Путин со сочувство до Пендаровски поради загинувањето на македонските граѓани во Бугарија


 Рускиот претседател Владимир Путин му изрази сочувство на претседателот на Северна Македонија, Стево Пендаровски по тешката сообраќајна несреќа во Бугарија во која загинаа најмалку 45 луѓе, вклучувајќи и 12 деца, јави денеска агенцијата Тасс.

– Примите длабоко сочувство поради загинувањето на граѓани на вашата земја, вклучително мали и поголеми деца, во сообраќајната несреќа која се случи во Бугарија, се наведува во телеграмата објавена денеска на сајтот на Кремљ.

Агенцијата објави и дека Путин, исто така, го замолил Пендаровски да пренесе зборови на искрено сочувство и поддршка до роднините и блиските на загинатите, истовремено посакувајќи поскоро закрепнување на сите повредени патници.