Баварскиот премиер, Маркус Зедер, предлага намалување на покраините во Германија од сегашните 16 на 10
Премиерот на Баварија и лидер на Христијанско-социјалната унија (ЦСУ) Маркус Зедер предложи намалување на бројот на германски покраини од 16 на 10, со аргумент дека тоа ќе ја направи државата поефикасна. Зедер е убеден дека малите и економски слаби покраини придонесуваат за неефикасноста на државата и дека таа би станала поефикасна со нивно спојување, објави …