Протест на поранешни вработени во „Еурокомпозит“, бараат исплата на придонесите за 6,5 години
Поранешни вработени во прилепската наменска фабрика „Еурокомпозит“ денеска пред локалната самоуправа протестираа и бараа решавање на нивните проблеми кои, како што велат, со години се одложуваат. Меѓу барањата се исплата на придонесите за 6,5 години во вкупна висина од 2,5 до 3 милиона евра, иако за тоа, потенцираа, Парламентот има донесено Закон, а Владата Одлука. …