Нов Зеланд се отвора за странци на 30 април


Границите на Нов Зеланд ќе продолжат да бидат затворени за повеќето луѓе во следните пет месеци, соопшти денеска Владата објавувајќи ја внимателната стратегија за олеснување на ограничувањата за патување што се во сила од март 2020 година. Земјата спроведува едни од најстрогите ограничувања поради Ковид-19 меѓу земјите на ОЕЦД. За тоа придонесе и географската изолација, па на Нов …

Нов Зеланд се отвора за странци на 30 април Read More »

Човек во САД невин поминал 43 години во затвор – сега е пуштен


Афроамериканец на возраст од шеесетина години пуштен е на слобода во вторникот по одлука на судот во Мисури, откако поради судска грешка 43 години поминал во затвор. Кевин Стрикланд (62) во 1979 година порота составена само од белци го осудила на доживотен затвор за тројно убиство, иако тој негирал. „Никакви материјални докази не го поврзувале …

Човек во САД невин поминал 43 години во затвор – сега е пуштен Read More »

ИЈЗ: Минатата недела за 8,9 отсто помалку заразени од Ковид-19


Намалување од 8,9 отсто на бројот на новозаразени од Ковид-19 минатата седмица во споредба со претходната, бележи Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) во неделниот извештај за состојбата со коронавирусот во земјава. Од 15 до 21 ноември од Ковид-19 заболеле 2.929 лица, што е за 288 помалку од периодот меѓу 8 и 14 ноември. Минатата недела …

ИЈЗ: Минатата недела за 8,9 отсто помалку заразени од Ковид-19 Read More »

И во Косово утре прогласен ден на жалост поради загинатите граѓани на Северна Македонија во автобуската несреќа


Косовската претседателка Вјоса Османи денеска донесе одлука 24 ноември да го прогласи за ден на жалост во знак на почит кон граѓаните на Северна Македонија кои загинаа во автобуската несреќа во Бугарија, главно македонски Албанци. Најмалку 45 лица загинаа во тешка сообраќајна несреќа кај селото Боснек, југозападно од Софија. Меѓу жртвите има и 12 деца. …

И во Косово утре прогласен ден на жалост поради загинатите граѓани на Северна Македонија во автобуската несреќа Read More »

Остранет од автопатот „Струма“ автобусот во којшто загинаа 45 патници


Запалениот македонски автобус во кој загинаа 45 патници, а седум се повредени вечерва под силно полициско обезбедување беше отстранет од автопатот „Струма“. Автопатот е пуштен за сообраќај на 32-иот километар каде што се случи големата автобуска несреќа и тоа во насока кон Софија, информира вечерва Бугарската национална телевизија (БНТ). Движењето кон Дупница останува затворено и …

Остранет од автопатот „Струма“ автобусот во којшто загинаа 45 патници Read More »

Путин со сочувство до Пендаровски поради загинувањето на македонските граѓани во Бугарија


 Рускиот претседател Владимир Путин му изрази сочувство на претседателот на Северна Македонија, Стево Пендаровски по тешката сообраќајна несреќа во Бугарија во која загинаа најмалку 45 луѓе, вклучувајќи и 12 деца, јави денеска агенцијата Тасс. – Примите длабоко сочувство поради загинувањето на граѓани на вашата земја, вклучително мали и поголеми деца, во сообраќајната несреќа која се …

Путин со сочувство до Пендаровски поради загинувањето на македонските граѓани во Бугарија Read More »

Еден ранет и еден со расекотини по пукање во возило во Скопје


 Едно лице се здоби со повреди на десната нога, а друго со  расекотини по лицето, откако попладнево на паркинг во Скопје било пукано во колата во која се наоѓале, информираа за МИА од  Министерството за внатрешни работи. -Според првичните информации денеска околу 16.40 пријавено е дека на паркингот на ОУ „Живко Брајковски“ на улица „Хо …

Еден ранет и еден со расекотини по пукање во возило во Скопје Read More »

„Епл“ тужи израелски производител на шпионски софтвер


Американската корпорација „Епл“ денеска поднесе тужба против производителот на шпионски софтвер НСО поради таргетирање на корисниците на неговите уреди, оценувајќи дека израелската компанија, која е во центарот на скандалот Пегасус, треба да одговара. Тужбата на „Епл“ додава нови проблеми за НСО, која е вмешана во контроверзии поради извештаите дека десетици илјади активисти, новинари и политичари …

„Епл“ тужи израелски производител на шпионски софтвер Read More »

Руска фирма прави нов робот – дава 200.000 долари за вашето лице


Компанијата „Промобот“ нуди 200.000 долари на луѓето за нивното лице и глас. Компанијата која актерот Арнолд Шварценегер ја тужеше за 10 милиони долари затоа што направила робот кој се вика Робот-Це и изгледа исто како него, сега покрена нова работа. Сакаат да направат робот кој ќе го продадат и кој ќе работи во хотели како …

Руска фирма прави нов робот – дава 200.000 долари за вашето лице Read More »

(Видео) Ракометарите на Еурофарм Пелистер ја победија Татабања


Ракометарите на Еурофарм Пелистер и унгарска Татабања вечерашниот натпревар го почнаа со минута молк и почит за трагично загинатите македонски граѓани во сообраќајната несреќа што се случи во Бугарија. Спортската јавност во Битола потоа ја поздрави втората убедлива победа на РК Еурофарм Пелистер над Татабања со резултат 33:20. Домашниот тим доминираше во текот на целиот …

