Нови 1.510 случаи со корона вирусот во Србија, починаа 11 лица


Корона вирусот во последните 24 часа е потврден кај 1.510 лица, а истовремено како последица од оваа болест починале 11 пациенти. Тестирани се 11.521 лица. На респиратор се приклучени 30 пациенти. Од почетокот на пандемијата тестирани се 4.895.234,позитивни биле 741.071 а починале 7.206 лица.

Топ Чанел: Албанија на Авганистанците ќе им понуди политички азил


На сите Авганистанци кои ќе дојдат во Албанија ќе им биде понудена можност да поднесат барање за политички азил, откако веднаш по пристигнувањето ќе им биде дадена дозвола за престој, пренесува Топ Чанел. -Ова е за да се исполнат законските прописи што се во сила во албанската држава, со кои се бара апликација за дозвола …

Топ Чанел: Албанија на Авганистанците ќе им понуди политички азил Read More »

„Стандард и Пурс“ го потврди кредитниот рејтинг ББ- на Северна Македонија


Кредитната агенција „Стандард и Пурс“ го потврди кредитниот рејтинг ББ-, со стабилен изглед за Република Северна Македонија. -Потврдата на кредитниот рејтинг од страна на кредитната агенција е само уште една потврда за позитивните економски политики коишто ги спроведува Владата, објави на својата Фејсбук страница Министерството за финансии. 

ПЦР тестирање и вакцини, без карантин, за бегалците од Авганистан


Разработен е протокол и препораки, кои предвидуваат ПЦР тестирање и здравствена помош, доколку е потребна за групата авганистански граѓани кои треба да пристигнат во земјава, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче. Карантин за овие лица нема да има, рече Филипче, бидејќи се предвидува ПЦР тестирање и проверка дали се вакцинирани. – Ние не знаеме …

ПЦР тестирање и вакцини, без карантин, за бегалците од Авганистан Read More »

НАТО планира прифатни кампови за Авганистанците кои работеле за Алијансата


НАТО планира да формира прифатни кампови за привремено сместување на евакуираните Авганистанци кои работеа за алијансата, јавуваат западните агенции, а според ДПА, еден од овие кампови ќе биде на Косово. -Разговараме за различни места за привремено сместување на Авганистанците, рече вчера  генералниот секретар Јенс Столтенберг, по вонртедниот онлајн состанок со шефовите на дипломатиите на земјите …

НАТО планира прифатни кампови за Авганистанците кои работеле за Алијансата Read More »

Братот на Ашраф Гани им се приклучи на талибанците


 Хашмат Гани Ахмадџај, братот на пребеганиот авганистански претседател, Ашраф Гани, му се приклучи на радикалното талибанско движење, се наведува  во пораката објавена на Твитер на страницата на Исламскиот емират на Авганистан. „Хашмат Гани, братот на поранешниот претседател Ашраф Гани, се приклучи на Исламскиот емират на Авганистан со помош на внукот на лидерот на мрежата Хакани, …

Братот на Ашраф Гани им се приклучи на талибанците Read More »

Следната недела повторно се отвора „Борис Трајковски“ за вакцинација


Во текот на следната недела повторно ќе се врши вакцинација во салата „Борис Трајковски“ во Скопје. – Имајќи го предвид притисокот, во среда или најдоцна во четврток неделава повторно ќе се отвори салата „Борис Трајковски“ зашто дел од вработените во Здравствен дом коишто беа на годишни одмори ги прекинаа и порано за да дојдат и …

Следната недела повторно се отвора „Борис Трајковски“ за вакцинација Read More »

Предупредување до граѓаните за екстремна опасност од пожари во грчката област Атика и островот Евија


 Жителите на областа Атика, поширокиот регион Атина и на островот Евија добија порака од Секретаријатот за цивилна заштита на Грција со предупредување за екстремна опасност од пожари во текот на утрешниот ден, јави дописничката на МИА од Атина. Преку пораката, се бара од граѓаните да бидат внимателни, да избегнуваат активности што може да предизвикаат пожар …

Предупредување до граѓаните за екстремна опасност од пожари во грчката област Атика и островот Евија Read More »

(ФОТО) Сообраќајка во Лисиче во која учествувало амбулантно возило


Сообраќајна незгода поладнево се случи во скопската населба Горно Лисиче, при што повредена е девојка. Во незгодата учествувале амбулантно возило на „Никоб“ и автомобил марка „Пунто“. Некои медиуми, неофицијално јавуваат дека во сообраќајката е повредена девојката која го возела „пунтото“, а од фотографиите може да се забележи дека двете возила се оштетени.

