некои од фаворитите за овогодинешните Нобелови награди чија сезона почнува денеска. Имињата на добитниците на наградите за медицина, физика, хемија, литература и мир кои пред 120 години ги основа шведскиот пронаоѓач Алфред Нобел, како и подоцна …

Нобеловите награди во знак и во сенка на пандемијата Read More »

Загина Ларс Вилкс, шведскиот цртач познат по карикатурите на Мухамед


  Ларс Вилкс, шведскиот цртач понат по карикатурите на Мухамед кои ги објави во 2007 година, загина во сообраќајна несреќа. Ларс Вилкс наводно бил во возило на цивилната полиција, кое се судрило со камион во близинана градот Макарид на југот на Шведска. Загинаа и двајца полицајци, а возачот на камионот е повреден. Живееше под полициска …

Загина Ларс Вилкс, шведскиот цртач познат по карикатурите на Мухамед Read More »

Полицијата трага по маж заради тројно убиство на студентки на југо-истокот од Русија


Руската полиција почна потера по 30-годишен маж, откако три млади студентки се убиени во градот Гаи, во југо-источниот дел на земјата, јави ДПА. Лицето се смета за осомничено за случајот со тројното убиство, јави денеска полицијата од регионот Оренбург, на повеќе од 1.200 километри југоисточно од Москва. Во соопштението се наведува  дека жртви биле студенти …

Полицијата трага по маж заради тројно убиство на студентки на југо-истокот од Русија Read More »

Албанската Влада демантира дека постои договор за изградба на центар за азиланти


 Албанската Влада ја демантира веста на британски „Сан“ дека ќе се гради центар за азил во Албанија, каде ќе бидат сместувани имигранти кои од Франција се обидуваат преку Ла манш да влезат во Велика Британија. „Веста дека ќе се формира центар за азил во име на трети страни е апсолутно невистинита. Ги отворивме вратите за …

Албанската Влада демантира дека постои договор за изградба на центар за азиланти Read More »