(Видео) Ракометарите на Еурофарм Пелистер ја победија Татабања Read More »

Ганиу: Официјално 16 жртви од сообраќајната несреќа во Бугарија се од Чаир, но бројката е поголема


 Градоначалникот на Општина Чаир, Висар Ганиу изјави дека бројот на жртвите од сообраќајната трагедија во Бугарија од оваа општина официјално е 16, но дека, според него, има повеќе жртви кои живееле во Чаир, но имаат адреси во други општини. – Бев во контакт со роднините кои беа погодени од оваа трагедија. Тука сум да покажам …

Ганиу: Официјално 16 жртви од сообраќајната несреќа во Бугарија се од Чаир, но бројката е поголема Read More »

Ќе ѝ се одземе лиценцата на „Беса транс“


Министерството за транспорт почна постапка за одземање на лиценцата за работа на превозникот „Беса Транс“ по сообраќајката на нивниот автобус во Бугарија во кој загинаа 45 патници бидејќи од досега добиените сознанија превозникот вршел меѓународен превоз без извод од лиценца за конкретното возило, информираше вечерва на прес-конференција ресорниот министер Благој Бочварски. -Опожареното возило не било …

Ќе ѝ се одземе лиценцата на „Беса транс“ Read More »

Двајца мртви, 16 повредени во експлозија во фабрика во Србија


Двајца работници загинале, а 16 се повредени во експлозија во фабриката „ЕдеПро“, која произведува противградни ракети во близина на предградието Бубањ Поток. Како што јави јавниот сервис РТС, нешто по 14 часот се слушнале посилни и неколку послаби експлозии. Експлозиите се случиле во складиште за ракетно гориво од 260 метри квадратни, во кое имало 500 …

Двајца мртви, 16 повредени во експлозија во фабрика во Србија Read More »

Радев: Бугарија прави сè што е возможно за откривање на причините за трагедијата на автопатот „Струма“


Искажувам најискрено сочувство до блиските на загинатите во несреќата на автопатот „Струма“ и во домот за стари лица во селото Ројак во североисточна Бугарија, изјави претседателот на Бугарија Румен Радев, јави дописникот на МИА во Софија. -Заедно сме со нашите браќа од Република Северна Македонија, заедно тагуваме со нив за трагедијата. Бугарската држава прави се …

Радев: Бугарија прави сè што е возможно за откривање на причините за трагедијата на автопатот „Струма“ Read More »

За Македонија 1,14 милиони евра од Програмата Креативна Европа


Владата денеска го разгледа и усвои Извештајот за завршени преговори и за склучување на Договорот помеѓу Република Северна Македонија и Европската Унија за учество на Северна Македонија во Креативна Европа (2021- 2027) и определи амбасадорката на Постојаната мисија на Република Северна Македонија при Европската Унија во Брисел, Агнеза Руси – Поповска да го потпише Договорот. …

За Македонија 1,14 милиони евра од Програмата Креативна Европа Read More »

Донесена одлука за изградба на соларен парк од 350 мегавати


На денешната седница Владата донесе Одлука за утврдување на статус на стратешки инвестиционен проект на Друштво за производство на електрична енергија „Остро солар“ – Скопје. Станува збор за инвестиција за изградба на „Соларен парк Стипион“ вредна 270 милиони евра, кој преку оваа компанија ќе го реализира „Акуо Енерџи Сас Париз“ (Akuo Energy Sas Paris) од …

Донесена одлука за изградба на соларен парк од 350 мегавати Read More »

Исплатата на пензиите ќе се врши од петок 26 ноември


 Владата на денешната седница ја разгледа и усвои Информацијата за исплата на пензии заноември 2021 година и го задолжи Фондот за пензиско и инвалидско осигурување да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 25 ноември, врз основа на што деловните банки ќе можат да обезбедат пензионерите да може да располагаат со ноемвриските …

Исплатата на пензиите ќе се врши од петок 26 ноември Read More »

Бугарски стручњаци објаснуваат: Знакот е превисоко и погрешно поставен?


Според зборовите на бугарски стручњаци, еден од знаците на патот каде се случи автобуската несрежа во која загинаа 46 македонски државјани, е погрешно и превисоко поставен, па можеби и тоа е причина за несреќата. Оваа автобуска несреќа е една од најтешките во Европа во последните десет години. Дијана Русинова од Европскиот центар за транспортна политика …

Бугарски стручњаци објаснуваат: Знакот е превисоко и погрешно поставен? Read More »

Црвениот крст организира донации за поддршка на семејствата на настраданите


 Црвениот крст на Република Северна Македонија со сите свои расположливи капацитети, во соработка со државните институции ќе даде придонес во обезбедување на потребната поддршка за семејствата на настраданите граѓани во стравичната автобуска несреќа која се случи во Бугарија. – Од името на Црвениот крст на Република Северна Македонија уште еднаш сакаме да изразиме длабоко сочувство …

Црвениот крст организира донации за поддршка на семејствата на настраданите Read More »

Сарафов: Резултатите од ДНК анализата се очекува да бидат готови за неколку дена


За неколку дена се очекува да бидат готови резултатите од ДНК анализата, за со сигурност да се идентификуваат жртвите од несреќата на автопатот „Струма“ во Бугарија, изјави директорот на бугарската Национална истражна служба Борислав Сарафов, нагласувајќи дека заедно со македонските колеги го прецизирале начинот на кој ќе се работи истрагата за несреќата. На местото на …

Сарафов: Резултатите од ДНК анализата се очекува да бидат готови за неколку дена Read More »