Ганиу: Официјално 16 жртви од сообраќајната несреќа во Бугарија се од Чаир, но бројката е поголема


 Градоначалникот на Општина Чаир, Висар Ганиу изјави дека бројот на жртвите од сообраќајната трагедија во Бугарија од оваа општина официјално е 16, но дека, според него, има повеќе жртви кои живееле во Чаир, но имаат адреси во други општини.

– Бев во контакт со роднините кои беа погодени од оваа трагедија. Тука сум да покажам дека Општина Чаир е отворена во секое време и за секаква помош, рече Ганиу за ТВ21.

Тој потенцира дека за утре во 10 часот општината закажала седница во врска со трагичната несреќа во Бугарија, на која ќе се дискутира за правните начини за да се помогнат на настраданите семејства.

– Со документи ги идентификувавме, значи дека се со адреса во пасошот во Чаир се 16. Но, бројката е поголема затоа што имаме сограѓани кои живеат во Чаир, но адресите ги имаат во Општина Гази Баба, Студеничани и други општини, рече Ганиу.