(Видео) Солзавец, пробивање на полицискиот кордон, апсења на демонстрациите во Австралија


Австралиската полиција уапси стотици демонстранти кои протестираа против новите „затворања“ во Мелбурн и Сиднеј, а во судирите се повредени седум полицајци. Полицијата на коњи употреби бибер спреј во Мелбурн за да растера толпа од околу 4.000 луѓе кои се втурнаа кон кордонот, додека во Сиднеј помалите групи беа спречени да се спојат. JUST 🚨 Chaotic …

(Видео) Солзавец, пробивање на полицискиот кордон, апсења на демонстрациите во Австралија Read More »

Дури 80 отсто од прележаните од Ковид-19 и по една година имаат антитела


Антителата кои се развиле се покажале како добра заштита против алфа варијанта (британски сој) и делта, која во моментот е доминантна и која брзо се шири во светот потиснувајќи ги другите варијанти во многи земји. Дури 80 отсто од луѓето кои прележале Ковид-19 пред една година и понатаму имаат антитела за корона вирусот, покажа новата …

Дури 80 отсто од прележаните од Ковид-19 и по една година имаат антитела Read More »

Столтенберг го истакна придонесот на Турција за безбедноста на аеродромот во Кабул


Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг им се заблагодари на Турција, САД и Велика Британија за нивната улога во обезбедувањето на безбедноста на меѓународниот аеродром во главниот град на Авганистан, Кабул. – Особено би сакал да им се заблагодарам на Турција, САД и Велика Британија за нивната клучна улога во обезбедувањето на безбедноста на аеродромот …

Столтенберг го истакна придонесот на Турција за безбедноста на аеродромот во Кабул Read More »

Џенерал моторс повлекува повеќе од 73.000 електрични возила од пазарот


 Американскиот автомобилски гигант „Џенерал Моторс“ на својата веб -страница објави дека повлекува повеќе од 73.000 електрични автомобили „Шевролет Болт“ од пазарот. „Џенерал Моторс доброволно го проширува повлекувањето на електричните возила Шевролет Болт произведени во 2019 година и сите возила 2020-2022 година, вклучувајќи го и моделот Болт ЕУВ (електричен СУВ). Во ретки случаи, батериите за овие …

Џенерал моторс повлекува повеќе од 73.000 електрични возила од пазарот Read More »

Две лица тешко повредени во сообраќајка на патот кон велешко езеро


Во сообраќајка пријавена од СВР Велес која се случила доцна синоќа на патот Башино Село – Отовица, автомобил се превртел движејќи се кон езеро ,,Младост”, при што тешко се повредени две женски лица, информира за МИА д-р Василка Пановска ПопСтефанова од службата за ИМБ при ЈЗУ Здравствен Дом. -Едното лице е со повреди на двата …

Две лица тешко повредени во сообраќајка на патот кон велешко езеро Read More »

Германија ја прогласи Македонија за земја со висок ризик на инфекција


Германија повторно ја класифицираше Македонија како подрачје од висок ризик поради зголемениот број заразени со корона вирус, поради што од 22 август ќе важат нови правила за влез во земјата. Според објавата, сите патници од земјава мора да се регистрираат на порталот за влез на Сојузна Република Германија и да ја носат со себе потврдата …

Германија ја прогласи Македонија за земја со висок ризик на инфекција Read More »

МВР со демант за бркотницата на Водно


Министерството за внатрешни работи најостро ги демантира и осудува шпекулациите изнесени најпрво на неколку портали, а во текот на денешниот ден и на прес-конференција на опозициската ВМРО-ДПМНЕ во која се зборува за наводен скандал со наратив полн со шпекулации, без никакви факти и аргументи, што го покажува и нивниот мотив организирано да нанесат штета на …

МВР со демант за бркотницата на Водно Read More »

Изгоре барака во Пржино, повреден сопственикот


По брза интервенција на Противпожарната бригада на Град Скопје во Пржино попладнево спречено е ширење на пожар во кој изгоре барака. Повреден е соственикот кој се обидел да го гаси огнот. Од Противпожарната бригада на Град Скопје за МИА информираат дека интервенирале со шест возила и 18 пожарникари и оти пожарот веднаш бил изгасен со …

Изгоре барака во Пржино, повреден сопственикот Read More »

Триесетина наши граѓани од Авганистан се очекува да пристигнат вечер во Скопје


Триесетина наши граѓани, кои беа сместени во воената база на САД во Доха, Катар, успешно се трансферирани во Истанбул, Турција, од каде се очекува да се упатат кон Скопје, информираат од Министерството за надворешни работи. Авионот со којшто е предвидено да пристигнат, се очекува да слета во 19:50 часот, по локално време на Меѓународниот аеродром …

Триесетина наши граѓани од Авганистан се очекува да пристигнат вечер во Скопје Read More »

Македонија ќе прими 650 Авганистанци


Владата до овој момент презеде обврска за прифаќање на околу 650 граѓани, локално население од Авганистан и тоа вработени и жени и деца од семејства на вработени во хуманитарните, демократски и миротворни меѓународни мисии, активисти од организациите за човекови права, новинари, преведувачи, студенти, стипендисти, како и граѓани кои изминатите 20 години беа поддршка на НАТО …

Македонија ќе прими 650 Авганистанци Read More »